ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 69
  • Зошто да се молам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се молам?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е молитвата?
  • Дали Бог нѐ слуша?
  • За што да се молам?
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како можеш да се приближиш кон Бог
    Спознание кое води до вечен живот
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Цени ја честа да му се молиш на Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 69
Тинејџерка седи покрај езеро

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто да се молам?

Според една анкета, 80 отсто од тинејџерите во Америка се молат, но само половина од нив се молат секој ден. Без сомнение, некои од нив се прашуваат: „Дали молитвата е само начин да се ослободиш од стресот или, пак, вклучува нешто повеќе?“

  • Што е молитвата?

  • Дали Бог нѐ слуша?

  • За што да се молам?

  • Што велат други млади

Што е молитвата?

Молитвата е вистински разговор со Творецот на сѐ што постои. Замисли што значи тоа! Иако Јехова е повозвишен од луѓето во секој поглед, тој „не е далеку од никого“ (Дела 17:27). Всушност, Библијата нѐ поттикнува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8).

Како би можел да му се приближиш на Бог?

  • Еден начин е преку молитвата — така ти му зборуваш на Бог.

  • Друг начин е преку проучувањето на Библијата — така Бог ти „зборува“ тебе.

Таквата обострана комуникација — молитва и проучување на Библијата — ќе ти помогне да изградиш цврсто пријателство со Бог.

„Да зборуваш со Јехова, со највозвишената личност што постои, е најголемата чест што може да ја има еден човек“ (Џереми).

„Кога во молитва му ги кажувам на Јехова моите најдлабоки чувства, станувам поблиска со него“ (Миранда).

Дали Бог нѐ слуша?

Можеби веруваш во Бог, па дури и му се молиш, а сепак не си потполно уверен дека нѐ слуша. Но, Библијата вели дека Јехова е „тој што ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Таа нѐ поттикнува: „Сите свои грижи фрлете ги на него“. Зошто? „Зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

Размисли: Сигурно одвојуваш време за редовно да разговараш со твоите блиски пријатели. Би можел да го правиш истото и со Бог. Редовно моли му се користејќи го неговото лично име, Јехова (Псалм 86:5-7; 88:9). Библијата вели: „Молете се непрестајно“ (1. Солуњаните 5:17).

„Молитвата е разговор со мојот небесен Татко, во кој му кажувам сѐ што ми лежи на срце“ (Мојзес).

„Зборувам со Јехова за сѐ, и тоа во детали, исто како што би зборувала со мајка ми или со некоја блиска пријателка“ (Карен).

За што да се молам?

Библијата вели: „Во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог“ (Филипјаните 4:6).

Дали тоа значи дека е во ред да се молиме и за нашите проблеми? Секако. Во Библијата пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи“ (Псалм 55:22).

Се разбира, кога му се молиш на Бог, не треба да зборуваш само за твоите проблеми. „Ако го барам Јехова само кога нешто ми треба, какво пријателство е тоа?“, вели една девојка по име Шантел. „Мислам дека најпрво треба да ја изразам својата благодарност, и тоа за повеќе работи, а не само за неколку.“

Размисли: За кои работи си благодарен? За кои три работи што се случиле денес би можел да му се заблагодариш на Јехова?

„Дури и нешто едноставно, како еден убав цвет, би можело да нѐ поттикне да му се заблагодариме на Јехова во молитва“ (Анита).

„Размислувај за нешто од творештвото што ти остава посебен впечаток или за некој библиски стих што те допира до срце, и потоа заблагодари му на Јехова за тоа“ (Брајан).

Што велат други млади

Мојзес

„Добро е нашите молитви да бидат длабоки како океан, а не како бара. Јехова сака да ни помогне, и иако знае што ни треба уште пред да му кажеме, со тоа што длабоко ќе му се молиме ќе покажеме дека имаме доверба во него“ (Мојзес).

Миранда

„Молитвата е како јаже — едниот крај го држам јас, а другиот Јехова. Кога се молам длабоко и од срце, имам чувство како да го затегнувам јажето, а и Јехова го прави истото. Така врската помеѓу нас станува поцврста“ (Миранда).

Џереми

„Ако не пазиме, нашите молитви би можеле да се претворат во список со желби. Но, ако му благодариме на Јехова, почнуваме да ги цениме многуте работи што ни ги дава, и не сме сконцентрирани само на себе кога се молиме“ (Џереми).

Шелби

„Колку повеќе му кажуваме фала на Јехова толку поблагодарни личности стануваме. Таквите молитви ни помагаат повеќе да мислиме на убавите работи што ги имаме отколку на проблемите со кои се соочуваме“ (Шелби).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели