Можеш ли да имаш доверба во Библијата?
КОГА би зел Библија, дали би очекувал да најдеш паричка? Каква е оваа древна сребрена паричка?
Многумина Библијата ја сметаат за стара книга која изнесува старински приказни и прекрасен морал. Меѓутоа, таквите не веруваат дека библиските извештаи се точна историја, и затоа ја негираат како Реч од Бог. Но, доказите за точноста на Библијата се многубројни. Оваа паричка (зголемена) е добар пример. Што вели ракописот?
Паричката е искована во градот Тарс кој се наоѓал во југоисточниот дел на денешна Турција. Била произведена за време на владеењето на персискиот гувернер Мазеј во четвртиот век пр. н. е. и на неа тој се идентификува како гувернер на провинцијата „зад реката“, всушност, реката Еуфрат.
Но зошто овој израз е занимлив? Затоа што истото име можеш да го пронајдеш и во твојата Библија. Во 1. Ездра 5:6–6:13 се изнесува договарањето меѓу персискиот цар Дариј и кнезот Татнај. Тема на договорот била повторната изградба на израелскиот храм во Ерусалим. Ездра бил вешт препишувач на Божјиот закон, и веројатно би очекувал да биде прецизен и точен во тоа што го напишал. Можеш да видиш во 1. Ездра 5:6 и 6:13 дека тој го именувал Татнај како „задречен кнез“.
Ездра го запишал тоа околу 460 пр. н. е., речиси 100 години пред оваа паричка да биде искована. Некои луѓе можеби сметаат дека е ситна поединост именувањето на некој древен службеник. Но ако можеш да имаш доверба во писателите на Библијата дури и во така ситни детали, зарем тоа не би го зголемило твоето уверение и во сето друго што тие го напишале?
Во првите две статии од ова издание ќе најдеш додатни причини за таквата доверба.
[Извор на слика на страница 32]
Колекција на Israel Dept. of Antiquities Го изложил и фотографирал Israel Museum