ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/3 стр. 3-4
  • Добро водство — светски предизвик

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Добро водство — светски предизвик
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • Верата и твојата иднина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Одговор на библиски прашања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Може ли светот да се обедини?
    Разбудете се! 1994
  • Кој е вистинскиот водач за денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/3 стр. 3-4

Добро водство — светски предизвик

Човекот бил писател и поет. Срцето му било полно со надеж за иднината. Пред околу 90 години си замислувал едно место „каде што мислите ќе бидат без страв, а главата крената горе; каде што знаењето ќе биде бесплатно; каде што светот нема да биде расцепкан со тесногради национални ѕидови; каде што зборовите ќе излегуваат од длабочината на вистината; [и] каде што неуморните стремежи ќе ги протегаат рацете кон совршенство“.

ТОГАШ овој писател ја изразил надежта дека еден ден неговата земја, како и останатиот дел од светот, ќе се разбудат во едно такво место. Ако овој поет, добитник на Нобеловата награда, би бил жив денес, навистина многу би се разочарал. И покрај сите свои успеси и подеми, светот е порасцепкан од кога и да било порано. А, во глобала, изгледите за иднината на човекот остануваат мрачни.

Кога бил запрашан зошто ненадејно избило насилство меѓу извесни фракции во неговата земја, еден земјоделец укажал на нешто што според него, било една од причините. „Тоа е поради лошите водачи“, рекол. Во својата книга Humanity—A Moral History of the Twentieth Century (Човештвото — морална историја на дваесеттиот век), историчарот Џонатан Гловер изразил слично гледиште со зборовите: „Геноцидот [во истата земја] не беше спонтана ерупција на племенска омраза, тој беше испланиран од луѓе што сакаа да ја задржат власта“.

Кога избила војна меѓу две републики во бивша Југославија, во почетокот на 1990-тите, една новинарка напишала: „Среќно живеевме заедно многу години и сега дојде до тоа меѓусебно да си ги убиваме бебињата. Што се случува со нас?“

На илјадници километри растојание од Европа и Африка се наоѓа земјата Индија, родното место на поетот спомнат во почетокот. Во едно предавање со наслов „Може ли Индија да опстане како една нација?“, авторот Прани Гапте забележал: ‚Околу 70 проценти од огромното население на Индија е на возраст под 30 години, а сепак нема водачи што ќе им дадат пример за имитирање‘.

Водачите во некои земји морале да се повлечат од својата позиција поради обвиненија за корупција. Значи, светот од различни причини изгледа доживува криза на водството. Условите сведочат за вистинитоста на зборовите на еден пророк, кој живеел пред околу 2.600 години. Тој рекол: „Патот на човекот не е во неговата власт . . . човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори!“ (Еремија 10:23).

Постои ли излез од маките во кои моментално се наоѓа светот? Кој може да го води човештвото во свет каде што човечкото општество нема да биде растргнато со војни ниту, пак, оптоварено со страв, каде што вистинското спознание ќе биде бесплатно и изобилно и каде што човештвото ќе оди кон совршеност?

[Извор на слика на страница 3]

Фатмир Бошњаку

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели