ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gm погл. 3 стр. 25-36
  • Лажниот пријател на Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лажниот пријател на Библијата
  • Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Противење на преведувањето на Библијата
  • Поборници за Библијата
  • Виш критицизам
  • „Ќе се зборува навредливо“
  • Речта Божја преживува
  • Христијанството ги издало Бог и Библијата
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Обиди да се скрие Божјата Реч
    Разбудете се! 2011
  • Отпадништво — патот до Бог е препречен
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Како христијанството станало дел од овој свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Библијата — Реч Божја или човечка?
gm погл. 3 стр. 25-36

Поглавје 3

Лажниот пријател на Библијата

Во ова поглавје дискутираме за главната причина зошто многумина од нехристијан ските земји одбиваат да ја прифатат Библијата како Реч Божја. Историски, христијанскиот свет тврдел дека верува во Библијата и дека е нејзин чувар. Но, религиозните организации на христијанскиот свет биле поврзани со некои од најгрозните ужаси во историјата, од крстоносните војни и погроми во средниот век па сѐ до холокаустот во наше време. Дали однесувањето на христијанскиот свет е добра причина да се отфрли Библијата? Вистината е — христијанскиот свет докажал дека е лажен пријател на Библијата. Навистина, кога христијанскиот свет се појавил во четвртиот век н. е., борбата на Библијата за да преживее во никој случај не била завршена.

1, 2. (Вклучи го и уводот.) а) Зошто многумина одбиваат да ја прифатат Библијата како Реч Божја? б) Која добра работа била извршена во текот на првиот и вториот век, но сепак каков опасен развој бил во тек?

ДО КРАЈОТ на првиот век било завршено пишувањето на сите книги на Библијата. Оттогаш наваму, христијаните биле во првите редови при препишувањето и дистрибуирањето на комплетната Библија. Истовремено, тие биле зафатени со нејзино преведување на највообичаените јазици од тоа време. Меѓутоа, додека христијанското собрание било зафатено со оваа пофална работа, почнало да се оформува нешто што би се докажало како многу опасно за преживувањето на Библијата.

2 Овој развој го претскажала самата Библија. Еднаш Исус кажал парабола за еден човек кој на својата нива посеал семе од жито со добар квалитет. Но, ‚кога луѓето спиеле‘, еден непријател посеал семе кое би произвело плевел. И двата вида семиња изникнале и, за извесно време, плевелот го скрил житото од вид. Преку оваа парабола Исус покажал дека плодот на неговото дело ќе бидат вистинските христијани, но дека после неговата смрт, во собранието ќе се вовлечат лажни христијани. На крајот, тешко би било да се распознаат вистинските од лажните (Матеј 13:24—30, 36—43).

3. Според апостол Петар, каков би бил ефектот од „христијаните“, слични на плевел, врз верата во Библијата?

3 Апостол Петар отворено предупредил на ефектот кој овие „христијани“, слични на плевел, ќе го имаат врз начинот на кој луѓето би гледале на христијанството и на Библијата. Тој предупредил: „И меѓу вас ќе има лажни учители, кои што ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господа, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел. И мнозина ќе појдат по нивните нечистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен“ (2. Петрово 2:1, 2).

4. Како пророштвата на Исус и на Петар се исполниле уште во првиот век?

4 Пророштвата на Исус и на Петар се исполнувале дури и во текот на првиот век. Во христијанското собрание се вовлекле амбициозни луѓе и посеале раздор (2. Тимотеј 2:16—18; 2. Петрово 2:21, 22; 3. Јованово 9, 10). Во текот на следните два века, чистотата на библиската вистина била расипана со грчка филозофија и мнозина погрешно прифатиле пагански доктрини како библиска вистина.

5. Каква промена во статусот доживеало „христијанството“ во текот на четвртиот век?

5 Во четвртиот век, еден облик на „христијанство“ конечно станал службена религија на Римската Империја. Но, тоа „христијанство“ било многу поинакво од религијата која ја проповедал Исус. До тоа време, ‚плевелот‘ цветал токму како што претскажал Исус. Сепак, можеме да бидеме сигурни дека во текот на сиот тој период постоеле некои кои го претставувале вистинското христијанство и се труделе да ја следат Библијата како инспирирана Реч Божја (Матеј 28:19, 20).

Противење на преведувањето на Библијата

6. Кога почнал да се оформува христијанскиот свет и кој бил еден начин на кој религијата на христијанскиот свет се разликувала од библиското христијанство?

6 Оној христијански свет кој го знаеме денес, почнал да се оформува во времето на Константин. Од тоа време, дегенерираниот облик на христијанство што пуштил корен повеќе не бил само религиозна организација. Тој бил дел од државата, а нејзините водачи играле важна улога во политиката. На крај, отпадничката црква ја употребила својата политичка моќ на начин кој потполно се косел со библиското христијанство, воведувајќи друга опасна закана за Библијата. Како?

7, 8. Кога папата изразил противење на преведувањето на Библијата, и зошто го сторил тоа?

7 Кога латинскиот изумрел како секојдневен јазик, биле потребни нови преводи на Библијата. Но, Католичката црква повеќе не била наклонета кон тоа. Во 1079 Вратислав, кој подоцна станал цар на Бохемија, го замолил папата Грегориј VII за дозвола да ја преведе Библијата на јазикот на неговите поданици. Одговорот на папата бил „не“. Тој навел: „На оние кои често размислуваат за неа, јасно им е дека не е без причина тоа што на Семоќниот Бог му е угодно Светото писмо на извесни места да биде тајна за да не се случи — доколку тоа би им било јасно очигледно на сите луѓе — да биде можеби малку ценето и биде предмет на непочитување; или, пак, би можело да биде криво разбрано од оние со просечно знаење и да води до заблуда“.1

8 Папата сакал Библијата да се чува на сега веќе мртвиот јазик — латински. Нејзината содржина требало да се држи „тајно“, да не се преведува на јазиците на обичните луѓе.a Латинската Вулгата на Јероним, која тој ја создал во 5 век за да им ја направи Библијата достапна на сите, сега станала средство преку кое таа требало да се чува скриена.

9, 10. а) Како се развило римокатоличкото противење на преведувањето на Библијата? б) Која била целта на Црквата кога ѝ се противела на Библијата?

9 Како што средниот век напредувал, ставот на црквата кон домашните Библии отврднувал. Во 1199, папата Инокентиј III му напишал на надбискупот во Мец (Германија) едно толку силно писмо што надбискупот ги изгорел сите Библии на германски јазик што можел да ги најде.3 Во 1229, синодот на Тулуз (Франција) пресудил дека „лаиците“ не би смееле да поседуваат никаква библиска книга на обичниот јазик.4 Во 1233, еден провинциски синод на Тарагона (Шпанија), заповедал да се предадат сите книги од „Стариот или Новиот завет“ за да бидат изгорени.5 Во 1407, синодот на свештенството свикан во Оксфорд (Англија) од страна на надбискупот Томас Арундел, недвосмислено го забранил преведувањето на Библијата на англиски или на некој друг современ јазик.6 Во 1431, повторно во Англија, бискупот Стафорд од Велс го забранил преведувањето на Библијата на англиски, како и поседувањето такви преводи.7

10 Овие религиозни авторитети не се обидувале да ја уништат Библијата. Тие се обидувале да ја фосилизираат, држејќи ја на еден јазик кој можеле да го читаат само малкумина. На тој начин, се надевале да го спречат она што тие го нарекувале ерес, но кое навистина претставувало предизвик за нивниот авторитет. Доколку тие успеале, Библијата би можела да стане само предмет на интелектуално љубопитство, со мало или никакво влијание врз животите на обичните луѓе.

Поборници за Библијата

11. Што произлегло од тоа кога Хулиан Хернандез шверцувал Библии на шпански јазик во Шпанија?

11 Меѓутоа, добро е што многу искрени луѓе одбиле да ги следат овие декрети. Но, таквите одбивања биле опасни. Поединци ужасно страдале поради „злочинот“ — поседување Библија. Како пример, разгледај го случајот на еден Шпанец по име Хулиан Хернандез. Според Фоксеовата History of Christian Martyrdom, Хулиан (или Хулиано) „се нафатил да пренесе од Германија во својата татковина голем број Библии, скриени во буриња и спакувани како рајнско вино“. Бил издаден и уапсен од страна на римската католичка инквизиција. Оние за кои биле наменети Библиите, „сите по ред биле мачени, а потоа повеќето од нив биле осудени на различни казни. Хулиано бил изгорен, дваесетмина биле испржени на шиш, неколкумина доживотно затворени, некои биле јавно камшикувани, многумина испратени на галии“.8

12. Како знаеме дека религиозните авторитети во средниот век не го претставувале библиското христијанство?

12 Каква ужасна злоупотреба на моќта! Јасно, овие религиозни авторитети во никој случај не го претставувале библиското христијанство! Самата Библија открила кому му припаѓале тие кога рекла: „Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој, што не врши правда, не е од Бога; а и оној кој не го сака братот свој. Оти тоа е заповедта што ја чувте од почетокот — да се сакаме еден со друг. Но не како Каин, кој што беше од лукавиот и го уби брата си“ (1. Јованово 3:10—12).

13, 14. а) Кој извонреден факт во врска со Библијата во средниот век го покажува нејзиното божествено потекло? б) Како се изменила ситуацијата во Европа што се однесува до Библијата?

13 Но, колку само е извонредно тоа што мажи и жени биле спремни да ризикуваат таков шокантен третман, само за да поседуваат Библија! А таквите примери многупати се умножувале сѐ до нашево време. Длабоката преданост што Библијата ја инспирирала во поединци, спремноста стрпливо да страдаат и без мрморење да се подложат на ужасна смрт не враќајќи им на своите мачители, претставува силен доказ дека Библијата е Реч Божја (1. Петрово 2:21).

14 Конечно, после протестантската побуна против римокатоличката моќ во 16 век, самата Римокатоличка црква била принудена да создава преводи на Библијата на секојдневните јазици во Европа. Но дури и тогаш Библијата повеќе била поврзана со протестантизмот отколку со католицизмот. Како што напишал римокатоличкиот свештеник Едуард Ј. Чуба, „човек би морал чесно да признае дека една од потрагичните последици од протестантската Реформација било запоставувањето на Библијата меѓу католичките верници. Иако никогаш не била потполно заборавена, Библијата била затворена книга за повеќето католици“.9

Виш критицизам

15, 16. Зошто протестантизмот не е слободен од обвинение што се однесува до противењето на Библијата?

15 Но, протестантските цркви не се слободни од обвинение што се однесува до противењето на Библијата. Како што годините поминувале, извесни протестантски изучувачи организирале еден друг вид напад врз книгата: интелектуален напад. Во текот на 18 и 19 век, тие развиле метода за проучување на Библијата, позната како виш критицизам. Вишите критичари научувале дека голем дел од Библијата е составен од легенда и мит. Некои дури рекле дека Исус никогаш не постоел. Наместо да биде назначена како Реч Божја, тие протестантски изучувачи рекле дека Библијата е реч човечка — и притоа многу измешана реч.

16 Иако повеќе не се верува во некои поекстремни од овие идеи, вишиот критицизам сѐ уште се научува на семинарите, а не е необично да се чуе и како некои протестантски свештеници јавно порекнуваат големи делови од Библијата. Така, во еден австралиски весник бил цитиран еден англикански свештеник како вели дека голем дел од она што е во Библијата „едноставно е погрешно. Дел од историјата е погрешна. Некои детали очигледно се искривоколчени“. Ова размислување е продукт на вишиот критицизам.

„Ќе се зборува навредливо“

17, 18. Како однесувањето на христијанскиот свет ѝ донело прекор на Библијата?

17 Но, однесувањето на христијанскиот свет можеби ја поставило најголемата препрека за луѓето да ја прифатат Библијата како Реч Божја. Христијанскиот свет тврди дека ја следи Библијата. Сепак, неговото однесување донело голем срам врз Библијата и врз самото име христијанин. Како што претскажал апостол Петар, за патот на вистината „ќе се зборува навредливо“ (2. Петрово 2:2, NW).

18 На пример, додека црквата го забранувала преведувањето на Библијата, папата спонзорирал масовни воени напори против муслиманите на Средниот Исток. Тие биле наречени „свети“ крстоносни војни, но во нив немало ништо свето. Прво, означувањето „крстоносна војна на народот“ дава тон на она што требало да дојде. Пред да ја напушти Европа, една бунтовна војска, распалена од проповедниците, се свртела против Евреите во Германија, колејќи ги од еден град во друг. Зошто? Историчарот Ханс Еберхард Маер вели: „Аргументот дека Евреите како непријатели на Христос заслужуваат да бидат казнети, не бил ништо друго освен слаб обид да се скрие вистинскиот мотив — алчност“.10

19-21. Како Триесетгодишната војна, а и европските мисионерски настојувања и колонијалната експанзија, послужиле за да донесат прекор врз Библијата?

19 Протестантската побуна во 16 век го исфрлила римскиот католицизам од власт во многу европски земји. Еден резултат од тоа била Триесетгодишната војна (1618—1648) — „една од најужасните војни во европската историја“ според The Universal History of the World. Основната причина за војната? „Омразата на католиците кон протестантите, на протестантите кон католиците.“11

20 До тоа време, христијанскиот свет почнал да се шири надвор од Европа, носејќи ја „христијанската“ цивилизација во другите делови од Земјата. Оваа воена експанзија била обележана со суровост и алчност. Во двете Америки, шпанските конквистадори брзо ги уништиле домородечките американски цивилизации. Една историска книга забележала: „Општо земено, шпанските владетели ја уништиле домашната цивилизација, без да ја внесуваат европската. Жедта за злато била главниот мотив кој ги привлекол кон Новиот свет“.12

21 Протестантските мисионери од Европа заминале на другите континенти. Еден резултат од нивната работа бил унапредувањето на колонијалната експанзија. Едно денешно раширено гледиште за протестантскиот мисионерски напор гласи: „Во многу примери, мисионерската смелост била употребена како оправдување и покривка за доминацијата над луѓето. Взаемната врска меѓу мисијата, технологијата и империјализмот е добро позната“.13

22. Како христијанскиот свет донел прекор врз името на христијанството во текот на 20 век?

22 Блиската поврзаност меѓу религиите на христијанскиот свет и државата продолжила сѐ до наше време. Последните две светски војни првенствено биле борба меѓу „христијански“ нации. Свештенството на двете страни ги храбрело своите млади мажи да се борат и да се обидуваат да го убијат непријателот — кој честопати припаѓа на истата религија. Како што било забележано во книгата If the Churches Want World Peace, „сигурно дека не им служи на чест [на црквите] што пораснал денешниот воен систем и го направил најголемиот неред меѓу државите оддадени на каузата за христијанството“.14

Речта Божја преживува

23. Како историјата на христијанскиот свет покажува дека Библијата е Реч Божја?

23 Оваа долга, жална историја на христијанскиот свет ја прераскажавме за да истакнеме две поенти. Прво, таквите настани се исполнување на библиско пророштво. Било претскажано дека многумина кои тврдат дека се христијани ќе донесат прекор врз Библијата и врз името на христијанството, а фактот што ова се случило ја оправдува Библијата како вистинита. И покрај тоа, не треба да го изгубиме од вид фактот дека однесувањето на христијанскиот свет не го претставува христијанството темелено на Библијата.

24. Што ги идентификува вистинските христијани и така јасно го осудува христијанскиот свет како нехристијански?

24 Начинот на кој можат да се препознаат вистинските христијани го објаснил самиот Исус: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Понатаму, Исус рекол: „Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него“ (Јован 17:16). По двете прашања, христијанскиот свет се издава себеси за таков кој очигледно не го претставува библиското христијанство. Тврди дека е пријател на Библијата, но тој е лажен пријател.

25. Зошто Библијата ги преживеала сите свои неволји сѐ до нашево време?

25 Втората поента е оваа: Со оглед на фактот што христијанскиот свет како целина толку многу дејствувал против интересите на Библијата, навистина е извонредно тоа што книгата преживеала сѐ до ден-денес и што сѐ уште врши добро влијание врз животите на многу луѓе. Библијата преживеала горко противење при нејзиното преведување, напади од современите научници и нехристијанско однесување од нејзиниот лажен пријател — христијанскиот свет. Зошто? Заради тоа што Библијата е поинаква од кое и да било друго напишано дело. Библијата не може да умре. Таа е Реч Божја, а самата Библија ни кажува: „Тревата се суши, цвеќето свенува, а словото на нашиот Бог останува вечно“ (Исаија 40:8).

[Фуснота]

a Биле направени малку преводи на домашните јазици. Но, тие честопати биле мачно создадени на многу китести манускрипти и, без сомнение, не биле за општа употреба.2

[Истакната мисла на страница 34]

Главната струја на протестантските цркви учествувала во еден голем интелектуален напад на Библијата

[Слика на страница 26]

Историјата на христијанскиот свет всушност почнала кога Константин го легализирал „христијанството“ од негово време

[Слики на страница 29]

Папите Грегориј VII и Инокентиј III биле проминентни во борбата на Католичката црква да го спречи преведувањето на Библијата на секојдневниот јазик на луѓето

[Слика на страница 33]

Шокантното однесување на христијанскиот свет навело многумина да се сомневаат дека Библијата навистина е Реч Божја

[Слика на страница 35]

Во текот на Првата светска војна овие руски војници се поклонувале на една религиозна икона пред да одат да ги убиваат „сохристијаните“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели