ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Посебна акција во ноември со која ќе се објавува Божјето Царство
Исус ја објавувал „добрата вест за Божјето царство“ (Лк 4:43). Исто така, тој ги поучувал луѓето да се молат за тоа Царство (Мт 6:9, 10). Во ноември, ќе вложиме посебни напори да го објавуваме Божјето Царство (Мт 24:14). Направи си распоред за колку што е можно повеќе да учествуваш во оваа акција. Оние што ќе служат како помошни пионери тој месец ќе можат да изберат дали ќе поминат 30 или 50 часа во службата.
Труди се да споделиш еден стих за Божјето Царство со што е можно повеќе луѓе на твоето подрачје. Кога избираш стих, земи предвид на која религија ѝ припаѓаат оние на кои им сведочиш. Ако некој покаже интерес при првиот разговор, понуди му примерок од Стражарска кула бр. 2, 2020. Потоа, колку што е можно побрзо направи повторна посета и обиди се да започнеш библиски курс со некоја од главните публикации за служба. Многу скоро Божјето Царство ќе ги уништи сите влади кои му се противат (Да 2:44; 1Ко 15:24, 25). Затоа, да ја искористиме оваа можност за да покажеме дека верно го поддржуваме Јехова и неговото Царство!
Под власта на Божјето Царство, Земјата ќе стане рај