ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/3 стр. 2-5
  • Кое е најголемото спорно прашање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кое е најголемото спорно прашање
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Големото спорно прашање
  • Потеклото на вселената
  • Потеклото на животот
  • Разрешување на спорното прашање
  • Што вели Библијата за нуклеарна војна?
    Разно
  • Нуклеарна војна — кој претставува закана?
    Разбудете се! 2004
  • Творецот може да го осмисли твојот живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Нуклеарната закана — воопшто не е завршена
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/3 стр. 2-5

Кое е најголемото спорно прашање

КОЕ Е најголемото спорно прашање со кое се соочува секој од нас? Дали растечкото ниво на морињата и чудното време предизвикано од глобалното загревање? Дали проретчувањето на озонскиот слој, кое доведува до опасно изложување на штетните сончеви ултравиолетови зраци? Дали експлозијата на популацијата која ги влошува и другите светски проблеми, како што се сиромаштијата и криминалот? Или е тоа можното уништување на неброени милиони луѓе во нуклеарна војна, после која преживеаните од тој холокауст конечно би умреле во агонија од студ, глад или радијација?

После разгледувањето на овие и други прашања, списанието Scientific American во 1989. донело заклучок: ”Веројатноста за нуклеарна војна без сомнение претставува најсериозна потенцијална опасност за (. . .) опстанокот“ Тогаш, дали нуклеарната војна е тоа големо спорно прашање со кое сме соочени?

Големото спорно прашање

Со промената на политичката клима од 1989, нуклеарната војна можеби не изгледа веќе толку веројатна. Па дури и да е така, додека постои, нуклеарното оружје претставува сериозна закана за човештвото. Меѓутоа, информацијата од книгата 1990 Britannica Book of the Year укажува на една друга критична точка. Според овој прирачник, преку 230 милиони од жителите на Земјата се атеисти. Други извори покажуваат дека други милиони се под влијание на ориенталските филозофии кои го допуштаат гледиштето дека не постои Творец. Уште повеќе, додека стотици милиони веруваат во Творец, нивните идеи за него радикално се разликуваат. Во многу случаи, нивните постапки му нанесуваат голем срам на Оној кого тврдат дека го обожаваат (2. Петрово 2:1, 2).

Ако Бог постои — а тоа е сосема сигурно — тогаш главното спорно прашање денес мора да го вклучува него. Зошто го создал човештвото? Која е нашата одговорност спрема него? Како ќе реагира на начинот на кој човекот ја уништува Земјата? И како ќе одговори на предизвикот поставен од многумина кои одбиваат да веруваат во него и да се подложат на неговата волја? Всушност, големото спорно прашање кое стои пред секој од нас е дали ја прифаќаме или одбиваме сувереноста на Бог, ”чие име е ЈЕХОВА“ (Псалми 83:18, King James Version).

Потеклото на вселената

Се разбира, за оние кои не веруваат во Бог, нашата одговорност спрема него не претставува никакво прашање. Но, секој кој искрено гледа на уредувањето и убавината на нашиот земски дом, присилен е да признае дека сепак мора да постои голем Конструктор. Вистина е дека повеќето научници во своите напори да ги објаснат природните чуда околу нас, од сликата го изоставаат Бог. На пример, многумина велат дека универзумот пораснал до својата сегашна величина од една ситна точка многу помала од врвот на иглата и дека сето тоа се случило ”природно“, случајно, без потреба од Творец. Меѓутоа, откако ја објаснил новата популарна теорија за постанокот на вселената, физичарот Ханбери Браун во својата книга The Wisdom of Science, признава: ”Мислам дека на повеќето луѓе тоа повеќе би им изгледало како некој магионичарски трик отколку објаснување.“ Професор Браун заклучува дека ”потеклото и целта на светот“ се ”големите загатки“ кои науката изгледа не е способна да ги реши.

Научниците покажале дека материјата и енергијата се тесно поврзани и дека материјата може да се претвори во енергија и енергијата во материја. Како што е видливо од нуклеарните експлозии, мало количество материја одговара на огромно количество енергија. Тогаш, каде е изворот на целокупната енергија претставена во 100 милијарди ѕвезди од нашата галаксија, како и во повеќе од милијарда галаксии кои ја прават видлива нашата вселена?

Библијата вели: ”Подигнете ги високо своите очи и гледајте. Кој го создал тоа? Оној, кој ја изведува нивната војска на број и дури сите ги вика по име. Поради изобилството на движечка сила, бидејќи е со силна моќ, не изостанува ниту едно.“ Кој е тој? Библијата го содржи одговорот: ”Јас сум Јехова. Тоа е моето име; и на никој друг нема да му ја дадам својата слава“ (Исаија 40:26; 42:5, 8, NW).

Мудрувањето дека Земјата и останатиот универзум настанале случајно, му ја одзема на Творецот, Јехова Бог, славата која му припаѓа (Откровение 4:11). Тоа исто така го отстранува силниот мотив за одговорно однесување кон Земјата. Кога луѓето би биле свесни дека за своите постапки спрема неговите дела на создавањето мораат да одговараат пред Бог, можеби би биле повнимателни во поглед на загадувањето, уништувањето на озонскиот слој и глобалното загревање.

Потеклото на животот

Размисли и за ова прашање: Како започнал животот? Луѓето биле поучувани дека животот настанал без никаква интервенција од Бог. Но тоа е во спротивност со општо прифатениот научен принцип. Некогаш се верувало дека бубачките настануваат од кравјиот измет, црвите од расипано месо, а глувците од кал. Дури и во текот на минатиот век научниците учеле дека микроорганизмите настануваат од нежива материја. Но, Реди, Пастер и други научници ги побиле ваквите идеи. The World Book Encyclopedia (издание од 1990) пишува: ”После експериментите на Пастер, повеќето биолози ја прифатиле идејата дека сиот живот потекнува од веќе постоечкиот живот.“

Сепак, научниците теоретизираат дека работите биле поинакви во далечното минато. Велат дека првите едноклеточни организми случајно произлегле од една безживотна смеса која тие ја нарекуваат прасупа, која ги содржела хемиските состојки потребни за живот. ”Сето тоа го произвел случајот и само случајот, од прасупа до човек“, изјавува Кристијан де Дуве во делото A Guided Tour of the Living Cell.

Библијата вели за Бог: ”Во тебе е изворот на животот“ (Псалми 36:9, NW). Тоа е во потполн склад со она што е веќе забележано — дека животот може да настане само од веќе постоечкиот живот. Меѓутоа, бидејќи животот, кој е еден од најскапоцените Божји дарови, науката го смета како нешто кое едноставно се случило, многу луѓе не чувствуваат никаква одговорност пред Бог за тоа како го употребуваат својот живот. Затоа тие ги кршат Божјите закони, се угнетуваат едни со други, крадат едни од други, се убиваат и трошат многу пари, време и инвентивност во конструирање на смртоносно оружје кое убива и опустошува со застрашувачка ефикасност.

Разрешување на спорното прашање

Освен атеистите и модернистите, безброј други исто така ја негираат Божјата сувереност. Денес огромен број луѓе тврдат дека веруваат во Бог, а повеќе од 1,7 милијарди луѓе себеси се нарекуваат христијани. Со векови црквите на христијанството јавно го фалеле Бог во своите обреди. Но каде стојат повеќето од тие 1,7 милијарди луѓе кога се работи за Божјата сувереност?

Како поединци така и народи ја покажувале својата немарност за Божјата сувереност одејќи против неговите изрични заповеди. Народите кои тврдат дека се христијани извршиле безбожни дела на насилство, вклучувајќи ги и двете најгрозни војни во човечката историја — а ”христијанското“ свештенство на обете страни ги благословувало тие војни! Со таквото лицемерство погрешно го прикажувале Бог. Како што вели Библијата: ”Јавно изјавуваат дека го познаваат Бог, а се одречуваат од него со своите дела“ (Тит 1:16, NW).

Меѓутоа, Бог ”не може себеси да се порекне“ (2. Тимотеј 2:13, NW). Мора да дојде време кога тој ќе ги разреши сите аспекти на ова спорно прашање на сувереноста, во склад со својата изречена намера: ”Ќе мораат да сознаат дека јас сум Јехова“ (Езекиел 38:23, NW). Но зошто толку долго чека со тоа? Како ќе биде конечно решено тоа прашање? И како можеш да донесеш исправни одлуки во оваа најважна работа?

[Извор на слика на страница 2]

Позадина на насловна страница: фотографија на U.S. Naval Observatory

[Извор на слика на страница 3]

Позадина: фотографија на U.S. Naval Observatory

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели