ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/2 стр. 16-17
  • За молитвите што ги слуша Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За молитвите што ги слуша Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали на Бог му се по волја сите молитви?
  • За што треба да се молиме?
  • Треба ли да се молиме и за другите?
  • Зошто треба да истраеме во молитвите?
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Молитвата може да ти помогне да се зближиш со Бог
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Треба ли да му се молиме на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/2 стр. 16-17

Што учиме од Исус

За молитвите што ги слуша Бог

Исус честопати ќе побарал некое осамено место за да се моли, и на своите ученици им советувал да го прават истото. Библијата вели: „Еднаш се молеше на едно место. Кога престана, еден од неговите ученици му рече: ‚Господару, научи нѐ да се молиме‘... Тогаш тој им рече: ‚Кога се молите, речете: „Татко, нека се свети името твое“‘“ (Лука 5:16; 11:1, 2). Со тоа Исус покажал дека молитвите треба да му ги упатуваме на неговиот Татко, Јехова. Само тој создал сѐ и само тој „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2).

Дали на Бог му се по волја сите молитви?

Бог не сака постојано да му повторуваме молитви научени напамет. Исус рекол: „Кога се молите, не кажувајте секогаш едно исто“ (Матеј 6:7). Со нашиот небесен Татко мора да зборуваме од длабочината на нашето срце. Еднаш, Исус им нагласил на своите ученици дека на Бог му биле поприфатливи молитвите на некој грешник што искрено сакал да се промени отколку молитвите на некој горд човек што совесно се држел за сите верски обичаи (Лука 18:10-14). Значи, ако сакаме Бог да ги услиши нашите молитви, треба понизно да се трудиме да го правиме она што ни го кажува тој. Дури и Исус рекол: „Зборувам така како што ме научи Таткото... Јас секогаш го правам она што нему му е по волја“ (Јован 8:28, 29). Во една молитва, тој рекол: „Нека не биде мојата волја, туку твојата!“ (Лука 22:42).

За што треба да се молиме?

Бидејќи Божјето име е оцрнувано, Исус рекол: „Значи, молете се вака: ‚Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата‘“ (Матеј 6:9, 10). Треба да се молиме да дојде Божјето Царство затоа што тоа е владата која Бог ќе ја употреби за да ја исполни својата волја на небото и на Земјата. Исус рекол дека можеме да се молиме за „лебот наш потребен за овој ден“. Исто така, можеме да го молиме Јехова во врска со нашето вработување, покрив над глава, облека, здравствени проблеми и други работи што ни се важни. Освен тоа, Исус рекол дека треба да се молиме да ни бидат простени гревовите (Лука 11:3, 4).

Треба ли да се молиме и за другите?

Исус се молел за другите. Во Библијата читаме: „Му доведоа деца за да ги положи рацете врз нив и да се помоли“ (Матеј 19:13). Исус му рекол на апостол Петар: „Сесрдно се молев за тебе, твојата вера да не ослаби“ (Лука 22:32). Исус ги охрабрил своите следбеници да се молат за другите, дури и за оние што ги прогонувале и ги навредувале (Матеј 5:44; Лука 6:28).

Зошто треба да истраеме во молитвите?

Исус одвојувал време да се моли и им рекол на своите ученици „секогаш... да се молат и да не се откажуваат“ (Лука 18:1). Јехова нѐ повикува да ја покажеме нашата доверба во него со тоа што постојано ќе му кажуваме за сѐ што нѐ загрижува. „Молете, и ќе ви се даде!“ — рекол Исус. Но, тоа не значи дека Јехова се мисли дали да ги услиши молитвите на оние што го сакаат и го почитуваат како Татко. Напротив, Исус рекол: „Ако вие, иако сте зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ (Лука 11:5-13).

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 17. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?a

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели