ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w21 Февруари стр. 25
  • Само поради една насмевка!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Само поради една насмевка!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Сличен материјал
  • Си спомнував за нашиот Творец уште од младоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Многуте задачи на мајките
    Разбудете се! 2002
  • Резултати од сведочењето со колички низ целиот свет
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Вистинските христијани се препознаваат по љубовта — да го зачуваме скапоценото единство
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
w21 Февруари стр. 25

Само поради една насмевка!

Хелен се насмевнува додека стои покрај количка за сведочење. Две девојки поминуваат покрај неа.

ЕДНА сестра по име Хелен проповедала со количка за сведочење во деловниот дел од градот Багујо на Филипините. Додека стоела, покрај неа поминале две девојки на кои таа срдечно им се насмевнала. Тие ја забележале количката, но не застанале. Сепак, голем впечаток им оставила топлата насмевка на Хелен.

Подоцна, кога оделе со автобус накај дома, девојките виделе голем знак jw.org кој бил поставен на една сала за состаноци. Се сетиле дека истиот знак го виделе на количката за сведочење. Веднаш слегле од автобусот, дошле до портата на салата и ги виделе термините во кои собранијата ги одржуваат состаноците.

Девојките ѝ се насмевнуваат на Хелен во салата за состаноци.

Набрзо, двете девојки дошле на еден од нашите состаноци. А кого виделе кога влегле во салата? Токму Хелен! Тие веднаш се сетиле на нејзината широка насмевка. Хелен вели: „Кога ми пристапија, малку се исплашив. Си помислив нешто да не сум згрешила“. Но, тие ѝ кажале дека ја виделе кај количката и ѝ објасниле што се случило потоа.

Девојките уживале во состанокот и во пријатното друштво на браќата и сестрите. Кога виделе дека другите ја чистат салата по состанокот, прашале дали можат и тие да помогнат. Една од девојките повеќе не живее на Филипините, но другата почнала да доаѓа на состаноците и да ја проучува Библијата — и тоа само поради една насмевка!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели