ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 16
  • Помош за жртвите на семејно насилство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош за жртвите на семејно насилство
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ти не си крива
  • Можеш да добиеш помош
  • Не си сама
  • На семејното насилство ќе му дојде крај
  • Ти можеш да ги надминеш проблемите кои му наштетуваат на семејството
    Тајната на семејната среќа
  • Пророштво 4: Недостиг на природна љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Вообичаени заблуди
    Разбудете се! 1994
  • Заштита од сексуална злоупотреба во домот
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разно
mrt статија 16
Една жена на море со надеж гледа како заоѓа сонцето.

Помош за жртвите на семејно насилство

„Насилството врз жените е глобален проблем од епидемиски размери, за кој итно треба да се преземе нешто“, вели Светската здравствена организација. Оваа организација проценува дека речиси 30 отсто „од сите жени кои биле во брак или во врска доживеале физичко и/или сексуално насилство“ од нивниот партнер. А во еден извештај од ОН се проценува дека во текот на една година, секој ден, по 137 жени биле убиени од страна на нивниот партнер или друг член на семејството.a

Статистичките податоци можеби откриваат колку е голем овој проблем, но ни одблизу не можат да ја опишат емоционалната и физичката болка што секоја жртва ја трпи.

Дали си жртва на семејно насилство? Или, дали познаваш некој што е? Во тој случај, разгледај ги следниве мисли од Библијата што можат да помогнат.

Ти не си крива

Можеш да добиеш помош

Не си сама

На семејното насилство ќе му дојде крај

Како можеш да помогнеш на некоја жртва на семејно насилство

Ти не си крива

Што вели Библијата: „Секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог“ (Римјаните 14:12).

Запамти: Оној што те малтретира е одговорен за своите постапки.

Ако твојот партнер те обвинува тебе за неговите насилни постапки, не е во право. Жените заслужуваат да бидат сакани, а не малтретирани (Колошаните 3:19).

Некои од оние кои ги малтретираат своите партнери можеби имаат психички проблеми, можеби пораснале во семејство каде што имало насилство или можеби се алкохоличари. Што и да е причината, оној што те малтретира е одговорен пред Бог за начинот на кој постапува со тебе. И должен е да направи сѐ што треба за да се промени.

Можеш да добиеш помош

Што вели Библијата: „Успехот лежи во мноштвото советници“ (Изреки 15:22).

Запамти: Ако се чувствуваш небезбедно или не знаеш што да правиш, други можат да ти помогнат.

Зошто ти е потребна помош од другите? Семејното насилство е комплексен проблем. Можеби ќе ти биде тешко да одлучиш што е најдобро да направиш додека размислуваш за следниве фактори:

  • Твојата лична безбедност

  • Доброто на твоите деца

  • Финансиската ситуација

  • Љубовта кон твојот партнер

  • Желбата да ја спасиш врската ако твојот партнер се промени

Нормално е ако се чувствуваш збунета и ситуацијата ти изгледа прекомплицирана. На кого можеш да се обратиш за помош?

Некој пријател или член на семејството во кого имаш доверба можеби ќе може да ти пружи практична помош и емоционална поддршка. Тоа што ќе зборуваш со некој што се грижи за тебе, може многу да ти помогне.

СОС линиите за жртви на семејно насилство може да ти помогнат во секое време. Оние што работат на тие линии можат да ти предложат како да се заштитиш. Ако твојот партнер го признае својот проблем и искрено сака да се промени, СОС линиите можат да му помогнат да ги направи првите чекори потребни за тоа.

Други итни служби можат да ти помогнат ако се најдеш во опасна ситуација. Во овие служби се вклучени доктори, медицински сестри и други стручни лица.

Не си сама

Што вели Библијата: „Јеховаb е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18).

Запамти: Бог ветува дека ќе ти помогне.

Јехова вистински се грижи за тебе (1. Петрово 5:7). Тој ги разбира твоите најдлабоки мисли и чувства. Може да те утеши преку неговата Реч, Библијата. И, сака да му се молиш. Кога се молиш, можеш да бараш од него да ти даде мудрост и сила да се справиш со ситуацијата во која се наоѓаш (Исаија 41:10).

На семејното насилство ќе му дојде крај

Што вели Библијата: „Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (Михеј 4:4).

Запамти: Библијата ветува дека во блиска иднина ќе дојде време кога сечиј дом ќе биде оаза на мирот.

Јехова Бог го има единственото потполно и трајно решение за сите наши проблеми. Библијата ветува: „Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:4). Во тоа време, сите болни сеќавања ќе исчезнат и ќе бидат заменети со убави моменти (Исаија 65:17). Таква убава иднина Библијата ти ветува и тебе.

a Во оваа статија за жртвата се користи женски род, но многу од мислите можат да се применат и на мажите кои се жртва на семејно насилство.

b Јехова е името на Бог, како што дознаваме од Библијата.

Како можеш да помогнеш на некоја жртва на семејно насилство

Дали познаваш некоја жртва на семејно насилство? Дури и ако не си стручно лице, ти можеш да ѝ помогнеш.c

Слушај и покажи сочувство (Јаков 1:19). Кажи ѝ дека си спремен да слушаш, но не ја присилувај да зборува. Стави ѝ до знаење дека ѝ веруваш (Изреки 20:5).

Еден стручен извор вели: „Ѝ било потребно многу храброст за да зборува со тебе. Жртвите обично го прикриваат или го минимизираат проблемот. Многу поретко се случува вистински да кажат што доживуваат или да ја преувеличат ситуацијата. За некој што го познаваш, можеби не ти се верува дека го малтретира својот партнер. Но, оној што е насилен, веројатно пред тебе се прикажува во многу поинакво светло од она што го гледа жртвата“.

Охрабри ја (1. Солуњаните 5:11). Со своите зборови помогни ѝ да си ја зајакне самодовербата. Кажи ѝ дека се грижиш за неа. Потсети ја на нејзините убави особини. И поттикни ја да побара помош.

Понуди ѝ поддршка (Изреки 17:17). Практично помогни ѝ, на пример причувај ѝ ги децата или зготви ѝ некој оброк. Прашај ја дали знае што да прави ако ситуацијата стане опасна и дали знае каде да оди за да биде на сигурно.

Увери ја дека е способна самостојно да носи одлуки (Галатите 6:5). Помогни ѝ да дојде до неопходните информации и зборувајте за можните опции. Но немој да ѝ кажуваш што треба да прави.

c Ако жртвата е од спротивниот пол, најдобро би било да ја ограничиш помошта што лично би ја пружил и да ја поттикнеш да побара помош од некое доверливо лице од истиот пол.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели