Halfpoint Images/Moment via Getty Images
БИДЕТЕ БУДНИ!
Врвен здравствен експерт предупредува за штетното влијание на социјалните мрежи врз младите — што вели Библијата?
На 23 мај 2023 год., еден врвен здравствен експерт во САД ја предупреди јавноста дека социјалните мрежи штетно влијаат врз многумина млади.
„Иако социјалните мрежи може да им користат на некои деца и тинејџери, постојат бројни показатели дека тие можат да имаат и многу штетно влијание врз менталното и физичкото здравје на децата и тинејџерите“ (Social Media and Youth Mental Health: The U.S. Surgeon General’s Advisory, 2023).
Извештајот на здравствениот експерт вклучува истражувања кои истакнуваат зошто има причини за загриженост.
Кај адолесцентите на возраст од 12 до 15 години „кои поминуваат повеќе од три часа дневно на социјални мрежи има двојно поголем ризик од нарушено ментално здравје, вклучувајќи симптоми на депресија и анксиозност“.
Кога тинејџерите на 14-годишна возраст „користеле социјални мрежи во зголемена мера, честопати имале проблеми со спиењето, доживувале малтретирање преку интернет, имале лошо мислење за својот изглед, се чувствувале безвредно и имале симптоми на депресија. Тоа почесто се случувало кај девојчињата отколку кај момчињата“.
Како можат родителите да ги заштитат своите деца од ваквите опасности? Библијата содржи практични совети.
Што можат да направат родителите
Бидете во тек. Како родители, размислете за потенцијалните опасности и одлучете дали вашето дете ќе користи социјални мрежи или не.
Библиско начело: „Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди“ (Изреки 22:6).
За да дознаете нешто повеќе, прочитајте ја статијата „Да ли моје дете треба да користи друштвене мреже?“ (на српски јазик).
Ако му дозволите на вашето дете да користи социјални мрежи, бидете свесни за можните опасности и бидете во тек со она што го прави вашето дете на интернет. Како би можеле да му помогнете?
Заштитете го вашето дете од штетни содржини. Поучете го вашето дете како да препознава и како да избегнува штетни содржини.
Библиско начело: „Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас... а исто и срамотно однесување, и безумен говор, и безобразни шеги“ (Ефешаните 5:3, 4).
Практични предлози може да најдете во статијата „Помозите тинејџеру да паметно користи друштвене мреже“ (на српски јазик).
Поставете граници. На пример, поставете правила во врска со тоа кога и колку долго вашето дете смее да користи социјални мрежи.
Библиско начело: „Добро внимавајте како живеете — не како немудри, туку како мудри. Добро користете го времето што го имате“ (Ефешаните 5:15, 16, фус.).
Користете ја поучната анимација Немој да се заплеткаш во социјалните мрежи за да му помогнете на вашето дете да сфати зошто е неопходно да се постават граници.