ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb22 Март стр. 9
  • Кои се твоите онлајн пријатели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои се твоите онлајн пријатели?
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
  • Сличен материјал
  • Пријатели преку Интернет — да или не?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Избегни ги замките на социјалните мрежи
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Што треба да знам за социјалните мрежи? — дел 2
    Разбудете се! 2011
  • Децата и Интернетот — што треба да знаат родителите?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2022)
mwb22 Март стр. 9

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Кои се твоите онлајн пријатели?

Се вели дека пријател е „некој кој е приврзан кон друг од љубов или почит“. На пример, Јонатан и Давид станале блиски пријатели откако Давид го убил Голијат (1Са 18:1). Тие се зближиле еден со друг затоа што и двајцата забележале убави особини кај другиот. Од тоа гледаме дека, за да бидеме пријатели со некого, треба добро да го запознаеме — за што обично е потребно време и труд. Но, на социјалните мрежи луѓето стануваат „пријатели“ само со еден клик на глувчето. Бидејќи на интернет луѓето можат внимателно да испланираат што ќе кажат и имаат влијание врз тоа како другите гледаат на нив, лесно е да скријат какви се навистина. Затоа, добро е однапред да одлучиш какви луѓе ќе прифатиш за свои пријатели. Ако некој што не го познаваш доволно ти испрати барање за пријателство, немој да се плашиш да го игнорираш или да го одбиеш неговото барање само за да не го повредиш. Размислувајќи за можните опасности, некои одлучиле воопшто да не користат социјални мрежи. Сепак, доколку одлучиш да користиш, што треба да имаш на ум?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМОЈ ДА СЕ ЗАПЛЕТКАШ ВО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Немој да се заплеткаш во социјалните мрежи“. Едно девојче гледа шокирано во своите слики кои се прикажани на телевизија.

    За што треба да размислиш пред да напишеш коментар или да објавиш слика?

  • Сцена од видеоклипот „Немој да се заплеткаш во социјалните мрежи“. Двајца грубијани му покажуваат на едно момче нешто од социјалните мрежи, а тоа си ги покрива очите.

    Зошто треба внимателно да ги бираш твоите онлајн пријатели?

  • Сцена од видеоклипот „Немој да се заплеткаш во социјалните мрежи“. Едно момче спие со главата врз лаптопот откако цела ноќ го користело.

    Зошто треба да го ограничиш времето што го поминуваш на социјалните мрежи? (Еф 5:15, 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели