ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Јуни стр. 26-31
  • Јехова нека биде твоја Карпа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова нека биде твоја Карпа
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО ЈЕХОВА Е НАРЕЧЕН КАРПА?
  • СЛЕДИ ГО ПРИМЕРОТ НА ЈЕХОВА
  • Имај на ум дека Јехова е „живиот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Побарај помош од старешините
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Јуни стр. 26-31

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 26

ПЕСНА 8 Јехова ни е заклон

Јехова нека биде твоја Карпа

Нема карпа каква што е нашиот Бог (1. САМ. 2:2)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да дознаеме поради кои особини Јехова е наречен Карпа и како можеме и ние да ги покажуваме тие особини.

1. Според Псалм 18:46, со што го споредил Давид Јехова?

ЖИВЕЕМЕ во свет во кој неочекувано може да се соочиме со проблеми кои можат да ни го отежнат животот, па дури и потполно да ни го сменат. Многу сме благодарни што можеме да се потпираме на Јехова Бог за помош! Во претходната статија бевме потсетени дека Јехова е живиот Бог и дека тој секогаш е спремен да ни помогне. Кога ќе почувствуваме дека тој ни помага, тоа нѐ уверува дека Јехова е жив, како што кажал и Давид. (Прочитај Псалм 18:46.) Но, откако го кажал тоа, Давид го споредил Бог со нешто неживо — тој го нарекол Јехова „мојата Карпа“. Што значи тоа?

2. Што ќе разгледаме во оваа статија?

2 Во оваа статија ќе разгледаме зошто Јехова е наречен Карпа и што учиме од овој опис за него. Исто така, ќе дознаеме како можеме да се потпираме на Јехова како на наша Карпа. На крај, ќе разгледаме на кои начини можеме и ние да ги покажуваме особините поради кои тој е наречен Карпа.

ЗОШТО ЈЕХОВА Е НАРЕЧЕН КАРПА?

3. Со која цел во Библијата честопати се користи изразот „карпа“? (Види ја сликата.)

3 Библијата го споредува Јехова со „карпа“ за да ни помогне да разбереме некои од неговите особини. Овој израз честопати се појавува во стихови во кои Бог се велича како некој кому му нема рамен. Првото место во Библијата во кое Јехова е наречен „Карпа“ е во 5. Мојсеева 32:4. Во молитва, Ана рекла: „Нема карпа каква што е нашиот Бог“ (1. Сам. 2:2). Авакум го нарекол Јехова „Карпа“ (Авак. 1:12). Писателот на Псалм 73 го нарекол Бог „карпата на моето срце“ (Пс. 73:26). Дури и Јехова за себе рекол дека е „Карпа“ (Иса. 44:8). Да разгледаме три особини поради кои Јехова е спореден со „карпа“ и да дознаеме како тој може да биде „нашата Карпа“ (5. Мој. 32:31).

Еден татко и една мајка, заедно со нивната ќеркичка, набљудуваат една огромна карпа која стои пред нив.

Божјите слуги гледаат на Јехова како на сигурна Карпа (види во пасус 3)


4. Во која смисла Јехова е прибежиште? (Псалм 94:22).

4 Јехова е прибежиште. Исто како што една огромна карпа може да заштити некого од силна бура, така и Јехова нѐ заштитува кога минуваме низ тешки ситуации во животот. (Прочитај Псалм 94:22.) Тој ни помага да го зачуваме нашето пријателство со него и нѐ уверува дека ништо од она што го трпиме денес нема да ни нанесе трајна штета. Исто така, Јехова ни ветува дека во иднина ќе ги отстрани сите работи поради кои сме загрижени или страдаме (Езек. 34:25, 26).

5. Како може Јехова да стане наше прибежиште цврсто како карпа?

5 Еден начин на кој покажуваме дека Јехова е наше прибежиште цврсто како карпа е со тоа што му се молиме. Јехова ни го дава „мирот Божји“ кој ги чува нашето срце и нашиот ум (Фил. 4:6, 7). Размисли за искуството на Артем, кој бил ставен во затвор поради својата вера. Тој одново и одново бил испрашуван од еден суров инспектор кој му вршел притисок и го понижувал. Артем рекол: „Секојпат кога инспекторот ме испрашуваше, бев под голем стрес... Секогаш му се молев на Јехова. Го молев да ми даде мир и мудрост. Тактиките на инспекторот беа безуспешни... Со помош од Јехова, се чувствував заштитено како да стојам зад еден цврст ѕид“.

6. Зошто можеме секогаш да се потпираме на Јехова? (Исаија 26:3, 4).

6 Јехова е достоен за доверба. Исто како што една огромна карпа секогаш стои на своето место, така и Јехова е секогаш тука за нас. Можеме да имаме доверба во него затоа што тој е „вечна Карпа“. (Прочитај Исаија 26:3, 4.) Јехова секогаш ќе ги одржува своите ветувања, ќе ги слуша нашите молитви и ќе ни ја дава помошта што ни е потребна. Исто така, можеме да се потпреме на него затоа што тој постапува верно со оние што му служат (2. Сам. 22:26). Јехова никогаш нема да го заборави она што го правиме и секогаш ќе нѐ наградува (Евр. 6:10; 11:6).

7. Како ќе влијае врз нас тоа што ќе се потпираме на Јехова? (Види ја и сликата.)

7 Покажуваме дека Јехова е наша Карпа така што потполно се потпираме на него. Имаме доверба дека, ако му бидеме послушни дури и во тешки времиња, тоа ќе биде за наше добро (Иса. 48:17, 18). Секојпат кога ќе видиме дека Јехова ни помогнал, нашата доверба во него ќе расте. Тогаш ќе се увериме дека само Јехова може да ни помогне во која и да било тешка неволја со која ќе се соочиме. Во ситуации во кои никој друг не може да ни помогне, честопати сфаќаме дека секогаш можеме да се потпреме на Јехова. Еден брат по име Владимир рекол: „Додека бев во притвор, се чувствував најблизок со Јехова. Научив да имам поголема доверба во него, затоа што бев сосема сам и немав никаква контрола над ситуацијата“.

Еден брат, кој е во затворска ќелија, држи Библија и гледа низ прозорецот.

Покажуваме дека Јехова е нашата Карпа со тоа што потполно се потпираме на него (види во пасус 7)


8. а) Зошто можеме да кажеме дека Јехова е стабилен? б) Како ни користи тоа што Бог е нашата Карпа? (Псалм 62:6, 7).

8 Јехова е стабилен. Слично како една масивна карпа, Јехова е цврст и стабилен. Неговата личност и неговата намера никогаш не се менуваат (Мал. 3:6). Кога Адам и Ева се побуниле против него, Јехова не ја сменил својата намера со човештвото. Како што напишал апостол Павле, Јехова „не може да се одрече од самиот себе“ (2. Тим. 2:13). Ова значи дека, без разлика што се случува или што прават другите, Јехова никогаш нема да ги смени своите особини, својата намера и своите мерила. Бидејќи Јехова е стабилен, уверени сме дека тој ќе ни помогне кога ќе се најдеме во тешки ситуации и дека ќе ги исполни своите ветувања за иднината. (Прочитај Псалм 62:6, 7.)

9. Што учиш од искуството на Татјана?

9 Јехова ќе биде нашата Карпа ако постојано ги имаме на ум неговите особини и неговата намера. Тоа ќе ни помогне да останеме стабилни во емоционален поглед додека минуваме низ неволји (Пс. 16:8). Ова било случај со една сестра по име Татјана, која била ставена во куќен притвор поради нејзината вера. Таа вели: „Бев сосема сама. На почетокот ми беше многу тешко. Честопати се чувствував многу потиштено“. Потоа, кога почнала да размислува за тоа на кој начин нејзината неволја е поврзана со Јехова и со неговата намера, сфатила колку е важно да истрае. Тоа ѝ помогнало да се чувствува посмирено и ѝ дало сила да остане верна. Татјана вели: „Тоа што се потсетував дека сето ова ми се случува поради Јехова, ми помогна да не бидам премногу концентрирана на себеси“.

10. Како можеме да покажеме дека Јехова е нашата Карпа денес?

10 Наскоро ќе се соочиме со многу тешки времиња. Затоа ќе биде потребно да се потпираме на Јехова како никогаш порано. Сега е време да си ја зајакнеме довербата дека тој ќе ни даде сѐ што ни е потребно за да истраеме и да му останеме верни. Како можеме да го правиме тоа? Читај библиски извештаи и искуства на Јеховини слуги од наше време. Забележи како Бог покажал дека е Карпа за своите слуги. Длабоко размислувај за тие извештаи. Така ќе покажеш дека Јехова е твоја Карпа.

СЛЕДИ ГО ПРИМЕРОТ НА ЈЕХОВА

11. Зошто сакаме да ги покажуваме особините поради кои Јехова е спореден со карпа? (Види ја и рамката „Цел за младите браќа“.)

11 Досега разгледавме поради кои особини Јехова е како карпа за нас. Сега ќе разгледаме како можеме ние да ги покажуваме тие особини. Колку повеќе ги покажуваме тие особини, толку подобро ќе можеме да ги зајакнеме нашите браќа и сестри. На пример, Исус му го дал на Симон името Кифа (преведено како „Петар“), што значи „карпа“ (Јован 1:42, фус.). Исус сакал да каже дека Петар ќе ги тешел браќата и сестрите и дека ќе придонесувал за стабилноста на собранието. Старешините во собранието се опишани како „сенка од голема карпа“. Ова покажува како тие ги штитат другите во собранието (Иса. 32:2). Се разбира, сите ние можеме да ги храбриме другите и да ги покажуваме особините поради кои Јехова е спореден со карпа (Еф. 5:1).

Еден старешина му покажува на еден млад брат во салата за состаноци како да ги смени батериите на безжичните микрофони.

ЦЕЛ ЗА МЛАДИТЕ БРАЌА

Младоста е добро време да почнеш да учиш за Јеховините особини и да се трудиш да ги покажуваш. На тој начин ќе почнеш да ги развиваш особините што ќе ти бидат потребни за да служиш како старешина, можеби уште на 20-годишна возраст или нешто повеќе.

  • Биди прибежиште. Помогни им на другите да се чувствуваат добредојдено на состаноците така што ќе зборуваш со нив. Покажи дека си заинтересиран за постарите.

  • Биди достоен за доверба. Стави се на располагање да помагаш во салата за состаноци. Кога ќе добиеш некоја задача, следи ги упатствата во врска со тоа како да ја извршиш.

  • Биди стабилен. Читај ја Библијата секој ден и размислувај за она што го читаш. Научи како да носиш одлуки со помош на библиските начела.

12. Наведи начини на кои можеме да бидеме прибежиште за другите.

12 Биди прибежиште. Понекогаш, на нашите браќа и сестри можеме да им обезбедиме дословно прибежиште од природни катастрофи, граѓански немири или војни. Како што условите во овие последни денови сѐ повеќе се влошуваат, без сомнение ќе имаме сѐ повеќе можности да си пружаме помош еден на друг (2. Тим. 3:1). Исто така, на нашите браќа и сестри можеме да им ги пружиме потребната утеха и потребната љубов. Еден начин на кој можеме да го правиме тоа е така што ќе придонесеме да се чувствуваат добредојдено во салата за состаноци и ќе придонесеме за срдечна атмосфера во собранието. Живееме во еден свет што е суров, ладен и ни причинува стрес. Затоа, кога сме на нашите состаноци, сакаме да направиме сѐ што можеме за нашите браќа и сестри да се чувствуваат сакано, освежено и безбедно.

13. Како можат особено старешините да станат прибежиште за другите? (Види ја и сликата.)

13 Старешините можат да станат прибежиште за оние браќа и сестри во собранието кои доживуваат дословни или симболични бури. За време на некоја природна катастрофа или некој итен медицински случај, старешините брзо преземаат чекори за да пружат практична помош. Исто така, тие даваат водство и охрабрување од Библијата. Браќата и сестрите ќе се чувствуваат послободни да побараат помош од некој старешина ако знаат дека тој ќе зборува љубезно со нив, ќе ги слуша и ќе се потруди да разбере како се чувствуваат. Ваквите особини им помагаат на другите да се чувствуваат сакано. Тогаш им е полесно да го применат кој и да било библиски совет што старешината можеби ќе им го даде (1. Сол. 2:7, 8, 11).

Кога браќата и сестрите ќе ги погоди некоја дословна или симболична бура, старешините се прибежиште за нив (види во пасус 13)a


14. Како можеме да покажеме дека сме достојни за доверба?

14 Биди достоен за доверба. Ние сакаме другите да имаат доверба дека можат да се потпрат на нас, особено во тешко време (Изр. 17:17). Што можеме да правиме за да бидеме достојни за доверба? Можеме секој ден да се трудиме да ги покажуваме особините на Јехова, како на пример да си стоиме на зборот и да бидеме точни (Мат. 5:37). Исто така, можеме да му понудиме практична помош на оној кому му е потребна. Освен тоа, се трудиме задачите што ги добиваме во собранието да ги извршуваме според упатствата што ги добиваме.

15. Како му користи на собранието кога старешините се достојни за доверба?

15 Како му користи на собранието кога старешините се достојни за доверба? Објавителите се чувствуваат посигурно кога знаат дека можат да им се јават на старешините во секое време кога ќе им треба помош, како на пример на надгледникот на нивната група за проповедање. Исто така, објавителите се чувствуваат добро згрижени кога знаат дека старешините се спремни да им помогнат. Кога старешините ги темелат своите совети на Библијата и на публикациите од верниот и разборит роб наместо на своите лични мислења, соверниците имаат доверба во нив. Исто така, браќата и сестрите имаат доверба во оние старешини кои не им ги откриваат на другите личните информации кои им биле доверени и кои го исполнуваат она што го ветиле.

16. Како ќе ни користи нам и на другите кога сме стабилни?

16 Биди стабилен. Можеме да имаме добро влијание врз другите ако сме решени да му бидеме послушни на Јехова во сѐ и ако носиме одлуки на темел на библиските начела. Ако ја проучуваме Божјата Реч и ако си ја зајакнуваме верата во Јехова, ќе бидеме уште поцврсти во вистината. Нема да бидеме неодлучни, непостојани, и врз нас нема да влијаат лажните учења и размислувањата на луѓето од овој свет (Еф. 4:14; Јак. 1:6-8). Нашата вера во Јехова и во неговите ветувања ќе ни помогне да останеме урамнотежени кога ќе чуеме лоши вести (Пс. 112:7, 8). Исто така, ќе можеме да им помагаме на оние кои имаат неволји (1. Сол. 3:2, 3).

17. Како можат старешините да им помогнат на другите во собранието да задржат стабилност?

17 Старешините треба да бидат умерени во сѐ, разборити, да живеат уредно и да бидат разумни. Овие браќа им помагаат на другите во собранието да задржат стабилност и ги зајакнуваат така што се држат „за веродостојните зборови“ (Тит 1:9; 1. Тим. 3:1-3). Со својот пример и со пастирската грижа, старешините им помагаат на објавителите редовно да присуствуваат на состаноците, редовно да одат во служба и редовно да проучуваат. Кога браќата и сестрите ќе се соочат со проблеми кои им предизвикуваат загриженост, старешините можат многу да направат со тоа што ќе ги поттикнат да продолжат да се концентрираат на Јехова и на неговата намера.

18. Зошто сакаме да го славиме Јехова и да стануваме сѐ поблиски со него? (Види ја и рамката „Како можеш да станеш поблизок со Јехова“.)

18 Откако ги разгледавме Јеховините прекрасни особини, можеме да го кажеме истото што го кажал и цар Давид: „Нека е благословен Јехова, мојата Карпа“ (Пс. 144:1). Ние секогаш можеме да се потпираме на Јехова. Во текот на целиот наш живот, дури и на постари години, можеме да имаме доверба дека тој ќе продолжи да ни помага да останеме блиски со него. Навистина, ја имаме секоја причина да кажеме: „Тој е мојата Карпа“ (Пс. 92:14, 15).

КАКО МОЖЕШ ДА СТАНЕШ ПОБЛИЗОК СО ЈЕХОВА

На твоето лично проучување, би можел подлабоко да проучуваш за следниве титули на Јехова:

  • Семоќен (1. Мој. 17:1)

  • Прадревен (Дан. 7:9)

  • Творец (Иса. 40:28)

  • Татко (Иса. 64:8)

  • Учител (Јов 36:22; Иса. 30:20)

  • Пастир (Пс. 23:1)

Во Библијата има уште многу слични описи и титули кои ни помагаат да си го продлабочиме пријателството со Јехова. Користи ги алатките за истражување кои се достапни на твојот јазик за да го направиш следново:

  • Разгледај го контекстот. Кој го кажал тоа? Какви биле околностите? Зошто можеби бил употребен тој опис?

  • Пребарувај низ Библијата. На кое друго место бил употребен тој опис? Што имаат заедничко тие извештаи?

  • Одговори на прашањата. Што учам од овој опис за Јехова? Што ми покажува дека Јехова го заслужува тој опис? Како тој опис влијае врз моето гледиште за Јехова? Како можам да го применам она што го научив?

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Зошто е соодветно тоа што Јехова е наречен „Карпа“?

  • Како можеме да покажеме дека Јехова е нашата Карпа?

  • На кои начини можеме да ги покажуваме особините поради кои Јехова е спореден со карпа?

ПЕСНА 150 Да го бараме Бог, нашиот моќен Спасител

a ОПИС НА СЛИКАТА: Додека е во салата за состаноци, една сестра слободно им пристапува на двајца старешини.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели