Вторник, 9 септември
Глупавата жена е необуздана. Таа е олицетворение на лекомисленоста (Изр. 9:13)
Оние на кои им е упатена поканата од „глупавата жена“ стојат пред избор — дали да ја прифатат или да ја одбијат? Има многу добри причини зошто треба да се чуваме од сексуален неморал. „Глупавата жена“ вели: „Крадената вода е слатка“ (Изр. 9:17). На што се однесува „крадената вода“? Сексуалните односи меѓу маж и жена што се во брак, Библијата ги споредува со освежителна вода што извира од кладенец (Изр. 5:15-18). Еден маж и една жена кои се законски венчани можат да уживаат во чисти и прикладни сексуални односи во рамките на нивниот брак. Тоа е сосема спротивно на „крадената вода“ која може да се однесува на недозволени сексуални односи надвор од бракот. Луѓето кои прават такви неморални постапки обично се трудат да го скријат тоа од другите, исто како еден крадец кој обично краде во тајност. Ним „крадената вода“ може да им се чини особено слатка доколку мислат дека никој нема да дознае што прават. Колку се лажат самите себе! Јехова гледа сѐ. Нема ништо полошо од тоа да го изгубиме пријателството со Јехова. Таквата трагична загуба воопшто не е „слатка“ (1. Кор. 6:9, 10; w23.06 22, пас. 7-9).
Среда, 10 септември
Ако го правам тоа доброволно, имам награда, а ако го правам тоа против своја волја, сепак ми е доверена задача (1. Кор. 9:17)
Што треба да правиш ако забележиш дека твоите молитви станале механички или дека службата на проповедање си почнал да ја извршуваш рутински? Немој да заклучиш дека си го изгубил Јеховиниот дух. Бидејќи си несовршен, твоите чувства одвреме-навреме можат да се менуваат. Ако твојата ревност почнува да се намалува, размислувај за примерот на апостол Павле. Иако се трудел да го следи примерот на Исус, тој знаел дека понекогаш нема да има силна желба да го прави она што е потребно. Павле бил решен да ја извршува својата служба без разлика како можеби се чувствувал во моментот. Слично на тоа, не дозволувај твоите несовршени чувства да влијаат врз твоите одлуки. Биди решен да го правиш она што е исправно без разлика како се чувствуваш. Ако продолжиш да го правиш она што е исправно, со текот на времето твоите чувства можеби ќе се сменат (1. Кор. 9:16; w24.03 11-12, пас. 12-13).
Четврток, 11 септември
Покажете им дека ги сакате (2. Кор. 8:24)
Можеме да покажеме љубов кон нашите браќа и сестри така што ќе ги примиме во нашиот круг на пријатели (2. Кор. 6:11-13). Многумина од нас се дел од некое собрание кое е составено од браќа и сестри со различно потекло и со различен карактер. Можеме да имаме поголема љубов кон сите нив ако се концентрираме на нивните добри особини. Со тоа што учиме да гледаме на другите онака како што Јехова гледа на нив, докажуваме дека ги сакаме. Љубовта ќе ни биде неопходна за време на големата неволја. Кога таа ќе започне, како ќе нѐ заштити Јехова? Размисли какво упатство му дал тој на својот народ кога бил нападнат древниот Вавилон: „Ајде, народе мој, влези во своите соби, каде што ќе бидеш на сигурно, и затвори ги вратите зад себе! Скриј се за миг дури да мине гневот!“ (Иса. 26:20). Ова упатство можеби ќе важи и за нас за време на големата неволја (w23.07 6-7, пас. 14-16).