ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Поминувај време со оние што го сакаат Јехова
Зошто треба да поминуваме време со оние што го сакаат Јехова? Бидејќи луѓето со кои се дружиме можат да влијаат врз нас или позитивно или негативно (Из 13:20). На пример, цар Јоас го правел „она што е исправно во Јеховини очи“ сѐ додека поминувал време со првосвештеникот Јодај (2Ле 24:2). По смртта на Јодај, Јоас го оставил Јехова затоа што бил под влијание на лошо друштво (2Ле 24:17-19).
Во првиот век од н.е., апостол Павле го споредил христијанското собрание со една „голема куќа“, а членовите на собранието со „садови“. Ќе бидеме садови за „благородна употреба“ ако внимаваме да не станеме блиски со оние што прават работи што Јехова не ги одобрува, па дури и да станува збор за некој од нашето семејство или собрание (2Ти 2:20, 21). Затоа, да продолжиме да се дружиме со оние што го сакаат Јехова и што нѐ охрабруваат да му служиме.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ДА СЕ ЧУВАМЕ ОД ЛОШО ДРУШТВО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Во кои ситуации би можеле да се изложиме на лошо друштво?
Што им помогна на двајцата браќа и на сестрата да се тргнат од лошото друштво?
Кои библиски начела можат да ти помогнат мудро да избереш со кого да се дружиш?
Дали сум „сад за благородна употреба“? (2Ти 2:21)