ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 25
  • Која е Божјата намера со луѓето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Која е Божјата намера со луѓето?
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Животот има величествена смисла
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Кој е Бог?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Како настанал животот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Која е смислата на животот?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 25
Лекција 25. Слика на Земјата од вселената.

ЛЕКЦИЈА 25

Која е Божјата намера со луѓето?

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Библијата отворено вели дека животот на луѓето е краток и полн со неволји (Јов 14:1). Дали Бог сакал да имаме ваков живот? Ако не, тогаш која е неговата намера со нас? Дали таа некогаш ќе се исполни? Библијата ни дава утешни одговори на овие прашања.

1. Каков живот сака Јехова да имаме?

Јехова сака да бидеме вистински среќни и да уживаме во животот. Кога ги создал првите луѓе, Адам и Ева, тој ги сместил во една рајска градина — градината Еден. Потоа Бог ги благословил и им рекол: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја“ (1. Мојсеева 1:28). Јехова сакал тие да имаат деца, да ја претворат целата Земја во рај и да се грижат за животните. Неговата намера била сите луѓе да имаат совршено здравје и да живеат засекогаш.

Иако животот на луѓето денес воопшто не е таков,a Божјата намера не се сменила (Исаија 46:10, 11). Тој сѐ уште сака луѓето кои му се послушни да живеат засекогаш во совршени услови. (Прочитај Откровение 21:3, 4.)

2. Како може уште денес да имаме среќен и исполнет живот?

Јехова нѐ создал со „духовни потреби“, односно со желба да го запознаеме и да го обожаваме. (Прочитај Матеј 5:3-6.) Тој сака да бидеме блиски пријатели со него, да одиме „по сите негови патишта“, да го сакаме и да му служиме „со сето свое срце“ (5. Мојсеева 10:12; Псалм 25:14). Ако го правиме тоа, ќе бидеме вистински среќни дури и кога имаме проблеми. Кога некој му служи на Јехова, неговиот живот има вистинска смисла.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како од начинот на кој Јехова ја создал Земјата се гледа колку многу тој нѐ сака. Исто така, ќе дознаеш што вели Божјата Реч за смислата на животот.

Адам и Ева гледаат во нивниот прекрасен рајски дом исполнет со бујна вегетација и животни.

3. Јехова има прекрасна намера со луѓето

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Зошто Бог ја создал Земјата? — извадок (1:41)

  • Зошто Бог ја создал нашата прекрасна планета?

Прочитај Проповедник 3:11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што ни кажуваат овие зборови за Јехова?

4. Јеховината намера не се сменила

Прочитај Псалм 37:11, 29 и Исаија 55:11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Од каде знаеме дека Јеховината намера со луѓето не се сменила?

А. Една запуштена куќа. Покривот се распаѓа, прозорците се искршени, а во дворот има отпад. Б. Истата куќа е реновирана и изгледа убаво и има среден двор.

Една запуштена и оштетена куќа може да се реновира. Земјата е како една таква куќа — иако луѓето ја довеле во лоша состојба, Бог ќе ја обнови за да можат на неа да живеат оние што го сакаат

5. Кога некој му служи на Јехова, неговиот живот има вистинска смисла

Тоа што знаеме која е смислата на животот, нѐ исполнува со радост. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

ВИДЕОКЛИП: Дознав која е смислата на животот (5:04)

  • Како ѝ користело на Теруми тоа што дознала која е смислата на животот?

Прочитај Проповедник 12:13, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Со оглед на тоа што Јехова направил толку многу за нас, како може да покажеме дека сме му благодарни?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Која е смислата на животот?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Јехова сака да му се радуваме на животот засекогаш во совршени услови на Земјата. Кога му служиме со сето срце, нашиот живот има вистинска смисла уште денес.

Како би одговорил?

  • Каква намера имал Јехова со Адам и Ева?

  • Од каде знаеме дека Божјата намера со луѓето не се сменила?

  • Како твојот живот може да има вистинска смисла?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај кои докази потврдуваат дека градината Еден навистина постоела.

„Дали постоела рајската градина?“ (Стражарска кула од 1 јануари 2011)

Прочитај зошто може да бидеме сигурни дека Земјата ќе постои засекогаш.

„Дали Земјата ќе биде уништена?“ (Статија на интернет)

Прочитај што вели Библијата во врска со тоа како да ја најдеш смислата на животот.

„Која е смислата на животот?“ (Статија на интернет)

Дознај како еден човек, кој наизглед имал сѐ, ја пронашол смислата на животот.

Сега мојот живот има вистинска смисла (3:55)

a Во следната лекција ќе видиме зошто работите тргнале во погрешен правец.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели