ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/1 стр. 3-4
  • Вашето дете е во опасност!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вашето дете е во опасност!
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стар проблем
  • Итен проблем
  • Заштита од сексуална злоупотреба во домот
    Разбудете се! 1994
  • Сексуална експлоатација на деца — светски проблем
    Разбудете се! 1997
  • Кризата е од светски размери
    Разбудете се! 1999
  • Како да си ги заштитите децата
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/1 стр. 3-4

Вашето дете е во опасност!

Сексуалното малтретирање на деца е грда реалност во овој болен свет. Списанието Lear’s вели: „Тоа влијае на повеќе луѓе отколку ракот, срцевите заболувања или сидата“. Затоа, Разбудете се! чувствува обврска да се потруди на своите читатели да им го сврти вниманието на оваа опасност и да покаже што може да се стори околу тоа. (Спореди Језекиил 3:17-21; Римјаните 13:11-13.)

ВО ПОСЛЕДНИВЕ години се кренала општа врева околу сексуалното малтретирање на деца. Но вниманието на медиумот, презаситена од познати личности кои во јавноста ги откриле сопствените искуства од злоупотреба во детството, довело до некои популарни погрешни сфаќања. Некои мислат дека сите тие разговори околу сексуалните напади врз децата се само најнов тренд. Но, во суштина, таквите сексуални напади не се ништо ново. Тоа е старо скоро колку и самата човечка историја.

Стар проблем

Пред околу 4.000 години, градовите Содом и Гомор биле познати по изопаченоста. Педофилијата очигледно спаѓала меѓу многуте пороци во регионот. Прва Мојсеева 19:4 опишува една сексуално излудена толпа Содомци, „од момче до старец“ (НС), кои сакале да ги силуваат двајцата Лотови гости. Размислете: Зошто момчињата би биле распалени со идејата да силуваат машки? Очигледно дека веќе биле запознаени со хомосексуални перверзии.

Со векови подоцна, израелската нација се преселила во регионот Ханан. Таа земја била толку заглибена во инцест, содомија, бестијалност, проституција, па дури и ритуално жртвување на мали деца на демонски богови, што сите тие одвратни постапки морале изрично да бидат забранети во Мозаитскиот Закон (3. Мојсеева 18:6, 21-23; 19:29; Јеремија 32:35). И покрај божествените предупредувања, бунтовните Израелци, вклучувајќи и некои од нивните владетели, ги присвоиле овие одвратни обичаи (Псалм 105:35-38).

Древните Грција и Рим, меѓутоа, биле уште полоши од Израел во овој поглед. Чедоубиството било вообичаено и за Грција и за Рим, а во Грција било нашироко прифатен обичај постарите мажи да имаат полови односи со млади момчиња. Машки јавни куќи цутеле во секој град на древна Грција. Во Римското Царство, детската проституција толку преовладувала што специјално за тој занает биле поставени посебни даноци и празници. Во арените, девојчиња биле силувани и принудени на бестијални постапки. Слични одвратности биле раширени кај многу други древни нации.

А како е во денешно време? Дали човештвото е прецивилизирано за такви грозни сексуални постапки? Истражувачите на Библијата не можат да го прифатат тоа гледиште. Добро знаат дека апостолот Павле нашето време го означил како „времиња тешки“. Тој во поединости зборува за необузданото себељубие, љубов спрема задоволства и распаѓањето на природната семејна љубов кои го преплавуваат современото општество, и додал: „Лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото“ (2. Тимотеј 3:1-5, 13; Откровение 12:7-12). Дали станало полошо сексуалното малтретирање на деца, кое толку често го вршат ‚лоши луѓе и лажливци‘?

Итен проблем

Нападите врз децата често се чувани во тајност, поради што биле познати како можеби најретко пријавуваните злосторства. Сепак, таквите злосторства очигледно пораснале во последните децении. Во Соединетите Држави била спроведена анкета на таа тема од страна на Los Angeles Times. Се утврдило дека 27 отсто од жените и 16 отсто од мажите биле сексуално злоупотребени како деца. Колку и да се шокантни ваквите статистички податоци, други внимателни проценки за Соединетите Држави биле значително повисоки.

Во Малезија, четири пати се зголемиле извештаите за сексуално малтретирање на деца во последната деценија. Во Тајланд, околу 75 отсто мажи во една анкета признале дека користеле машки проститутки. Во Германија, службениците пресметуваат дека не помалу од 300.000 деца се сексуално злоупотребени секоја година. Според јужноафриканскиот Cape Times, бројот на извештаите за таквите напади во последните три години пораснале за 175 отсто. Во Холандија и Канада, истражувачите откриле дека околу една третина од сите жени биле сексуално злоупотребени како деца. Во Финска, 18 отсто од девојчињата во деветто одделение (15 до 16 години) и 7 отсто од момчињата известиле дека имале сексуална врска со некого барем пет години постар од нив.

Од различни земји пристигнуваат вознемирувачки извештаи за религиозни култови при кои биле злоупотребувани деца преку садистички сексуални обичаи и тортура. Често, оние кои известуваат дека биле жртви на такви злосторства наидуваат на недоверба, а не на сочувство.

Значи, сексуалното малтретирање на деца не е ниту ново, ниту невообичаено; тоа е стар проблем кој денес има епидемиски размери. Неговите последици може да бидат опустошувачки. Многу преживеани страдаат од длабоко чувство на безвредност и мало самопочитување. Стручњаците на тоа поле навеле некои вообичаени последици од инцест на девојки, како што се бегање од дома, злоупотреба на дрога и алкохол, депресија, обиди за самоубиство, деликвенција, промискуитет, проблеми со спиењето и учењето. Во долгорочните последици можат да спаѓаат лоши родителски способности, фригидност, недоверба спрема мажи, брак со педофиличар, лезбејство, проституција, па и малтретирање на сопствените деца.

Овие последици не се неминовни за жртвата; ниту пак, може некој со право да го оправда своето погрешно постапување само со тоа што некој во минатото бил злоупотребуван. Злоупотребата не ги предодредува своите жртви да бидат неморални или деликвенти; ниту пак ги ослободува од сите нивни лични одговорности за она што го избираат подоцна во животот. Но тие вообичаени последици се вистинска опасност за жртвите. Тие му придаваат итност на прашањето: Како можеме да ги заштитиме децата од сексуално малтретирање?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели