ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 155
  • Што вели Библијата за давањето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за давањето?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата?
  • Кога Бог се радува на нашето давање?
  • Кога Бог не е задоволен со нашето давање?
  • „Бог го сака веселиот дарител“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Имаш ли дух на давање?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Јехова ги љуби веселите дарители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Почувствувај ја радоста од давањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 155
Еден човек држи спакуван подарок

Што вели Библијата за давањето?

Што вели Библијата?

Библијата нѐ охрабрува да даваме доброволно, од срце и со исправни мотиви. Таа покажува дека таквото давање го усреќува и оној што дава и оној што прима (Изреки 11:25; Лука 6:38). Исус рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35).

  • Кога Бог се радува на нашето давање?

  • Кога Бог не е задоволен со нашето давање?

  • Библиски стихови поврзани со давањето

Кога Бог се радува на нашето давање?

Бог се радува кога даваме доброволно и од срце. Библијата вели: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7).

Давањето кое е поттикнато од исправни мотиви е обележје на религијата што Бог ја одобрува (Јаков 1:27, фуснота). Кога некој великодушно им помага на оние што имаат потреба, му угодува на Бог. Бог гледа на таквото давање како на заем што му се дава нему лично (Изреки 19:17). Библијата вели дека тој ќе го награди таквиот човек (Лука 14:12-14).

Кога Бог не е задоволен со нашето давање?

Ако даваме од неисправни, себични мотиви, како на пример:

  • да се покажеме пред другите (Матеј 6:2)

  • да добиеме нешто за возврат (Лука 14:12-14)

  • да си „купиме“ спасение (Псалм 49:6, 7).

Ако она што го даваме е наменето за нешто кое Бог го осудува. На пример, би било погрешно да даваме пари на човек што ќе ги прокоцка или ќе ги потроши на дрога или алкохол (1. Коринќаните 6:9, 10; 2. Коринќаните 7:1). Освен тоа, не е во ред да даваме на оние што можат сами да се издржуваат, но не сакаат да работат (2. Солуњаните 3:10).

Ако даваме на други, и поради тоа нашето семејство мора да трпи. Библијата вели дека главата на семејството мора да се грижи за потребите на домашните (1. Тимотеј 5:8). Не би било во ред да им дава толку многу на другите што ќе нема доволно за неговото семејство. Самиот Исус ги осудил оние што не сакале да се грижат за своите остарени родители под изговор дека сѐ што имаат е „одредено како дар за Бог“ (Марко 7:9-13).

Библиски стихови поврзани со давањето

Изреки 11:25: „Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета, и кој обилно ги напојува другите, и самиот ќе биде обилно напоен“.

Значење: Давањето го усреќува и оној што дава и оној што прима.

Изреки 19:17: „Кој е милостив кон сиромавиот, му дава заем на Јехова, и Тој ќе му плати за неговите дела“.

Значење: Бог смета дека им е должен на оние што им помагаат на сиромасите, и ветува дека ќе ја награди нивната великодушност.

Матеј 6:2: „Кога даваш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите... за да ги слават луѓето“.

Значење: Не смееме да даваме само за да го свртиме вниманието на другите врз себеси.

Дела 20:35: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“. 

Значење: Среќни сме кога даваме од срце.

2. Коринќаните 9:7: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“.

Значење: Бог се радува кога даваме доброволно и од срце.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели