ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/8 стр. 21-23
  • Дали сите добри луѓе одат на небото?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сите добри луѓе одат на небото?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што ќе прават на небото оние што ќе отидат таму?
  • Над кого ќе владеат?
  • Ќе има рај на Земјата
  • „Злиот ќе го снема“
  • На капетанската маса
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Можеме ли да имаме доверба во некого?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Лекување на раните од војната
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Што има на небото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/8 стр. 21-23

Разговор на библиски теми — дали сите добри луѓе одат на небото?

ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ со задоволство разговараат со другите луѓе за Библијата. Имаш ли некое прашање за кое многу сакаш да знаеш каков одговор дава таа? Дали сакаш да дознаеш нешто повеќе за Јеховините сведоци и нивните верувања? Ако е така, слободно прашај сѐ што те интересира кога ќе сретнеш некој од нив. Сигурно со задоволство ќе ти одговори.

Следи еден типичен разговор на Јеховин сведок со некој станар. Да речеме дека Марко, кој е Јеховин сведок, отишол кај Роберт.

Што ќе прават на небото оние што ќе отидат таму?

Марко: Што мислите, вреди ли да се биде добар човек во денешно време?

Роберт: Да бидам искрен, луѓето не ја ценат многу добрината. За среќа има еден горе што гледа, па ако сме добри ќе си ја добиеме наградата кај него, на небото.

Марко: И Библијата кажува дека некои добри луѓе ќе одат на небото. А дали некогаш сте се прашале што ќе прават таму?

Роберт: Ќе бидеме засекогаш со Бог.

Марко: Тоа е нешто навистина убаво. Како што спомнав, Библијата потврдува дека на некои луѓе навистина ќе им биде дадена ваква убава чест. Но, таа кажува дека тие што ќе одат на небото ќе имаат и една одговорност.

Роберт: Каква?

Марко: За неа се зборува во Откровение 5:10, каде што пишува: „[Исус] ги направи царство и свештеници на нашиот Бог, и ќе царуваат над земјата“. Дали забележавте каква одговорност ќе им биде дадена?

Роберт: Според ова, ќе владеат како цареви над Земјата.

Марко: Интересно, нели?

Над кого ќе владеат?

Марко: Е сега, ако оние што одат на небото ќе владеат како цареви, мора да има и луѓе над кои ќе владеат, нели? Ако нема над кого да владеат, зошто воопшто би им била дадена таа улога?

Роберт: Да, сфаќам.

Марко: Тогаш, логично е да се прашаме: Над кого ќе владеат?

Роберт: Претпоставувам дека ќе владееме над луѓето на Земјата што сѐ уште не умреле и не отишле на небото.

Марко: Тоа би било точно ако сите добри луѓе одат на небото. Ама, тука мора да земеме предвид уште една работа. Што мислите, можно ли е некои луѓе — и тоа добри луѓе — да не одат на небото откако ќе умрат?

Роберт: Мислам не, барем не христијаните.

Марко: Ве прашав затоа што сакам да Ви покажам што пишува во Псалм 37:29. Ќе сакате Вие да прочитате?

Роберт: Важи. Тука пишува: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“.

Марко: Благодарам. Дали забележавте каде ќе живеат голем број добри луѓе?

Роберт: Па, според ова, ќе живеат на Земјата.

Марко: Така е, и тоа не само кратко време. Видете, во стихот пишува дека „ќе живеат на неа засекогаш“.

Роберт: Тоа можеби значи дека секогаш ќе има добри луѓе на Земјата. Откако ќе умреме и ќе отидеме на небото, овде ќе останат други добри луѓе.

Марко: Многумина веројатно така би го разбрале овој стих. Но, можно ли е тој да има сосема друго значење? Можно ли е да значи дека на Земјата засекогаш ќе живеат само добри луѓе?

Роберт: Е сега не сфаќам на што мислите.

Ќе има рај на Земјата

Марко: На пример, видете што е кажано на едно друго место во Библијата за животот на Земјата во иднина. Ќе прочитаме Откровение 21:4. За луѓето што ќе живеат тогаш, стихот вели: „И [Бог] ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“. Убаво ветување, нели?

Роберт: Да. Но, јас би рекол дека тие зборови го опишуваат животот на небото.

Марко: Точно, и оние што одат на небото ќе доживеат такви благослови. Но, што покажува овој стих, што ќе се случи со смртта?

Роберт: Пишува дека „смрт нема да има веќе“.

Марко: Одлично. А сигурно ќе се сложите дека, ако нешто веќе го нема, мора пред тоа да постоело.

Роберт: Се разбира.

Марко: Но, на небото нема смрт, така? Луѓето умираат само овде, на Земјата.

Роберт: Хмм. Сега ме ставивте на мисла.

Марко: Всушност, Библијата вели дека некои добри луѓе ќе одат на небото, но дека многу други ќе живеат вечно на Земјата. Можеби сте слушнале дека Исус рекол: „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!“ (Матеј 5:5, Превод на МПЦ).

Роберт: Да, познати ми се тие зборови.

Марко: Тоа што кротките ќе ја наследат Земјата покажува дека ќе живеат на неа, нели? Тие ќе бидат благословени со сите работи што се проречени овде, во Откровение. Ќе видат како денешниов свет ќе доживее целосна промена затоа што Бог еднаш засекогаш ќе им стави крај на сите лоши работи — па дури и на смртта.

Роберт: Ве сфаќам, ама само еден или два стиха не можат да ме уверат во ова што го тврдите.

Марко: Се разбира. Но, знаете, има уште многу стихови кои опишуваат каков ќе биде животот овде на Земјата. Ако имате уште малку време, би сакал да Ви прочитам еден стих што ми е меѓу омилените.

Роберт: Слободно.

„Злиот ќе го снема“

Марко: Пред малку го прочитавме 29. стих од Псалм 37. Да се вратиме на тој псалм. Сега ќе ги прочитаме стихови 10 и 11. Сакате Вие да ги прочитате?

Роберт: Нема проблем. „Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир.“

Марко: Благодарам. Според стих 11, каде ќе живеат „кротките“, или добрите луѓе?

Роберт: „Ќе ја поседуваат земјата.“ Сепак, јас сметам дека овде станува збор за денешно време — и сега на Земјата има добри луѓе.

Марко: Во право сте. Но, видете, во стихот пишува дека добрите луѓе „ќе уживаат во изобилен мир“. Во денешниов свет баш и нема толку мир, нели?

Роберт: Така е.

Марко: Тогаш, како ќе се исполни ова ветување? Да Ви кажам една споредба: Замислете си дека сте ја издале Вашата двоспратна куќа на две семејства. Едните кираџии се добри луѓе — го одржуваат својот дел и се фини со комшиите. Мило Ви е што сте им го издале станот. Но, другите ја оштетуваат куќата и се во лоши односи со сите комшии. Ако упорно одбиваат да се сменат, што би направиле Вие?

Роберт: Би ги избркал од куќата.

Марко: Токму тоа ќе го направи и Бог со лошите луѓе денес. Погледнете уште еднаш што пишува во 10. стих: „Злиот ќе го снема“. Со други зборови, Бог ќе ги „избрка“ оние што им прават проблеми на другите. Тогаш добрите луѓе ќе можат мирно да живеат на Земјата. Сфаќам дека ова што Ви го кажувам е нешто ново за вас и е поинакво од она што сте го верувале досега.

Роберт: Да, никогаш не сум слушнал такво нешто.

Марко: И, како што рековте, не е доволно да се прочитаат само стих или два за човек да се увери во тоа. Треба да испитаме што кажува целата Библија во врска со иднината на добрите луѓе. Но, врз основа на стиховите што ги прочитавме, Ви изгледа ли логично дека некои добри луѓе ќе одат на небото, а многу други добри луѓе ќе живеат засекогаш на Земјата?

Роберт: Не знам, не сум сигурен. Но, стиховите што ми ги прочитавте може да водат и до таков заклучок. Морам малку повеќе да размислам за тоа.

Марко: Тогаш, можеби ќе Ви се појават и други прашања. На пример, што е со добрите луѓе што живееле пред нас? Дали се на небото? Ако не, каде се?

Роберт: Е, тоа се добри прашања.

Марко: Имам еден предлог. Ќе Ви запишам неколку стихови што се однесуваат на таа тема.a Прочитајте ги и размислете за нив, а јас повторно ќе навратам за да ги разгледаме и заедно. Може?

Роберт: Може, договорено.

[Фуснота]

a Види Јов 14:13-15; Јован 3:13; Дела 2:34.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели