ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/7 стр. 13-18
  • Оѕвиј се на Божјите ветувања — покажи вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Оѕвиј се на Божјите ветувања — покажи вера
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Верата и Јеховините ветувања
  • Битни елементи на верата
  • Спротивни ефекти
  • Вера во пророчката Реч
  • Тие имале вера во Божјите ветувања
  • За христијаните верата е најважна
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Покажувај вера која се темели на вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Да се држиме цврсто за нашата скапоцена вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Дали навистина имаш вера во добрата вест?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/7 стр. 13-18

Оѕвиј се на Божјите ветувања — покажи вера

„Преку кои [од Јехова Бог] ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања“ (2. ПЕТРОВО 1:4).

1. Што ни овозможува да покажуваме вистинска вера?

ЈЕХОВА бара од нас да покажуваме вера во неговите ветувања. Сепак, „не сите имаат вера“ (2. Солунјаните 3:2). Оваа особина е плод на Божјиот свет дух, односно активна сила (Галатјаните 5:22, 23). Затоа, само оние кои се водени од Јеховиниот дух можат да покажуваат вера.

2. Како ја дефинира „верата“ апостолот Павле?

2 Но што е вера? Апостолот Павле ја нарекува „очигледен доказ за стварности, иако не се гледаат“. Доказот на овие невидени стварности е толку силен што верата е изедначена со него. За верата исто така се вели дека е „загарантирано очекување на работи на кои се надеваме“, бидејќи оние кои ја поседуваат оваа особина имаат гаранција дека сѐ што ветил Јехова Бог е толку сигурно што е исто како да е исполнето (Евреите 11:1, NW).

Верата и Јеховините ветувања

3. Што ќе доживеат помазаните христијани ако покажуваат вера?

3 За да му угодиме на Јехова, мораме да покажуваме вера во неговите ветувања. Апостолот Петар го покажал тоа во своето второ инспирирано писмо, напишано околу 64. н. е. Тој истакнал дека ако неговите помазани сохристијани покажуваат вера, ќе го видат исполнувањето на Божјите „многу големи и драгоцени ветувања“. Како резултат на тоа, би ‚станале учесници во Божјата природа‘ како придружени наследници со Исус Христос во небесното Царство. Со вера и со помош од Јехова Бог, тие побегнале од оковите на расипаните навики и практики на овој свет (2. Петрово 1:2-4). А само помисли! Оние кои покажуваат вистинска вера, денес ја уживаат истата бесценета слобода.

4. Кои особини треба да ѝ ги додадеме на нашата вера?

4 Верата во Јеховините ветувања и благодарноста за слободата што ни ја дал Бог би требало да нѐ мотивираат да го дадеме најдоброто од себе за да станеме примерни христијани. Петар рекол: „Придонесете според сето ваше сериозно напрегање и додајте ѝ на вашата вера добродетел, на вашата добродетел спознание, на вашето спознание самосовладување, на вашето самосовладување истрајност, на вашата истрајност оддаденост на Бог, на вашата оддаденост на Бог братска наклоност, на вашата братска наклоност љубов“ (2. Петрово 1:5-7, NW). Така Петар ни дава една листа која би било паметно да ја запомниме. Да ги разгледаме одблизу овие особини.

Битни елементи на верата

5, 6. Што е добродетел, и како можеме да ја додадеме на нашата вера?

5 Петар рекол дека добродетелта, спознанието, самосовладувањето, истрајноста, оддаденоста на Бог, братската наклоност и љубовта треба да се додадат едно на друго и сите заедно на нашата вера. Мораме да се напрегаме овие особини да ги направиме битни елементи на нашата вера. На пример, добродетелта не е особина што ја покажуваме одвоено од верата. Лексикографот В. Е. Вајн истакнува дека во 2. Петрово 1:5 „добродетелта е додадена како битна особина во покажувањето на вера“. Секоја од останатите особини коишто ги споменал Петар треба исто така да биде елемент на нашата вера.

6 Прво, на нашата вера мораме да ѝ додадеме добродетел. Да се биде добродетелен значи да се прави она што е добро во Божји очи. За грчкиот збор, којшто овде се преведува со „добродетел“, некои преводи употребуваат „доброта“ (New International Version; The Jerusalem Bible; Today’s English Version). Добродетелта нѐ мотивира да избегнуваме да им правиме лошо или да им нанесуваме штета на ближните (Псалми 96:10). Таа исто така охрабрува на акција да се прави добро за духовната, физичката и емоционалната благосостојба на другите.

7. Зошто на нашата вера и добродетел треба да им додадеме спознание?

7 Зошто Петар нѐ поттикнува да им додадеме спознание на нашата вера и добродетел? Па, додека се соочуваме со нови предизвици за нашата вера, потребно ни е спознание ако сакаме да разликуваме исправно од погрешно (Евреите 5:14). Преку проучување на Библијата и искуство во применувањето на Божјата Реч и во покажувањето на практична мудрост во секојдневниот живот, го зголемуваме нашето спознание. За возврат, тоа нѐ оспособува да ја задржиме нашата вера и да продолжиме да го правиме она што е добродетелно кога сме под искушение (Изреки 2:6-8, NW; Јаков 1:5-8).

8. Што е самосовладување, и како е поврзано со истрајноста?

8 Како помош да се соочуваме со искушенијата со вера, потребно е на нашето спознание да му додадеме самосовладување. Грчкиот збор за „самосовладување“ ја означува способноста да се доведеш себеси под контрола. Овој плод на Божјиот дух ни помага да покажуваме воздржување во мислите, зборовите и однесувањето. Со постојаност во покажувањето на самосовладување, му додаваме истрајност. Грчкиот израз за „истрајност“ означува храбра непоколебливост, а не нажалено помирување со неизбежната тешкотија. Токму заради радоста што била поставена пред него, Исус го претрпел маченичкиот столб (Евреите 12:2, NW). Силата што ни ја дава Бог, заедно со истрајноста, ја зацврстуваат нашата вера и ни помагаат да се радуваме во неволја, да издржиме искушение и да избегнеме компромис кога сме прогонувани (Филипљанима 4:13, Стварност).

9. а) Што е оддаденост на Бог? б) Зошто треба да ѝ додадеме братска наклоност на нашата оддаденост на Бог? в) Како можеме на нашата братска наклоност да ѝ додадеме љубов?

9 На нашата истрајност мораме да ѝ додадеме оддаденост на Бог — почитување, обожавање и служење на Јехова. Нашата вера расте додека практицираме оддаденост на Бог и додека гледаме како Јехова постапува со својот народ. Сепак, за да покажуваме побожност, потребна ни е братска наклоност. Впрочем, „кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не го видел“ (1. Јованово 4:20). Нашите срца би требало да нѐ мотивираат да покажуваме вистинска наклоност кон останатите слуги на Јехова и секогаш да гледаме за нивното добро (Јаков 2:14-17). Но зошто ни е речено на нашата братска наклоност да ѝ додадеме љубов? Очигледно Петар мислел дека мораме да покажуваме љубов спрема целото човештво, а не само спрема нашите браќа. Љубовта особено се покажува преку проповедање на добрата вест и со помагање на луѓето во духовен поглед (Матеј 24:14; 28:19, 20).

Спротивни ефекти

10. а) Како ќе постапуваме ако на нашата вера ѝ додадеме добродетел, спознание, самосовладување, истрајност, оддаденост на Бог, братска наклоност и љубов? б) Што се случува ако на некој, кој се исповеда како христијанин, му недостигаат овие особини?

10 Ако на нашата вера ѝ додадеме добродетел, спознание, самосовладување, истрајност, оддаденост на Бог, братска наклоност и љубов, ќе мислиме, говориме и постапуваме на начини коишто имаат Божје одобрување. Обратно, ако лицето кое се исповеда како христијанин, не ги покажува овие особини, тоа станува духовно слепо. ‚Ги затвора своите очи пред светлината‘ од Бог и заборава дека било исчистено од минатите гревови (2. Петрово 1:8-10, NW; 2:20-22). Никогаш да не промашиме на таков начин и да изгубиме вера во Божјите ветувања.

11. Што можеме со право да очекуваме од лојалните помазаници?

11 Лојалните помазани христијани имаат вера во Јеховините ветувања и се напрегаат да се осигураат во својот позив и избор. И покрај какви било камења на препнување на нивниот пат, можеме да очекуваме да покажуваат божествени особини. За верните помазаници постои ‚слободен [богато пружен, NW] влез во вечното царство на Исус Христос‘ преку нивното воскресение во духовен живот на небото (2. Петрово 1:11).

12. Како треба да ги разбереме зборовите од 2. Петрово 1:12-15?

12 Петар увидел дека наскоро ќе умре и очекувал да добие конечно воскресение во небесен живот. Но сѐ додека бил жив во „својот шатор“ — неговото човечко тело — тој се трудел да изградува вера во соверниците и да ги подбудува потсетувајќи ги на работите коишто се потребни за да се стекне божествена милост. По неговото заминување во смрт, Петровите духовни браќа и сестри можеле да ја зајакнат својата вера присеќавајќи се на неговите зборови (2. Петрово 1:12-15).

Вера во пророчката Реч

13. Како дал Бог сведоштво кое ја зајакнува верата во врска со Христовото доаѓање?

13 Во врска со сигурноста на Исусовото доаѓање „со голема слава и сила“, самиот Бог дал сведоштво кое ја зајакнува верата (Матеј 24:30; 2. Петрово 1:16-18). Бидејќи немале докази, паганските свештеници раскажувале лажни приказни за нивните богови, додека Петар, Јаков и Јован биле очевидци на Христовата величественост во преображението (Матеј 17:1-5). Тие го виделе прославен и го чуле гласот на самиот Бог како го признава Исус како Негов љубен Син. Тоа признание и брилјантното појавување што тогаш му било дадено на Христос, претставувале негово дарување со чест и слава. Поради ова божествено откровение, Петар го нарекол местото (веројатно на некој срт на Хермон) ‚Света гора‘. (Спореди 2. Мојсеева 3:4, 5.)

14. Како треба Исусовото преображение да влијае на нашата вера?

14 Како би требало Христовото преображение да влијае на нашата вера? Петар рекол: „А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети[, NW] во вашите срца“ (2. Петрово 1:19). „Пророчкото слово“ очигледно ги вклучувало не само пророштвата од Хебрејските списи за Месијата туку и Исусовата изјава дека ќе дојде „со голема слава и моќ“. Како била речта ‚уште поверна [посигурна, NW]‘ преку преображението? Тој настан ја потврдил пророчката реч околу Христовото славно доаѓање во моќ на Царството.

15. Што спаѓа во тоа да ѝ се обрне внимание на пророчката Реч?

15 За да ја јакнеме нашата вера, мораме да обрнуваме внимание на пророчката реч. Тоа вклучува таа да се студира, да се дискутира за неа на христијанските состаноци и да се применува нејзиниот совет (Јаков 1:22-27). Мораме да пуштиме таа да биде „светило што свети на темно место“, кое ги осветлува нашите срца (Ефесјаните 1:18). Само тогаш таа ќе нѐ води додека „Деницата“, односно „сјајната ѕвезда Деница“ Исус Христос, не се открие во слава (Откровение 22:16). Тоа откривање ќе значи уништување за безверните и благослов за оние кои покажуваат вера (2. Солунјаните 1:6-10).

16. Зошто можеме да имаме вера дека сите пророчки ветувања во Божјата Реч ќе се исполнат?

16 Божјите пророци не биле само бистри луѓе кои кажувале мудри претскажувања, зашто Петар рекол: „Ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот. Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани [носени, NW] од Светиот Дух“ (2. Петрово 1:20, 21). На пример, Давид рекол: „Духот Господов говори во мене“ (2. Царства 23:1, 2). А Павле напишал: „Целото Писмо е од Бога вдахновено“ (2. Тимотеј 3:16). Бидејќи Божјите пророци биле инспирирани со посредство на неговиот дух, можеме да имаме вера дека сите ветувања во неговата Реч ќе се исполнат.

Тие имале вера во Божјите ветувања

17. Кое ветување било темелот за Авеловата вера?

17 Јеховините ветувања биле темел за верата на ‚многуте‘ негови претхристијански сведоци (Евреите 11:1–12:1). На пример, Авел имал вера во Божјето ветување за едно „семе“ кое ќе ѝ ја смачка главата на „змијата“. Постоел доказ дека се исполнила Божјата осуда над Авеловите родители. Надвор од Еден, Адам и неговото семејство јаделе леб во потта на своите лица, затоа што проколнатата земја раѓала трње и троскот. Веројатно Авел го забележал копнеењето на Ева по нејзиниот маж и видел дека Адам господарел над неа. Таа сигурно зборувала за болката на својата бременост. А влезот во Еденската градина го чувале херувими и огнената острица на еден меч (1. Мојсеева 3:14-19, 24). Сето ова сочинувало „очигледен доказ“ кој го уверил Авел дека ослободувањето ќе дојде преку ветеното Семе. Постапувајќи со вера, Авел му понудил на Бог жртва која се покажала повредна од Каиновата (Евреите 11:1, 4, NW).

18, 19. На кои начини Авраам и Сара покажале вера?

18 Патријарсите Авраам, Исак и Јаков исто така имале вера во Јеховините ветувања. Авраам покажувал вера во Божјето ветување дека сите семејства на земјата ќе се благословат преку него и дека на неговото семе ќе му биде дадена земја (1. Мојсеева 12:1-9; 15:18-21). Неговиот син Исак и внукот Јаков биле „наследници на истото ветување“. Со вера Авраам ‚престојувал како странец во земјата на ветувањето‘ и го очекувал „градот, кој има вистински темели“, Божјето небесно Царство, под кое тој требало да биде воскреснат за живот на Земјата (Евреите 11:8-10, NW). Дали ти имаш слична вера?

19 Авраамовата жена, Сара, имала околу 90 години и била далеку од добата на раѓање деца кога покажала вера во Божјето ветување и добила сила „да зачне“ и да го роди Исак. Така, од 100-годишниот Авраам, „застарен [скоро мртов, NW]“ што се однесува до размножувањето, конечно „се родија толку многу [деца], колку што се ѕвездите на небото“ (Евреите 11:11, 12; 1. Мојсеева 17:15-17; 18:11; 21:1-7).

20. Иако патријарсите не го виделе потполното исполнување на Божјите ветувања за нив, што правеле тие?

20 Верните патријарси умреле без да го видат потполното исполнување на Божјите ветувања за нив. Па сепак, ‚ги виделе [ветените работи] оддалеку и ги поздравиле признавајќи дека се гости и придојдени [во земјата, NW]‘. Поминале генерации пред Ветената земја да стане сопственост на Авраамовото потомство. Меѓутоа, во текот на животот, богобојазливите патријарси покажувале вера во Јеховините ветувања. Бидејќи никогаш не изгубиле вера, наскоро ќе бидат воскреснати за живот во земското подрачје на „градот“ што Бог го подготвил за нив, Месијанското Царство (Евреите 11:13-16). На сличен начин, верата може да нѐ сочува лојални на Јехова, иако не го гледаме непосредното исполнување на сите негови прекрасни ветувања. Нашата вера исто така ќе нѐ мотивира да го слушаме Бог, исто како што го слушал и Авраам. И како што тој му оставил духовно наследство на своето потомство така можеме и ние да им помогнеме на нашите деца да покажуваат вера во Јеховините драгоцени ветувања (Евреите 11:17-21).

За христијаните верата е најважна

21. За да бидеме прифатливи за Бог денеска, што мора да биде вклучено во нашето покажување на вера?

21 Се разбира, верата е повеќе отколку само да се има доверба во Јеховините ветувања. Низ човечката историја било неопходно да се покажува вера во Бог на различни начини за да се ужива негово одобрување. Павле истакнал дека „без вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние, кои доаѓаат при Бога, треба да веруваат оти Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат“ (Евреите 11:6). За да биде прифатлив за Јехова денес, човек мора да покажува вера во Исус Христос и во откупната жртва што Бог ја обезбедил преку него (Римјаните 5:8; Галатјаните 2:15, 16). Како што рекол Исус: „Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен. Кој верува во Синот, има живот вечен; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него“ (Јован 3:16, 36).

22. За исполнувањето на кое ветување ќе придонесе Месијанското Царство?

22 Исус игра најважна улога во исполнувањето на Божјето ветување за Царството за кое молат христијаните (Исаија 9:6, 7; Даниил 7:13, 14; Матеј 6:9, 10). Како што покажал Петар, преображението ја потврдило пророчката Реч во врска со Исусовото доаѓање во моќ и слава на Царството. Месијанското Царство ќе придонесе за исполнување на едно друго Божје ветување, бидејќи Петар запишал: „Очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13). Слично пророштво се исполнило кога еврејските изгнаници во Вавилон биле вратени во нивната татковина во 537. пр. н. е. под владеењето на Зоровавел како управник и Исус како првосвештеник (Исаија 65:17). Но Петар укажал на едно идно време кога „ново небо“ — небесното Месијанско Царство — ќе владее над „нова земја“, праведно човечко општество што живее на оваа планета. (Спореди Псалми 95:1.)

23. Кои прашања во врска со добродетелта ќе бидат разгледани понатаму?

23 Како лојални слуги на Јехова и следбеници на неговиот љубен Син, Исус Христос, ние копнееме по Божјиот ветен нов свет. Знаеме дека тој е близу и имаме вера дека сите Јеховини драгоцени ветувања ќе се исполнат. За да одиме прифатливо пред нашиот Бог, мораме да ја јакнеме нашата вера, додавајќи ѝ добродетел, спознание, самосовладување, истрајност, оддаденост на Бог, братска наклоност и љубов.a Некој овде би можел да праша: Како можеме да покажуваме добродетел? И како нашето покажување на добродетел ќе ни биде од корист нам и на другите, особено на нашите сохристијани кои одговориле на Божјите ветувања со покажување на вера?

[Фуснота]

a Во ова издание на Стражарска кула се дискутира за верата и добродетелта. Спознанието, самосовладувањето, истрајноста, оддаденоста на Бог, братската наклоност и љубовта ќе бидат разгледани поопширно во некои идни изданија.

Како ќе одговориш?

◻ Како може да се дефинира зборот „вера“?

◻ Кои особини треба да ѝ се додадат на нашата вера според 2. Петрово 1:5-7?

◻ Каков учинок треба да има Исусовото преображение врз нашата вера?

◻ Какви примери на вера дале Авел, Авраам, Сара и другите од старо време?

[Слика на страница 15]

Дали знаеш како Исусовото преображение може да влијае на нечија вера?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели