ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w25 Декември стр. 26-30
  • Драги постари — вие сте скапоцени за собранието

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Драги постари — вие сте скапоцени за собранието
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ОЧЕКУВА ЈЕХОВА ОД ТЕБЕ
  • МОЖЕШ ДА БИДЕШ ОД ГОЛЕМА ПОМОШ ЗА ДРУГИТЕ
  • ЈЕХОВА ГО ЦЕНИ ОНА ШТО ГО ПРАВИШ ЗА НЕГО
  • ОСТАНИ АКТИВЕН
  • Исполнета му е желбата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јехова нежно се грижи за своите постари слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали си радосен затоа што му го даваш своето најдобро на Јехова?
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Цени ги постарите браќа и сестри
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
w25 Декември стр. 26-30
Слики: Постари браќа и сестри се среќни што му служат на Јехова. 1. Еден брат гледа напред со увереност. 2. Една сестра која е во инвалидска количка ѝ нуди трактат на една жена која е медицинско лице. 3. Една сестра коментира на состанок. 4. Една сестра се придржува за раката на еден помлад брат додека одат заедно во служба. 5. Еден брат поминува време со две дечиња и нивната мајка во една сала за состаноци.

Драги постари — вие сте скапоцени за собранието

„Кога размислувам за минатото, изненадена сум, што сѐ можев да правам. Сега, поради годините, не можам да правам толку многу како порано“ (Кони, 83 години).

Можеби и ти не можеш да правиш толку многу како порано поради староста. И покрај тоа што долги години верно му служиш на Јехова, можеби се чувствуваш обесхрабрено поради твоите сегашни околности. Можеби имаш склоност да го споредуваш она што го правиш сега со она што си го правел во минатото. Ако ова е случај и со тебе, што може да ти помогне да се справиш со таквото негативно размислување?

ШТО ОЧЕКУВА ЈЕХОВА ОД ТЕБЕ

Прашај се: „Што очекува Јехова од мене?“ Можеш да најдеш утеха во зборовите од 5. Мојсеева 6:5 каде што пишува: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сета своја сила“.

Според овој стих, Јехова очекува да му служиш со сето свое срце, душа и ум. Овој факт може да ти помогне да не се споредуваш со другите, ниту пак да го споредуваш она што го правиш сега со она што си можел да го правиш во минатото.

Размисли за следново: Кога си бил помлад, што си давал за Јехова? Повеќето слуги на Јехова би рекле дека му го давале своето најдобро. Во твојот случај, твоето најдобро било во склад со околностите што си ги имал тогаш. А што даваш за Јехова сега? Веројатно, сѐ уште го правиш она што можеш да го правиш во склад со околностите што ги имаш сега. Ако вака гледаш на работите, ќе дојдеш до заклучок дека сѐ уште правиш многу за Јехова исто како што си правел во минатото. Ти си му го давал своето најдобро тогаш, а му го даваш своето најдобро и денес.

Слики: Една сестра со години верно му служи на Јехова. 1. Децении претходно, како млада, сестрата разговара со една жена во служба од куќа до куќа. 2. Сестрата, сега во поодминати години, сведочи на телефон со една помлада сестра.

Кога си бил помлад, си му го давал своето најдобро на Јехова, а и сега, во поодминати години, му го даваш своето најдобро

МОЖЕШ ДА БИДЕШ ОД ГОЛЕМА ПОМОШ ЗА ДРУГИТЕ

Еве како уште можеш да гледаш на твојата ситуација: Наместо да гледаш на староста како на нешто што те ограничува, потруди се да гледаш на неа како на нешто што ти пружа нови можности. Всушност, како постар слуга на Јехова, сега можеш да правиш работи кои не си можел да ги правиш како помлад. На пример:

Споделувај го со другите твоето животно искуство. Размисли за следниве изјави запишани во Библијата:

Цар Давид: „Бев млад и остарев, но никогаш не видов праведник да биде оставен, ниту неговите деца да просат за леб“ (Пс. 37:25).

Исус Навин: „Еве, денес одам таму каде што одат сите на земјата. Вие добро знаете со сето ваше срце и со сета ваша душа дека не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што ви ги даде Јехова, вашиот Бог. Сѐ ви се исполни. Ниту едно ветување не остана неисполнето“ (Ис. Нав. 23:14).

Можеби и ти си кажал нешто слично кога си бил помлад за да ги охрабриш другите. Давид и Исус Навин ги кажале овие работи од лично искуство и затоа тоа имало поголема тежина.

Ако му служиш на Јехова долги години, и ти можеш да кажеш од лично искуство кои благослови произлегуваат од тоа. Дали се сеќаваш на некоја ситуација во која Јехова на посебен начин ти помогнал тебе или на некој друг? Ако да, раскажи им го тоа на другите. Тоа може многу да ги охрабри, како што си увидел и порано кога си споделил нешто охрабрувачко со другите. Според тоа, кога ќе го чујат твоето искуство, можеш да бидеш извор на охрабрување за нив (Рим. 1:11, 12).

Уште еден начин со кој можеш да ги охрабриш другите е така што ќе бидеш присутен на собраниските состаноци секогаш кога тоа е возможно. Со тоа ќе ги охрабриш соверниците, а ќе бидеш охрабрен и самиот. Кони, која беше цитирана погоре, вели: „Тоа што одам на состаноците ми помага да не се обесхрабрам. Како може да бидам тажна кога браќата и сестрите во салата за состаноци ми пружаат толку голема љубов? Сакам да им покажам на другите колку ги ценам со тоа што им давам мали подароци. И се трудам да учествувам во духовните активности заедно со моите браќа и сестри“.

ЈЕХОВА ГО ЦЕНИ ОНА ШТО ГО ПРАВИШ ЗА НЕГО

Во Библијата читаме за луѓе кои, поради околностите, не можеле да прават за Јехова онолку колку што сакале, но тој многу ги ценел. Еден од нив бил Симеон, постар Израелец кој сѐ уште бил жив кога се родил Исус. Кога одел во храмот, тој забележувал како млади момчиња извршуваат важни задачи таму. Од човечка гледна точка, Симеон можел да си мисли дека она што го прави на негови години не е толку вредно за Јехова. Но, Јехова гледал поинаку. За него, Симеон бил „праведен и богобојазлив“ човек и го благословил со тоа што му ја дал честа да го види Исус како новороденче. Јехова дури и го искористил Симеон да прорече дека Исус е идниот Месија (Лука 2:25-35). Очигледно, Јехова не гледал на Симеон како на стар и изнемоштен човек, туку како на човек со силна вера врз кого бил светиот дух.

Јосиф и Марија со радост му го покажуваат новороденчето Исус на Симеон.

Јехова го благословил Симеон со тоа што му ја дал честа да го види Исус како новороденче и да прорече дека Исус е идниот Месија

И ти можеш да бидеш сигурен дека Јехова го цени она што го правиш за него и покрај ограничувањата што можеби ги имаш. Тој цени кога го даваме она што го имаме, а не она што го немаме (2. Кор. 8:12).

Затоа, концентрирај се на она што можеш да го правиш. На пример, во кои гранки од службата сѐ уште можеш да учествуваш, макар и на кратко? Дали би можел да охрабриш некого така што ќе му се јавиш или ќе му напишеш картичка? Еден мал гест поттикнат од љубов може многу да им значи на твоите соверници, особено кога доаѓа од еден долгогодишен слуга на Јехова.

И покрај физичките ограничувања, вие, драги постари, можете многу да правите за Јехова. Од едно искуство од Источна Африка раскажано во рамката со наслов „Тоа значело живот за неа“ се гледа како Јехова ги користи постарите браќа и сестри.

Имајте на ум дека со вашата вера и лојалност можете да ги охрабрите другите. Вие сте жив пример за истрајност и можете да бидете уверени дека „Бог не е неправеден, па да го заборави вашето дело и љубовта што ја покажавте кон неговото име, така што им служевте на светите и продолжувате да им служите“ (Евр. 6:10).

ОСТАНИ АКТИВЕН

Истражувањата покажуваат дека, општо земено, постарите лица кои им помагаат на другите имаат подобро здравје, побистар ум и подолго живеат.

Се разбира, тоа што ќе правиш добри работи за другите, нема да го спречи стареењето. Единственото решение за тоа е Божјето Царство кое ќе ја отстрани причината за стареењето и смртта — гревот (Рим. 5:12).

Но и сега, кога го правиш она што Јехова го очекува од тебе, во што спаѓа да им помагаш на другите да го запознаат, си ја зајакнуваш надежта, а дури може да имаш и подобро здравје. Драги постари, Јехова многу го цени она што го правите за него, а на собранието многу му значи примерот што го оставате со својата вера.

Една постара сестра учествува во служба со колички. Таа ѝ чита стих на една млада жена по чие лице течат солзи.

Тоа значело живот за неа

Една млада жена поминувала покрај количка со литература. Нашата постара сестра ја поздравила и ја прашала дали може да ѝ прочита еден охрабрувачки стих. Ѝ прочитала Еремија 29:11 каде што пишува дека Јехова со нас има намери за мир, а не за неволја. Потоа, ја прашала: „Дали забележа каква иднина ти посакува Бог?“

Тие зборови многу ја трогнале жената. Очите ѝ се наполниле со солзи и рекла: „Тој сака да ми даде мир и надеж. Фала ти многу што ми ги прочита овие зборови. Уверена сум дека ова е одговор на мојата молитва. Во последно време ми се случија многу лоши работи, една по друга. Стана неиздржливо, дури и размислував да си го одземам животот. Ова утро му се молев на Бог да ми даде некаков знак дека сѐ уште се грижи за мене. И тогаш, од нигде никаде, ти, која првпат те гледам, ме застана и ми прочита стих кој јасно покажува каква намера има Бог со мене. Ова не е случајност“.

Сестрата ѝ покажала неколку статии на jw.org во кои се зборува за тоа како Библијата може да ѝ помогне да ги победи самоубиствените мисли. Потоа, ѝ објаснила како изгледа еден библиски курс и ја поканила на состанок. Следниот викенд, жената дошла на состанок и сега ја проучува брошурата Радувај му се на животот засекогаш.

Без оглед на тоа колку години имаш, можеш ли да учествуваш во сведочење со колички?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели