ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp22 Бр. 1 стр. 14-15
  • Живот без омраза!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живот без омраза!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БОГ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ОМРАЗАТА
  • БИБЛИЈАТА ВЕТУВА СВЕТ БЕЗ ОМРАЗА
  • Зошто има толку многу омраза?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Може да ја победиме омразата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Вовед
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Ќе има ли некогаш крај на омразата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
wp22 Бр. 1 стр. 14-15

Живот без омраза!

Дури и ако ја искорениме омразата од своето срце, ние немаме никаква контрола врз постапките и ставовите на другите. Недолжни луѓе и понатаму се жртви на омраза. Тогаш, кое е трајното решение за омразата?

Само Јехова Бог може потполно и трајно да го прекине кругот на омразата. Токму тоа го ветил во Библијата (Изреки 20:22).

БОГ ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ОМРАЗАТА

  1. 1. САТАНА ЃАВОЛОТ. Најголемиот виновник за омразата што ја гледаме денес е Сатана, кој се побунил против Бог. Бог ќе ги уништи Сатана и сите што покажуваат омраза како него (Псалм 37:38; Римјаните 16:20).

  2. 2. СВЕТОТ НА САТАНА КОЈ Е ПОТОНАТ ВО ОМРАЗА. Бог ќе го збрише сето зло во овој свет. Ќе им стави крај на корумпираните политичари и на верските водачи кои само ја подгреваат омразата. Бог ќе го уништи и алчниот трговски систем кој ги искористува луѓето само за да има добивка (2. Петрово 3:13).

  3. 3. ЧОВЕЧКАТА НЕСОВРШЕНОСТ. Библијата објаснува дека сите луѓе наследуваат грев и затоа се склони кон неисправни мисли, чувства и постапки (Римјаните 5:12). Од таа причина, склони сме и да мразиме. Бог ќе им помогне на луѓето да ги победат таквите грешни склоности, и така ќе ја избрише секоја трага на омразата (Исаија 54:13).

БИБЛИЈАТА ВЕТУВА СВЕТ БЕЗ ОМРАЗА

  1. 1. ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ НЕПРАВДИ. Божјето Царство ќе владее над Земјата. Тоа Царство ќе владее од небото и ќе донесе вечна правда (Даниел 2:44). Ќе нема предрасуди и нетрпеливост. Бог ќе ги поправи сите неправди што ги трпат луѓето денес (Лука 18:7).

  2. 2. СИТЕ ЌЕ ЖИВЕАТ ВО МИР. Никој нема да страда поради насилство или војни (Псалм 46:9). На Земјата ќе живеат само мирољубиви луѓе и секој ќе се чувствува безбедно (Псалм 72:7).

  3. 3. ЛУЃЕТО ЌЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО ВО СОВРШЕНИ УСЛОВИ. Меѓу луѓето што ќе живеат на Земјата ќе владее љубов (Матеј 22:39). Ќе нема причини за вознемиреност. Дури нема да ни доаѓаат никакви непријатни мисли или спомени (Исаија 65:17). Кога омразата ќе биде искоренета, луѓето „ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:11).

Би сакал ли да живееш во таков свет? Уште сега, многу луѓе учат како да ја победат омразата со помош на библиските начела (Псалм 37:8). Милиони Јеховини сведоци низ целиот свет успеале во таа борба. Иако се од различна култура и со различно потекло, тие се сакаат како едно обединето семејство (Исаија 2:2-4).

Табела со четири позитивни особини: љубов, мир, стрпливост и самосовладување, и една негативна — омраза.

На Јеховините сведоци ќе им биде мило да споделат со тебе како научиле да ги издржат неправдите и дискриминацијата. Тоа може да ти помогне, малку по малку, омразата да ја замениш со љубов. Можеш да научиш како да се однесуваш убаво со сите луѓе — дури и со оние кои се неблагодарни или имаат омраза. Како резултат на тоа, ќе бидеш посреќен уште сега и ќе имаш подобри односи со другите. Пред сѐ, ќе дознаеш што треба да правиш за и ти да живееш под власта на Божјето Царство кога ќе нема ни трошка омраза (Псалм 37:29).

Можеш да побараш бесплатен библиски курс од некој Јеховин сведок или да ја преземеш брошурата Радувај му се на животот засекогаш на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели