ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Јуни стр. 14-19
  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈОТ
  • НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЈЕХОВА ЗА ДА НИ ПОМОГНЕ
  • НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ УТРЕ
  • НЕ МОЖЕМЕ ПОТПОЛНО ДА РАЗБЕРЕМЕ КОЛКУ ДОБРО НЀ ПОЗНАВА ЈЕХОВА
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Имај на ум дека Јехова е „живиот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Што знаеме за тоа како Јехова ќе суди во иднина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поуки од прошталните зборови на верни слуги на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Јуни стр. 14-19

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 26

ПЕСНА 123 Верно се држиме за теократскиот ред

Скромно прифати дека има работи кои не ги знаеш

Семоќниот не можеме да го сфатиме (ЈОВ 37:23)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да видиме како може да се справиме со неизвесноста во животот така што скромно ќе прифатиме дека има работи кои не ги знаеме, ќе се концентрираме на она што го знаеме и ќе имаме доверба во Јехова.

1. Какви способности ни дал Јехова, и зошто?

ЈЕХОВА нѐ создал со способност да размислуваме, да учиме нови работи и да го применуваме она што сме го научиле. Зошто Јехова нѐ создал на таков начин? Тој сака да го „[пронајдеме] знаењето за Бог“ и да му служиме користејќи го својот разум (Изр. 2:1-5; Рим. 12:1).

2. Што треба да си признаеме, и зошто тоа е корисно за нас? (Јов 37:23, 24; види ја и сликата).

2 Иако Јехова нѐ создал со способност да учиме, има многу работи кои ние не ги знаеме. (Прочитај Јов 37:23, 24.) Размисли за примерот на Јов. Јехова му поставил низа прашања кои му помогнале да сфати дека има многу работи кои тој не ги знае. Таквиот разговор со Јехова му помогнал да стане свесен дека треба да биде понизен и да го смени својот начин на размислување (Јов 42:3-6). И нам ќе ни користи ако скромно си признаеме дека не знаеме сѐ. Таквата скромност нѐ поттикнува да имаме доверба дека Јехова ќе ни го открие она што навистина треба да го знаеме за да можеме да носиме мудри одлуки (Изр. 2:6).

Зрак светлина се пробива низ облаците и е насочен кон Јов додека Јехова зборува со него. Елиу и тројцата лажни тешители се во близина и го набљудуваат.

Тоа што ќе признаеме дека има работи кои не ги знаеме, ќе ни користи исто како што му користело на Јов (види во пасус 2)


3. Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Во оваа статија ќе разгледаме некои работи што ние не ги знаеме и со какви предизвици можеме да се соочиме како резултат на тоа. Исто така, ќе разгледаме зошто е добро тоа што не знаеме некои работи. Она што ќе го научиме од оваа статија ќе ни ја зајакне довербата дека Јехова, „оној што има совршено знаење“, ни го кажува тоа што навистина е потребно да го знаеме (Јов 37:16).

НИЕ НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈОТ

4. Според Матеј 24:36, што не знаеме?

4 Прочитај Матеј 24:36. Ние не знаеме кога ќе дојде крајот на овој свет. Дури ни Исус, додека бил на Земјата, не знаел за „тој ден и час“.a Тој подоцна им кажал на апостолите дека Јехова „ги има [времињата] под своја власт“, односно дека има право да одреди кога ќе се случат некои настани (Дела 1:6, 7). Јехова го има одредено времето кога ќе дојде крајот, но ние не можеме да знаеме кога точно ќе биде тоа.

5. Како би можело да влијае врз нас тоа што не знаеме кога ќе дојде крајот?

5 Земајќи го предвид она што го кажал Исус, ние не знаеме колку време ќе треба да го чекаме крајот. Поради тоа би можеле да станеме нестрпливи или да се обесхрабриме, особено ако долго време го чекаме Јеховиниот ден. Исто така, може да ни биде тешко да го издржиме исмевањето од некои членови на семејството или од други луѓе (2. Пет. 3:3, 4). Може да си помислиме дека би биле пострпливи и дека полесно би се справиле со исмевањето ако знаеме кога ќе дојде крајот.

6. Зошто е добро тоа што не знаеме кога ќе дојде крајот?

6 Всушност, со тоа што не ни го открил точниот датум, Јехова ни дава можност да покажеме дека му служиме затоа што го сакаме и имаме доверба во него. Ние не му служиме на Јехова со некаков краен рок на ум, туку сакаме да му служиме во сета вечност. Наместо постојано да мислиме на тоа кога ќе дојде Јеховиниот ден, добро е да мислиме што сѐ ќе се постигне откако ќе дојде тој ден. Тоа ќе ни помогне да станеме поблиски со Јехова, да имаме доверба во него и да правиме сѐ што можеме за да го радуваме (2. Пет. 3:11, 12).

7. Што знаеме?

7 Важно е да се концентрираме на она што го знаеме — дека последните денови почнале во 1914 год. Во својата Реч Библијата, Јехова ни дал пророштва кои не само што ни помагаат точно да ја одредиме таа година, туку и детално ги опишуваат условите кои ќе преовладуваат оттогаш наваму. Благодарение на тоа, ние сме уверени дека „[е близу] големиот ден на Јехова“ (Соф. 1:14). Исто така, знаеме што сака Јехова да правиме — да им ја кажуваме „[добрата] вест за царството“ на колку што е можно повеќе луѓе (Мат. 24:14). Оваа вест се објавува во околу 240 земји и на повеќе од 1.000 јазици. Не мора да го знаеме „денот и часот“ за ревносно да ја извршуваме оваа важна задача.

НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ЈЕХОВА ЗА ДА НИ ПОМОГНЕ

8. На што се однесува изразот „делото на вистинскиот Бог“? (Проповедник 11:5).

8 Ние не го знаеме секогаш „делото на вистинскиот Бог“ (Прочитај Проповедник 11:5.) Овој израз се однесува на она што Јехова предизвикува или дозволува да се случи со цел да се изврши неговата волја. Ние не можеме со сигурност да знаеме зошто Јехова дозволува нешто да се случи или што точно ќе направи за да ни помогне (Пс. 37:5). За нас тоа е несфатливо исто како што не можеме да разбереме како се развива едно дете во утробата на бремена жена, нешто што дури ни научниците не можат сѐ уште во потполност да го разберат.

9. Со какви предизвици би можеле да се соочиме затоа што не знаеме што ќе направи Јехова за да ни помогне?

9 Поради тоа што не знаеме што ќе направи Јехова за да ни помогне, би можеле да станеме неодлучни. Би можеле да се колебаме дали да направиме некои жртви за да правиме повеќе во службата на проповедање, како на пример да си го поедноставиме животот или да се преселиме онаму каде што има поголема потреба од објавители. Или пак, би можеле да се прашуваме дали го имаме Божјето одобрување ако не сме оствариле некоја теократска цел, ако не гледаме големи резултати од трудот што го вложуваме во службата или ако се соочуваме со тешкотии во некој градежен проект на нашата организација.

10. Кои важни особини можеме да ги развиеме благодарение на тоа што не знаеме што ќе направи Јехова за да ни помогне?

10 Тоа што не знаеме што ќе направи Јехова за да ни помогне, всушност, ни овозможува да развиеме некои важни особини, како што се понизноста и скромноста. Освен тоа, ни помага да сфатиме дека Јеховините мисли и патишта се повисоки од нашите (Иса. 55:8, 9). Исто така, учиме да имаме потполна доверба дека Јехова ќе се погрижи за работите на најдобар можен начин. Кога ќе постигнеме некои убави резултати во службата на проповедање или во некој градежен проект, сета заслуга со право му ја припишуваме на Јехова (Пс. 127:1; 1. Кор. 3:7). Ако нешто не излезе онака како што сме очекувале, треба да имаме на ум дека Јехова сѐ уште има целосна контрола над работите (Иса. 26:12). Ние го правиме нашиот дел, а во исто време имаме доверба дека Јехова ќе го направи својот дел. Уверени сме дека тој ќе ни го даде потребното водство иако можеби нема да го направи тоа преку некое чудо како што понекогаш правел во минатото (Дела 16:6-10).

11. Кои важни работи ги знаеме?

11 Знаеме дека Јехова е секогаш праведен, мудар и полн со љубов. Исто така, знаеме дека тој многу го цени сето она што го правиме за него и за нашите соверници. А знаеме и дека Јехова секогаш ги наградува оние што му се верни (Евр. 11:6).

НЕ ЗНАЕМЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ УТРЕ

12. Според Јаков 4:13, 14, што не знаеме?

12 Прочитај Јаков 4:13, 14. Една основна вистина е дека не знаеме каков ќе ни биде животот утре. Во овој свет „времето и непредвидените настани“ го снаоѓаат секого од нас (Проп. 9:11). Поради тоа, не можеме да знаеме дали нашите планови ќе успеат, па дури ни дали ќе бидеме живи за да ги оствариме.

13. Како може да влијае врз нас неизвесноста во животот?

13 Неизвесноста во животот може да ни претставува голем товар. Во која смисла? Ако сме премногу загрижени за тоа што можеби ќе се случи, би можеле да ја изгубиме радоста. Ненадејните трагедии можат неочекувано да ни го променат животот и да создадат во нас длабока тага и вознемиреност. А доколку не ни се исполнат очекувањата, може да се разочараме и да се обесхрабриме (Изр. 13:12).

14. Од што зависи дали ќе бидеме вистински среќни? (Види ги и сликите.)

14 Кога истрајуваме во тешки ситуации, докажуваме дека, што и да се случи, ние му служиме на нашиот небесен Татко од љубов, а не од себичност. Библиските извештаи покажуваат дека не треба да очекуваме Јехова да нѐ заштити од сите тешкотии и дека тој не предодредил што сѐ ќе ни се случува во животот. Тој знае дека нашата среќа не зависи од тоа дали знаеме што ни носи иднината. Напротив, нашата среќа зависи од тоа дали бараме водство од него и дали сме му послушни (Ерем. 10:23). Со тоа што се потпираме на него кога носиме одлуки, ние всушност велиме: „Ако Јехова сака, ќе живееме и ќе го направиме ова или она“ (Јак. 4:15).

Слики: 1. Еден татко и неговиот син подготвуваат ранец за итен случај. Тие во ранецот ставаат Библија и други неопходни работи за итен случај. 2. Таткото, мајката и синот се засолнети под еден шатор додека врне силен дожд. Тие ги користат работите што ги ставиле во својот ранец.

Ако бараме водство од Јехова и ако сме му послушни, можеме да бидеме сигурни дека тој ќе ни помага и ќе нѐ благословува (види во пасуси 14-15)b


15. Што знаеме за иднината?

15 Иако не знаме што ни носи секој нов ден, знаеме дека Јехова ни ветил вечен живот — било на небото, било на Земјата. Знаеме дека тој не може да лаже и дека ништо не може да го спречи да ги исполни сите свои ветувања (Тит 1:2). Само тој може „од почетокот [да го јави] завршетокот, од дамнина [да го јави] она што уште не било“. Така било во минатото, а така ќе биде и во иднина (Иса. 46:10). Со сигурност знаеме дека ништо не може да го спречи Јехова да нѐ сака (Рим. 8:35-39). Тој ќе ни ги даде мудроста, утехата и силата што ни се потребни за да истраеме сеедно со што ќе се соочиме. Можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе ни помага и дека ќе нѐ благословува (Ерем. 17:7, 8).

НЕ МОЖЕМЕ ПОТПОЛНО ДА РАЗБЕРЕМЕ КОЛКУ ДОБРО НЀ ПОЗНАВА ЈЕХОВА

16. Што знае Јехова за нас, и како се чувствуваш поради тоа? (Псалм 139:1-6).

16 Прочитај Псалм 139:1-6. Нашиот Творец знае како сме создадени и што влијаело врз нас во физички, емоционален и ментален поглед. Тој постојано обрнува внимание на нас. Тој знае што кажуваме и што сакаме да кажеме со тоа, што правиме и зошто го правиме тоа. Според она што го кажал цар Давид, Јехова е секогаш покрај нас и е спремен да ни помогне. Зарем не те воодушевува фактот дека Севишниот Владетел, Семоќниот Творец на небото и Земјата толку многу се интересира за нас? Давид рекол: „Тоа знаење е премногу чудесно за мене, толку е високо што не можам да го сфатам“ (Пс. 139:6).

17. Зошто може да ни биде тешко да го прифатиме фактот дека Јехова добро нѐ познава?

17 Можеби поради нешто што ни се случило во семејството, поради нашата култура или нашите поранешни верувања може да ни биде тешко да го гледаме Јехова како Татко кој е полн со љубов и кој се грижи за нас. Или можеби сметаме дека, поради тоа што во минатото сме направиле толку сериозни грешки, Јехова никогаш нема да сака да знае нешто за нас и дека тој е далеку од нас. Дури и Давид понекогаш имал слични чувства (Пс. 38:18, 21). Или пак, некој што води неморален начин на живот, но искрено сака да живее во склад со Божјите праведни мерила, можеби се прашува: „Ако Бог навистина ме познава, тогаш зошто очекува од мене да се сменам наместо да ме прифати онаков каков што сум?“

18. Зошто е корисно да го прифатиме фактот дека Јехова нѐ познава подобро од нас самите? (Види ги и сликите.)

18 Ние можеме да успееме да го прифатиме фактот дека Јехова нѐ познава подобро од нас самите и дека може да го види доброто во нас кое ние не можеме да го видиме. И покрај тоа што ги гледа нашите грешки и разбира зошто се чувствуваме или постапуваме на одреден начин, тој сепак нѐ сака (Рим. 7:15). Кога ќе сфатиме дека Јехова секогаш гледа каква личност можеме да бидеме, тоа ќе ни ја даде силата што ни е потребна за да му служиме верно и со радост.

Слики: 1. Еден обесхрабрен брат гледа низ прозорец во еден мрачен, дождлив ден. 2. Во рајот, заедно со своите пријатели, братот пешачи по една патека и ужива во прекрасната глетка.

Јехова ни помага да се справиме со неизвесноста во животот во овој свет така што ни ја зајакнува довербата дека ќе живееме во прекрасен нов свет (види во пасуси 18-19)c


19. Кои работи со сигурност ги знаеме за Јехова?

19 Ние знаеме дека Јехова е љубов. Нема никаков сомнеж во тоа (1. Јов. 4:8). Знаеме дека неговите праведни мерила се одраз на неговата љубов кон нас и дека тој сака да го живееме најдобриот можен начин на живот. Исто така, знаеме дека Јехова сака да добиеме вечен живот. За да ни го овозможи тоа, ја обезбедил откупнината. Овој прекрасен дар нѐ уверува дека можеме успешно да му служиме на Јехова и покрај нашата несовршеност (Рим. 7:24, 25). А знаеме и дека „Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ“ (1. Јов. 3:19, 20). Јехова потполно нѐ познава и има доверба дека можеме успешно да ја вршиме неговата волја.

20. Што ќе ни помогне да не бидеме претерано загрижени?

20 Јехова не ни ускратил ниту една информација која навистина е потребно да ја знаеме. Ако скромно го прифатиме овој факт, нема да бидеме претерано загрижени за работи врз кои немаме контрола и ќе можеме да се концентрираме на она што навистина е важно. На тој начин, покажуваме дека имаме потполна доверба во Јехова, „Оној што има совршено знаење“ (Јов 36:4). Иако сега нашето знаење е ограничено, едвај чекаме да дојде новиот свет каде што во сета вечност ќе учиме нови работи за нашиот прекрасен Бог (Проп. 3:11).

КАКО НИ КОРИСТИ ТОА ШТО СКРОМНО ПРИФАЌАМЕ ДЕКА НЕ ЗНАЕМЕ...

  • кога ќе дојде крајот?

  • што ќе се случи утре?

  • колку добро нѐ познава Јехова?

ПЕСНА 104 Бог ни дарува свет дух

a Со оглед на тоа што Исус ќе предводи во војната против злобниот свет на Сатана, разумно е да заклучиме дека тој сега знае кога ќе почне Армагедон и кога ќе извојува „конечна победа“ (Отк. 6:2; 19:11-16).

b ОПИС НА СЛИКАТА: Еден татко и неговиот син подготвуваат ранец за итен случај, за семејството да биде спремно.

c ОПИС НА СЛИКАТА: Еден брат, кој се соочува со проблеми, размислува за прекрасниот живот што ќе го има во новиот свет.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели