ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb18 Јуни стр. 7
  • Избегни ги замките на социјалните мрежи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Избегни ги замките на социјалните мрежи
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Сличен материјал
  • Кои се твоите онлајн пријатели?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Зошто се толку популарни?
    Разбудете се! 2012
  • Четири прашања во врска со социјалните мрежи
    Разбудете се! 2012
  • Како социјалните мрежи влијаат врз мене?
    Младите прашуваат
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
mwb18 Јуни стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Избегни ги замките на социјалните мрежи

Исус одбива да ги претвори камењата во лебови

ЗОШТО Е ВАЖНО: Социјалните мрежи можат да бидат корисни или штетни. Некои христијани решиле воопшто да не користат социјални мрежи. Други христијани, пак, преку нив контактираат со семејството и пријателите. Но, Сатана сака да ги користиме социјалните мрежи на немудар начин кој може да ги наруши нашиот углед и нашето пријателство со Јехова. Исто како Исус, со помош на начелата од Божјата Реч можеме да ги увидиме опасностите и да ги избегнеме (Лк 4:4, 8, 12).

ЗАМКИ ОД КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВАМЕ:

  • Трошење премногу време на социјалните мрежи. Ако трошиме премногу време на социјалните мрежи, нема да имаме доволно време за духовните активности.

    Библиски начела: Еф 5:15, 16; Фп 1:10

  • Гледање сомнителни содржини. Ако гледаме провокативни слики, можеме да станеме зависници од порнографија или да направиме неморал. Читањето интернет-страници или форуми со отпаднички содржини може да ни ја разниша верата.

    Библиски начела: Мт 5:28; Фп 4:8

  • Ставање непристојни коментари или слики. Бидејќи срцето е измамливо, постои опасност да почнеме да ставаме непристојни коментари и слики на социјалните мрежи. Но, на тој начин можеме да нарушиме нечиј углед или да спрепнеме некого во духовен поглед.

    Библиски начела: Ри 14:13; Еф 4:29

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМОЈ ДА СЕ ЗАПЛЕТКАШ ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, А ПОТОА РАЗМИСЛИ КАКО МОЖЕШ ДА ГИ ИЗБЕГНЕШ СЛЕДНИВЕ СИТУАЦИИ:

Еден крадец кој користи социјални мрежи знае дека куќата е празна бидејќи луѓето што живеат во неа се на одмор
Еден работодавач гледа непристојна слика на социјална мрежа од девојка која е на интервју
Девојка е изложена на погрден говор на социјална мрежа
Едно момче не може да се разбуди наутро бидејќи до доцна навечер било на социјални мрежи
    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели