ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb19 Август стр. 8
  • Добри дела кои Јехова нема никогаш да ги заборави

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добри дела кои Јехова нема никогаш да ги заборави
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Сличен материјал
  • Дали ова е можеби најдобрата кариера за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Можеш ли да се ставиш на располагање?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Да се гледа со ценење на ‚домот Божји‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Отворена покана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
mwb19 Август стр. 8
Една сестра работи во кујна во Бетел

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Добри дела кои Јехова нема никогаш да ги заборави

Секој Божји слуга може да прави работи за Јехова кои тој нема никогаш да ги заборави. Исто како еден родител кој ги сака своите деца и не ги заборава убавите работи што тие ги постигнале, така и Јехова нема да го заборави нашето дело и љубовта што ја покажуваме кон неговото име (Мт 6:20; Ев 6:10). Се разбира, сите ние имаме различни способности и околности. Сепак, ако правиме сѐ што можеме во службата за Јехова, ќе бидеме радосни (Га 6:4; Кол 3:23). Низ годините, илјадници наши браќа и сестри служеле во Бетел. Дали и ти би можел да служиш во Бетел? Ако твоите околности не ти го дозволуваат тоа, можеш ли да охрабриш некој друг да се стави на располагање за бетелска служба? Дали можеш да помогнеш некому што веќе служи во Бетел да продолжи со таа посебна служба?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЌЕ СЕ СТАВИШ ЛИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ЗА БЕТЕЛСКА СЛУЖБА?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Од кој мотив треба да сакаме да служиме во Бетел?

  • Што рекле некои браќа и сестри за тоа какви благослови им донела бетелската служба?

  • Кои се условите за бетелска служба?

  • Како можеш да поднесеш молба за Бетел?

Тројца бетелци работат заедно на еден проект на компјутер; еден брат пакува литература во кутии; еден брат работи како столар во Бетел

Услови за бетелска служба

  • Силна љубов кон Јехова и кон неговата организација

  • Високи морални вредности и чиста совест пред Јехова

  • Облека и изглед кои доликуваат на еден христијанин

  • Избор на забава која е соодветна за христијани

  • Обично на возраст помеѓу 19 и 35 години

  • Добро психичко, емоционално и физичко здравје

  • Да знаеш добро да читаш, да пишуваш и да зборуваш на официјалниот јазик на подрачјето на подружницата

  • Да бидеш спремен да служиш најмалку една година

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели