Нашироко дистрибуирај ја Веста за Царството бр. 35
1 Октомври и ноември ќе бидат исполнети месеци за сите нас. Во текот на првите 11 дена од октомври ќе нудиме поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Потоа, од недела 12 октомври до недела 16 ноември, ќе се придружиме во дистрибуцијата на Веста за Царството бр. 35 ширум светот. Ќе имаме предност да однесеме една важна порака до сите луѓе во нашето место. Таа е одговор на прашањето: „Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?“ За време на оваа специјална кампања, Веста за Царството бр. 35 ќе ја дистрибуираме во делничните денови. За време на викендите, освен што ќе ја презентираме Веста за Царството, ќе ги истакнуваме и тековните изданија на списанијата.
2 Кој може да има удел? Како и обично, старешините ќе бидат во првите редови во делото. Секој се радува на дистрибуцијата на Веста за Царството и, без сомнение, голем број објавители ќе се пријават како помошни пионери во текот на едниот или двата месеца од кампањата. Други објавители ќе сакаат да поминат повеќе од вообичаеното време во службата.
3 Дали имаш библиски студент кој поминал приличен дел од својата студија на книгата Спознание и кој наскоро ќе се квалификува да учествува во службата на теренот? Можеби би можел навреме да стане некрстен објавител за да учествува во кампањата со Веста за Царството. Една едноставна презентација е сѐ што е потребно за да се воведе трактатот. На пример, некој би можел да каже: „Оваа порака е толку важна што овој месец се дистрибуира ширум светот на 169 јазици. Јас би сакал да имате Ваш личен примерок“. Дури и малите деца можат да имаат добар удел во ова возбудливо дело.
4 Водителите на студија на книга треба да го охрабрат секој член од нивната група да има целосен удел во дистрибуцијата на Веста за Царството бр. 35. Можеби има и објавители кои станале неактивни, но кои повторно би биле активни во службата доколку го добијат потребното охрабрување. Пред кампањата, старешините треба да го посетат секого од нив за да видат што може да се стори за да им се помогне да ги придружуваат искусните објавители во ова обележје од службата.
5 Кога можеме да се состанеме за служба? Сета оваа активност ќе бара подготовки за групно сведочење, кои се и погодни и практични. Онаму каде што е можно, состаноци за служба треба да бидат организирани во секој делничен ден, за време на викендите и навечер. Тие треба да се одржуваат во термини кои ќе им овозможат на објавителите и на пионерите целосно да го искористат периодот на сведочење. Исто така, може да бидат направени подготовки за да се состанат доцна попладне во корист на школските студенти, сменските работници и другите. Надгледникот за служба треба да се осигура да има на располагање доволно подрачја од куќа до куќа и деловни подрачја за да може секој целосно да учествува во делото. Онаму каде што на едно место има многу објавители, тие треба да бидат дискретни во врска со тоа колкумина од нив работат во дадениот дел од подрачјето.
6 Што е со оние кои не се дома? Ние сакаме лично да зборуваме со колку што е можно повеќе станари за да им објасниме зошто треба да ја читаат Веста за Царството бр. 35. Така, ако при твојата посета нема никој дома, запиши ја адресата и повторно дојди во друго време од денот. Ако до последната седмица од кампањата твоите напори да стапиш во контакт со тие станари сѐ уште не се успешни, можеш на вратата да оставиш примерок од Веста за Царството, и тоа на место каде нема да го видат минувачите. Во станбени подрачја биди подготвен да им ја понудиш Веста за Царството на поединци кои можеби поминуваат по улицата. Кога работиш во рурални подрачја и таму каде што има повеќе подрачје отколку што може да се обработи за време на кампањата, на оние кои не се дома може да им се остави по еден примерок од Веста за Царството при првата посета.
7 Која е нашата цел? Собранијата треба да настојуваат да ја користат целата своја залиха од Веста за Царството за да го обработат целото свое подрачје пред да заврши кампањата на 16 ноември. Доколку доделбата на вашето собраниско подрачје е прилично голема и доколку е безбедно да се работи сам по сам наместо со партнер, можеби ќе увидите дека е практично да го правите тоа. Тоа ќе ви овозможи со добрата вест да достигнете колку што е можно повеќе достојни (Мат. 10:11). Можеби ќе биде корисно неколку трактати да се носат в рака и Библија в џеб или во портмоне, наместо да се користи актовка. Погрижете се да водите добри забелешки за тоа каде е најден интерес.
8 Дали си спремен да почнеш? Старешините треба да предвидат колку додатни списанија ќе му требаат на собранието и треба да нарачаат во зависност од тоа. Нема потреба да се нарачува Веста за Царството бр. 35, бидејќи на секое собрание ќе му се испрати пратка. Секој специјален, општ и помошен пионер ќе има да дистрибуира по 250 примероци, додека на секој собраниски објавител ќе му бидат доделени по 50 примероци. Ние си ја знаеме работата. Дали си желен да учествуваш во оваа восхитувачка активност? Без сомнение, си. Да ја дистрибуираме важната библиски темелена порака од Веста за Царството бр. 35 колку што е можно нашироко!