ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp22 Бр. 1 стр. 12-13
  • 4 | Победи ја омразата со помош од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 4 | Победи ја омразата со помош од Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиско учење:
  • Што значи ова:
  • Како може ова да ти помогне:
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Како да се прекине кругот на омразата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Може да ја победиме омразата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
  • Зошто има толку многу омраза?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2022
wp22 Бр. 1 стр. 12-13
Луѓе одат кон голема отворена Библија која ги осветлува. Од нивните сенки се гледа дека порано имале лоши особини.

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

4 | Победи Ја Омразата Со Помош Од Бог

Библиско учење:

„Плодовите на духот се: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост, самосовладување“ (ГАЛАТИТЕ 5:22, 23).

Што значи ова:

Кругот на омразата може да го прекинеме со помош од Бог. Со помош на неговиот свет дух може да развиеме особини кои инаку сами не би можеле да ги стекнеме. Затоа, наместо да се трудиме да ја победиме омразата со сопствени сили, да бараме помош од Бог. Тогаш, и ние ќе се чувствуваме како апостол Павле, кој рекол: „Сѐ можам со помош на оној што ми дава сила“ (Филипјаните 4:13). Да, ќе можеме да кажеме: „Мојата помош е од Јехова“ (Псалм 121:2).

Како може ова да ти помогне:

„Јехова ми помогна да се променам и од насилен да станам мирољубив човек“ (ВАЛДО)

Од срце моли го Јехова да ти дава свет дух (Лука 11:13). Барај да ти помага да ги покажуваш неговите особини. Проучувај што вели Библијата за особините со кои може да ја победиме омразата, како што се љубов, мир, стрпливост и самосовладување. Труди се да ги развиваш овие особини. И дружи се со луѓе кои, исто така, се трудат да ги покажуваат. Таквите пријатели може да те поттикнат „кон љубов и кон добри дела“ (Евреите 10:24).

Животно искуство — ВАЛДО

Ги победил насилството и омразата

Валдо.

Валдо имал тешко детство поради што чувствувал голема омраза. Тој вели: „Постојано бев вмешан во улични тепачки со дилерите на дрога... Еднаш, една банда дури и најми платен убиец, но успеав да се извлечам само со убод од нож“.

На Валдо воопшто не му било мило кога жена му почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Тој додава: „Ги мразев Сведоците и честопати ги пцуев на сет глас. Но, тие секогаш остануваа смирени“.

По некое време, и Валдо почнал да ја проучува Библијата. „Не ми беше лесно да го применам она што го учев. Мислев дека никогаш нема да успеам да го контролирам мојот насилен темперамент“, вели тој. Но, нешто што дознал од Библијата извршило силно влијание врз него.

Валдо објаснува: „Еден ден, Алехандро, кој проучуваше со мене, ми рече да прочитам во Галатите 5:22, 23... Алехандро ми објасни дека не можам само со свои сили да ги стекнам овие особини, туку дека мора да се потпрам на Божјиот свет дух. Тоа ми помогна поинаку да гледам на работите“.

Со помошта од Бог, Валдо успеал да го прекине кругот на омразата. Тој вели: „На роднините и поранешните пријатели не им се верува колку многу се променив“. Уште додава: „Јехова ми помогна да се променам и од насилен да станам мирољубив човек“.

Животната приказна на Валдо можеш да ја прочиташ во Стражарска кула од 1 октомври 2013, страници 12-13.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели