ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w22 Декември стр. 15
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Сличен материјал
  • „Дозволете да се работи“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Дозволи му на Јехова да те користи
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Никогаш не ги напуштај соверниците
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Какви цели имаш за новата службена година?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
Повеќе
The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
w22 Декември стр. 15

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше броевите од Стражарска кула од оваа година? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Како ни користи тоа што одвојуваме време да зборуваме со Јехова, да го слушаме и да размислуваме за него?

Така носиме подобри одлуки, подобро ги поучуваме другите, нашата вера расте и нашата љубов кон Јехова се зголемува (w22.01, стр. 30-31).

Како ќе ни користи тоа што ќе научиме да имаме доверба во Јехова и во луѓето што тој ги поставил да предводат?

Сега е време да научиме да имаме доверба во начинот на кој Јехова ги прави работите така што нема да се сомневаме во упатствата и одлуките од старешините. Кога ќе започне големата неволја, ќе бидеме спремни да ги слушаме упатствата дури и ако ни изгледаат чудни или нелогични (w22.02, стр. 4-6).

Зошто ангелот му го спомнал на Захарија „висулецот во рацете на [управителот] Зоровавел“? (Зах. 4:8-10).

Ова видение го уверило Божјиот народ дека, иако храмот што се градел за некои изгледал безначаен, сепак ќе бил завршен и ќе бил токму онаков каков што сака Јехова (w22.03, стр. 16-17).

Како можеме да им бидеме пример на другите „во говорот“? (1. Тим. 4:12).

Со тоа што ќе зборуваме љубезно и со почит во службата на проповедање, ќе пееме од срце, редовно ќе даваме коментари на состаноците, ќе ја зборуваме вистината, ќе ги охрабруваме другите со нашите зборови и нема да користиме навредлив говор (w22.04, стр. 6-9).

Зошто карактеристиките на четирите ѕвера (царства) кои се спомнати во Даниел поглавје 7 ги има само еден ѕвер кој е опишан во Откровение 13:1, 2?

Ѕверот од Откровение поглавје 13 не претставува само една влада или светска сила, како што бил Рим. Наместо тоа, тој ги претставува сите влади кои досега постоеле во човечката историја (w22.05, стр. 9).

Кој е еден важен начин на кој можеме да покажеме доверба во Јеховината правда?

Кога некој ќе нѐ повреди или ќе ни згреши, се трудиме да не држиме лутина и да ги оставиме работите во Јеховини раце. Тој ќе ја поправи сета штета предизвикана од гревот (w22.06, стр. 10-11).

Што треба да земе предвид еден брат кој ги застапува другите во јавна молитва на состанок?

Молитвата не треба да се користи за да му се даваат совети на собранието или за да се даваат известувања. Особено во молитвата на почетокот од состанокот не треба да се користат „многу зборови“ (Мат. 6:7; w22.07, стр. 24-25).

Во која смисла „оние што правеле зло“ ќе добијат „воскресение за осуда“, односно за суд? (Јован 5:29).

Тие нема да добијат осуда на темел на делата што ги правеле пред да умрат. Исус и помазаниците ќе го набљудуваат нивното однесување по воскресението и ќе дадат проценка за нив (w22.09, стр. 18).

Кој важен поттик го дал брат Ратерфорд на еден конгрес во септември 1922 год.?

На конгресот во Седар Поинт (Охајо, САД), тој изјавил: „Царот владее! Вие сте негови јавни застапници. Затоа, објавувајте, објавувајте, објавувајте го Царот и неговото Царство!“ (w22.10, стр. 3-5).

Според Исаија поглавје 30, на кои три начини Бог ни помага да истраеме?

Ова поглавје покажува дека тој 1) ги слуша нашите молитви и одговара на нив, 2) ни дава водство и 3) ни дава благослови сега, а ќе ни дава и во иднина (w22.11, стр. 9).

Зошто можеме да заклучиме дека зборовите од Псалм 37:10, 11, 29 се исполниле во минатото, а ќе се исполнат и во иднина?

Зборовите на Давид соодветно ги опишуваат убавите услови кои владееле во древниот Израел, како на пример за време на владеењето на Соломон. Исус укажал на еден иден рај и го цитирал стих 11 (Мат. 5:5; Лука 23:43; w22.12, стр. 8-10, 14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели