Покажи искрен интерес — со тоа што ќе бидеш љубезен
1 Сеќавајќи се на првиот пат кога сретнала некој Јеховин сведок, една жена која имала предрасуди за Сведоците рекла: „Навистина не се сеќавам за што зборувавме, но се сеќавам колку беше љубезна со мене и колку беше гостољубива и понизна. Навистина бев привлечена кон неа како личност“. Овие зборови покажуваат колку е важно да покажеме искрен личен интерес за оние на кои им проповедаме (Фил. 2:4).
2 Љубовта е љубезна: Еден начин на кој можеме да покажеме љубов кон другите е да бидеме љубезни (1. Кор. 13:4). Едно љубезно лице се грижи за доброто на другите и се труди да им помогне. Се разбира, проповедањето сигурно е едно добро дело. Но нашата искрена грижа за луѓето нема да се покаже само во тоа да им проповедаме на луѓето. Нашиот комплетен однос кон луѓето — пријателскиот став, добрите манири, начинот на кој слушаме, тоа што им го кажуваме и како им го кажуваме, па дури и тоа како ги гледаме — ќе открие дека навистина сме заинтересирани (Мат. 8:2, 3).
3 Љубезната грижа за другите луѓе исто така ќе нѐ поттикне да им помогнеме на практичен начин. Додека еден пионер проповедал од врата до врата, една постара вдовица веднаш одбила да разговара кога дознала дека тој е Сведок. Му кажала дека заѕвонил на вратата токму кога таа била качена на скала во кујната, обидувајќи се да ја смени сијалицата. „Не е безбедно да го правите тоа сами“ рекол тој. Таа го поканила да влезе. Тој ја сменил сијалицата и си отишол. Кратко потоа ја посетил нејзиниот син и таа му кажала што се случило. Тој бил толку воодушевен, што се обидел да го најде братот за да му се заблагодари. Ова водело до убав разговор, а потоа синот прифатил да ја проучува Библијата.
4 Со тоа што сме љубезни, ја одразуваме Јеховината љубов кон луѓето и ја украсуваме пораката за Царството. Затоа, секогаш да „се препорачуваме како Божји министри, . . во љубезност“ (2. Кор. 6:4, 6).