ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/6 стр. 20-25
  • Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Семејниот живот загрозен
  • Зошто семејна криза?
  • Четири животоважни начела
  • Тежнеј и понатаму кон божествен мир
  • Обезбеди трајна иднина за своето семејство
    Тајната на семејната среќа
  • Постои ли тајна за семејна среќа?
    Тајната на семејната среќа
  • Радувај се на семејниот живот
    Радувај се на семејниот живот
  • Семејството — човечка неопходност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/6 стр. 20-25

Тежнеј кон божествен мир во семејниот живот

„Припишете му на Јехова, о семејства народни, припишете му на Јехова слава и сила“ (ПСАЛМ 96:7, НС).

1. Каков почеток му дал Јехова на семејниот живот?

ЈЕХОВА му дал на семејниот живот еден мирољубив и среќен почеток кога ги обединил првиот маж и првата жена во брак. Всушност, Адам бил толку среќен што ја изразил својата радост во најраната забележана поезија: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!“ (1. Мојсеева 2:23).

2. Што имал Бог на ум за бракот, освен да им донесе среќа на своите човечки деца?

2 Кога Творецот го установил бракот и семејното уредување, тој имал на ум нешто повеќе отколку само да им донесе среќа на своите човечки деца. Сакал тие да ја вршат неговата волја. На првата двојка, Бог ѝ рекол: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата“ (1. Мојсеева 1:28). Навистина, наградувачка задача. Колку само среќни би биле Адам, Ева и нивните идни деца доколку првата брачна двојка послушно ја вршела Јеховината волја!

3. Што е потребно за семејствата да живеат со оддаденост на Бог?

3 Сепак, дури и денес, семејствата се најсреќни кога работат заедно на извршување на Божјата волја. А колку само величествени изгледи имаат таквите послушни семејства! Апостол Павле напишал: „Побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот“ (1. Тимотеј 4:8). Семејствата кои живеат со вистинска оддаденост на Бог, ги следат начелата од Јеховината Реч и ја вршат неговата волја. Тие тежнеат кон божествен мир и така наоѓаат среќа во ‚сегашниот живот‘.

Семејниот живот загрозен

4, 5. Зошто може да се рече дека семејниот живот сега е загрозен ширум светот?

4 Се разбира, не наоѓаме мир и среќа во секое семејство. Наведувајќи една студија што ја изготвил еден демографски институт, наречен Концил за населението, The New York Times вели: „И во богатите и во сиромашните земји, структурата на семејниот живот претрпува длабоки промени“. Цитирана е една авторка на оваа студија, која рекла: „Идејата дека семејството е стабилна и кохезивна единка, во која таткото служи како економски набавувач а мајката како емоционален згрижувач, претставува мит. Реалноста е таа дека трендовите, како што се невенчани мајки, растечки стапки на развод [и] помали домаќинства . . . се присутни низ целиот свет“. Поради таквите трендови, на милиони семејства им недостига стабилност, мир и среќа, и голем број од нив се распаѓаат. Во Шпанија, до почетокот на последната деценија од XX-тиот век, стапката на разводи се зголеми на секој 8-ми брак — голем скок од пред 25 години, кога се распаѓаше секој 100-ти брак. За Англија се известува дека има една од највисоките стапки на развод во Европа — од секои 10 брака, 4 пропаѓаат. Таа земја доживеа и зголемен бран во бројот на семејства со еден родител.

5 Се чини дека некои луѓе едвај чекаат да се разведат. Мнозина нагрнуваат кон „Светилиштето на разделувањето“, близу Токио (Јапонија). Овој шинтоистички храм прима молби за развод и за прекинување на други несакани врски. Секој обожавател ја запишува својата молба на една тенка дрвена табличка, ја закачува во подрачјето на светилиштето и се моли за одговор. Еден токиски весник вели дека, кога светилиштето било основано пред околу еден век, „сопругите на богатите локални трговци пишувале молитви со кои барале нивните сопрузи да ги напуштат љубовниците и да им се вратат ним“. Меѓутоа, денес повеќето молби се за развод, а не за помирување. Без сомнение, семејниот живот е загрозен ширум светот. Дали ова треба да ги изненади христијаните? Не, бидејќи Библијата ни дава увид во сегашната семејна криза.

Зошто семејна криза?

6. Какво влијание има 1. Јованово 5:19 врз денешната семејна криза?

6 Една причина за денешната семејна криза е следнава: „Целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19, НС). Што можеме да очекуваме од злобниот, Сатана Ѓаволот? Тој е еден злобен, неморален лажливец (Јован 8:44). Не е ни чудо што неговиот свет плива во измама и во неморал, толку погубни за семејниот живот! Вон Божјата организација, сатанското влијание се заканува да ја уништи Јеховината институција — бракот и да му стави крај на мирољубивиот семеен живот.

7. Како можат врз семејствата да влијаат обележјата што ги покажуваат многу луѓе во последниве денови?

7 На една друга причина за сегашните семејни проблеми кои го измачуваат човештвото, е укажано во 2. Тимотеј 3:1—5 (НС). Павловите пророчки зборови што се запишани таму покажуваат дека живееме во „последните денови“. Семејствата не можат да бидат мирољубиви и среќни ако нивните членови се „себељубиви, љубители на пари, вообразени, надуени, хулници, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, без природна наклоност, непристапни за каков и да е договор, клеветници, без самосовладување, жестоки, без љубов кон добротата, издајници, тврдоглави, надуени од гордост, љубители на задоволства наместо љубители на Бог, кои имаат облик на оддаденост на Бог, но се покажуваат лажни во поглед на нејзината сила“. Едно семејство не може да биде потполно среќно дури и ако само на еден од неговите членови му недостига природна наклоност или е нелојален. Колку мирољубив може да биде семејниот живот ако некој во домаќинството е жесток и не е пристапен за каков и да е договор? Што е уште полошо, како може да има мир и среќа кога членовите на семејството се љубители на задоволства наместо љубители на Бог? Тоа се обележјата на луѓето во овој свет со кој владее Сатана. Не е ни чудо што семејната среќа е недостижна во овие последни денови!

8, 9. Какво влијание може да има однесувањето на децата врз семејната среќа?

8 Уште една друга причина зошто на многу семејства им недостига мир и среќа е лошото однесување на децата. Кога Павле ги претскажал условите во последните денови, тој прорекол дека многу деца ќе бидат непослушни на родителите. Ако си млада особа, дали со своето однесување помагаш твоето семејство да биде мирољубиво и среќно?

9 Некои деца не се примерни во однесувањето. На пример, едно младо момче му го напишало на татка си ова безобразно писмо: „Ако не ме земеш во Александрија, нема да ти напишам писмо, ниту да зборувам со тебе, ниту да ти речам пријатно и, ако отидеш во Александрија, нема да те држам за рака ниту, пак, да те поздравувам некогаш повторно. Тоа ќе се случи ако не ме земеш . . . Но испрати ми [харфа], те молам. Ако не ми испратиш, нема да јадам и нема да пијам. Така да знаеш!“ Дали ова звучи некако современо? Па, ова писмо од едно момче до својот татко било напишано уште во древниот Египет пред повеќе од 2.000 години.

10. Како можат помладите да им помогнат на своите семејства да тежнеат по божествен мир?

10 Ставот на тоа египетско момче не го унапредувал семејниот мир. Се разбира, во овие последни денови во семејствата се случуваат далеку посериозни работи. Сепак, вие помладите можете да му помогнете на своето семејство да тежнее кон божествен мир. Како? Така што ќе го слушате овој библиски совет: „Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е благоугодно на Господа“ (Колосјаните 3:20).

11. Како можат родителите да им помогнат на своите деца да станат верни слуги на Јехова?

11 Како е со вас, родители? Со љубов помагајте им на своите деца да станат верни слуги на Јехова. „Поучи го момчето во почетокот на патот негов“, вели стихот од Изреки 22:6. „Тој нема да скршне од него и кога ќе остари.“ Со добро библиско поучување и со добри родителски примери, многу момчиња и девојчиња не скршнуваат од исправниот пат кога ќе станат постари. Но, многу зависи од квалитетот и од обемот на библиското поучување, како и од срцето на младиот.

12. Зошто христијанскиот дом треба да биде мирољубив?

12 Доколку сите членови на нашето семејство се трудат да ја вршат Јеховината волја, мора да уживаме божествен мир. Христијанскиот дом треба да биде исполнет со ‚пријатели на мирот‘. Лука 10:1—6 покажува дека Исус имал на ум такви луѓе кога испратил 70 ученици како министри и им рекол: „Во која куќа влезете, прво кажете: ‚Мир на таа куќа!‘ Па, ако биде таму синот на мирот [пријателот на мирот, НС], вашиот мир ќе остане на него“. Додека Јеховините слуги мирољубиво одат од куќа до куќа со „добрата вест на мир“ (НС), тие бараат пријатели на мирот (Дела 10:34—36; Ефесјаните 2:13—18). Сигурно дека едно христијанско домаќинство кое е составено од пријатели на мирот, треба да биде мирољубиво.

13, 14. а) Што им посакувала Ноемина на Рут и на Орфа? б) Какво пребивалиште треба да биде христијанскиот дом?

13 Домот треба да биде место на мир и починка. Остарената вдовица Ноемина се надевала дека Бог ќе им ги додели на нејзините млади, овдовени снаи, Рут и Орфа, починката и утехата што произлегуваат од тоа да се има добар сопруг и дом. Ноемина рекла: „Нека ви даде Господ да најдете прибежиште секоја во куќата на својот маж!“ (Рут 1:9). Во врска со желбата на Ноемина, еден научник напишал дека во такви домови, Рут и Орфа „би нашле ослободување од немир и загриженост. Тие би пронашле починка. Тоа би било место во кое би можеле да престојуваат и во кое нивните најнежни чувства и најчесни желби би пронашле задоволеност и спокој. Специфичната јачина на хебрејскиот . . . убаво е покажана преку структурата на поврзаните изрази во [Исаија 32:17, 18]“.

14 Молиме, забележи го ова осврнување на Исаија 32:17, 18. Таму читаме: „Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на правосудството — спокојство и безопасност засекогаш. Тогаш народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените“. Христијанскиот дом треба да биде пребивалиште на праведност, смиреност, сигурност и божествен мир. Но, што ако се појават испити, разлики или други проблеми? Особено тогаш треба да ја знаеме тајната на семејната среќа.

Четири животоважни начела

15. Како би ја дефинирал тајната на семејната среќа?

15 Секое семејство на Земјата му го должи своето име на Јехова Бог, Творецот на семејствата (Ефесјаните 3:14, 15, НС). Затоа, оние кои посакуваат семејна среќа, треба да бараат негово водство и да го фалат, како што сторил и псалмистот: „Припишете му на Јехова, о семејства народни, припишете му на Јехова слава и сила“ (Псалм 96:7, НС). Тајната на семејната среќа лежи на страниците на Божјата Реч, Библијата, и во примената на нејзините начела. Едно семејство кое ги применува овие начела ќе биде среќно и ќе ужива божествен мир. Затоа, да разгледаме четири од овие важни начела.

16. Каква улога треба да игра самосовладувањето во семејниот живот?

16 Едно од овие начела се сосредоточува на следново: За божествен мир во семејниот живот многу е важно самосовладувањето. Цар Соломон рекол: „Она што е разрушен град, без ѕидови, таков е човекот, кој не владее со [не го совладува, НС] духот свој“ (Изреки 25:28). Да се совладува својот дух — да се практикува самосовладување — е животоважно ако сакаме да имаме мирољубиво и среќно семејство. Иако сме несовршени, треба да практикуваме самосовладување, кое е плод на Божјиот свет дух (Римјаните 7:21, 22; Галатјаните 5:22, 23). Духот ќе создаде самосовладување во нас ако се молиме за оваа особина, ако го применуваме библискиот совет во врска со тоа и ако се дружиме со другите кои го покажуваат. Овој начин на постапување ќе ни помогне ‚да бегаме од блудство‘ (1. Коринтјаните 6:18). Самосовладувањето исто така ќе ни помогне да го отфрлиме насилството, да го избегнеме или да го надвладееме алкохолизмот и посмирено да се справиме со тешките ситуации.

17, 18. а) Како се применува стихот од 1. Коринтјаните 11:3 на христијанскиот семеен живот? б) На кој начин признавањето на поглаварството го унапредува божествениот мир во семејството?

17 Едно друго суштинско начело може да се наведе вака: Признавањето на поглаварството ќе ни помогне да тежнееме кон божествен мир во нашите семејства. Павле напишал: „Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жена глава е мажот; на Христа, пак, глава е Бог“ (1. Коринтјаните 11:3). Тоа значи дека мажот го презема водството во семејството, дека неговата сопруга лојално го поддржува и дека децата се послушни (Ефесјаните 5:22—25, 28—33; 6:1—4). Таквото постапување ќе унапредува божествен мир во семејниот живот.

18 Христијанскиот сопруг треба да запамти дека библиското поглаварство не е диктаторство. Тој мора да го имитира Исус, својата Глава. Иако требало да биде „глава над сите“, Исус ‚не дошол да Му служат, туку дошол да послужи‘ (Ефесјаните 1:22; Матеј 20:28). На сличен начин, христијанскиот маж спроведува поглаварство на начин полн со љубов, кој му овозможува добро да се грижи за интересите на своето семејство. А секако, христијанската сопруга сака да соработува со својот сопруг. Како негов „помошник“ и „дополнување“ (НС), таа ги обезбедува особините кои му недостигаат на сопругот и на тој начин му ја дава потребната поддршка (1. Мојсеева 2:20; Изреки 31:10—31). Исправното спроведување на поглаварството им помага на сопрузите и на сопругите меѓусебно да постапуваат со почитување и ги поттикнува децата да бидат послушни. Да, признавањето на поглаварството унапредува божествен мир во семејниот живот.

19. Зошто добрата комуникација е суштинска за семејниот мир и среќа?

19 Третото важно начело може да се изрази со овие зборови: Добрата комуникација е животоважна за семејниот мир и среќа. Јаков 1:19 ни кажува: „Секој човек нека биде брз во слушањето, а спор во зборувањето, и бавен на гнев“. Членовите на семејството треба да се слушаат и да зборуваат едни со други, бидејќи семејната комуникација претставува двонасочна улица. Меѓутоа, дури и кога она што го велиме е вистина, тоа веројатно ќе направи поголема штета отколку добро ако е кажано на еден суров, горделив или неосетлив начин. Нашиот говор треба да биде вкусен, „зачинет со сол“ (Колосјаните 4:6). Семејствата кои ги следат библиските начела и кои добро комуницираат, тежнеат кон божествен мир.

20. Зошто ти би рекол дека љубовта е суштинска за семејниот мир?

20 Четвртото начело е ова: Љубовта е суштинска за семејниот мир и среќа. Романтичната љубов може да игра важна улога во бракот и меѓу членовите на семејството може да се развие длабока наклоност. Но, уште поважна е љубовта што е означена со грчкиот збор ага́пе. Тоа е љубовта што ја негуваме кон Јехова, кон Исус и кон нашиот ближен (Матеј 22:37—39). Јехова ја покажал оваа љубов кон човештвото со тоа што го дал ‚Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен‘ (Јован 3:16). Колку само е прекрасно тоа што ние можеме да го покажуваме истиот вид љубов кон членовите на своето семејство! Оваа возвишена љубов претставува „совршена врска на единство“ (Колосјаните 3:14 ‚НС). Таа ја врзува брачната двојка и ја мотивира да го прави она што е најдобро за нив двајцата и за нивните деца. Кога ќе настанат тешкотии, љубовта им помага обединето да се постапи со работите. Можеме да бидеме сигурни во ова, бидејќи „љубовта . . . не бара свое . . . Сѐ извинува, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ претрпува. Љубовта никогаш не престанува“ (1. Коринтјаните 13:4—8). Навистина се среќни оние семејства во кои меѓусебната љубов е зацврстена со љубовта кон Јехова!

Тежнеј и понатаму кон божествен мир

21. Што веројатно ќе ги зголеми мирот и среќата на твоето семејство?

21 Претходниве и другите начела извлечени од Библијата, се истакнати во публикации што Јехова љубезно ги обезбедувал преку ‚верниот и разборит роб‘ (Матеј 24:45, НС). На пример, такви информации се наоѓаат во книгата од 192 страници, Тајната на семејната среќа, објавена на Обласните конгреси на Јеховините сведоци, „Гласници на божествен мир“, што се одржаа ширум светот во 1996—1997 година. Личната и семејната студија на Библијата со помошта на една ваква публикација може да донесе многу користи (Исаија 48:17, 18). Да, применувањето на библискиот совет веројатно ќе ги зго⁠леми мирот и среќата на твоето семејство.

22. Околу што треба да го сосредоточуваме нашиот семеен живот?

22 Јехова има подготвено прекрасни работи за семејствата кои ја вршат неговата волја, и тој сигурно ја заслужува нашата фалба и служба (Откровение 21:1—4). Затоа, нека твоето семејство го сосредоточи својот живот околу обожавањето на вистинитиот Бог. И нека нашиот небесен Татко, Јехова, кој е полн со љубов, те благослови со среќа додека тежнееш кон божествен мир во својот семеен живот!

Како би одговорил?

◻ Што се бара за семејствата да живеат со оддаденост на Бог?

◻ Зошто денес постои семејна криза?

◻ Која е тајната на семејната среќа?

◻ Кои се некои начела кои ќе ни помагаат да унапредуваме мир и среќа во семејниот живот?

[Слика на страница 24]

Добрата комуникација ни помага да тежнееме кон божествен мир во семејниот живот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели