ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/05 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 10 октомври
  • Седмица што почнува од 17 октомври
  • Седмица што почнува од 24 октомври
  • Седмица што почнува од 31 октомври
  • Седмица што почнува од 7 ноември
Нашата служба за Царството 2005
km 10/05 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 10 октомври

Песна 17

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 8. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 октомври. По приказот, истакни некои добри аспекти од презентацијата. Освен тоа, обрни внимание на другите статии од списанието кои можат да бидат интересни за луѓето на вашето подрачје.

15 мин: Дали имаш добри навики на читање? Дискусија со присутните на темел на избрани делови од книгата Школа за служба, страници 21-26. Што може да се вклучи во нашата програма за читање? (рамката на стр. 21). Зошто е важно за нас да ги читаме публикациите што ги добиваме? (стр. 23, пас. 2). Што е клучот за да задржиме добра програма за читање? (стр. 26, пас. 3-4). Кога си одвојуваш време да ги читаш списанијата Разбудете се! и Стражарска кула? Како ова ти користело тебе?

20 мин: „Продолжи со смелост да ја зборуваш Божјата реч.“a Замоли ги присутните да раскажат некои ситуации во кои може да биде тешко да се собере храброста што е потребна за да се сведочи. Што им помогнало да го направат тоа?

Песна 78 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 17 октомври

Песна 36

10 мин: Локални известувања. Користејќи го дел 3 од додатокот во Наша служба за Царството од септември 2005, повтори една или две мисли за тоа како делотворно да ја користиме Библијата кога водиме библиски студии.

15 мин: Избегни ги опасностите од Интернет. Еден старешина нека одржи говор на темел на Разбудете се! од 8 март 2004, страници 26-29

20 мин: „Покажи искрен интерес — така што ќе бидеш љубезен.“b Замоли ги присутните да кажат како можеме да покажеме љубезност кон другите кога учествуваме во службата на проповедање. Во идните изданија од Наша служба за Царството ќе бидат разгледани други аспекти од тоа како да покажеме искрен интерес кон оние на кои им проповедаме.

Песна 2 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 24 октомври

Песна 68

10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Употреби една од предложените презентации во додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2005 или некој друг пристап кој е делотворен на вашето подрачје, за да прикажеш како да се понуди литературата за ноември. (Види во Наша служба за Царството од јануари 2005, стр. 8, пас. 5.)

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Одразување на Божјите мерила во нашето облекување и дотерување. Еден старешина нека одржи говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 август 2002, страници 17-19. Замоли ги присутните да кажат како нашиот примерен изглед може да го отвори патот за сведочење.

Песна 153 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 31 октомври

Песна 209

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за октомври. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентираат Стражарска кула од 1 ноември и Разбудете се! од 8 ноември. Во една од презентациите, постави темел за следната посета така што ќе обрнеш внимание на рамката „Во нашето следно издание“. (Види во Наша служба за Царството од октомври 1998 стр. 8, пас. 7-8).

15 мин: Зголеми го интересот кај редовните читатели. Говор и дискусија со присутните на темел на Наша служба за Царството од мај 2005, стр. 8. Како можеме да започнеме редовно да им носиме списанија на заинтересираните? (пас. 1). Како да се подготвиме да разгледаме по еден библиски стих? (пас. 3). Зошто е важно да направиме повеќе отколку само да ги прочитаме избраните стихови? (пас. 4). Како можат редовните читатели да почнат редовно да ја проучуваат Библијата? (пас. 5). Вклучи една презентација во која објавител разгледува еден стих со некој редовен читател на списанијата.

20 мин: Млади кои се одлучни, а сепак полни со почит. Еден старешина нека одржи говор на темел на Стражарска кула од 15 септември 2002, страници 23-24, поднаслов „Воздржувај се со почит“. Однапред замоли еден или двајца младинци да кажат со кои предизвици се соочиле на училиште и што им помогнало успешно да се справат со нив.

Песна 222 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 ноември

Песна 39

5 мин: Локални известувања.

20 мин: Подобри ја својата концентрација на состаноците. Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 септември 2002. страници 12-14, пас. 11-14. Разгледај ги предлозите што се дадени и замоли ги присутните да кажат што им помогнало да извлечат најголема корист од собраниските состаноци.

20 мин: „Развиј ја вештината да резонираш со другите.“c Замоли некои објавители да раскажат како можеле на вашето подрачје да резонираат со луѓе од различно потекло.

Песна 50 и заклучна молитва

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели