-
Откупнината нѐ спасуваСтражарска кула 2010 | 15 Август
-
-
Спасени од Божјиот гнев
4, 5. Што покажува дека Божјиот гнев останува врз овој злобен свет?
4 Библијата и целата историја на човештвото покажуваат дека, уште од гревот на Адам, Божјиот гнев „останува врз“ човечкиот род (Јован 3:36). Ова јасно се гледа по тоа што, кога-тогаш, секој човек мора да умре. Освен тоа, од првиот грев наваму, луѓето постојано ги снаоѓаат неволји. А со своето соперничко владеење, Сатана не успеал да ги заштити ниту, пак, некоја човечка влада успеала да ги задоволи основните потреби на сите свои граѓани (1. Јов. 5:19). Затоа човештвото и понатаму е измачувано од војни, криминал и сиромаштија.
-
-
Откупнината нѐ спасуваСтражарска кула 2010 | 15 Август
-
-
7 Апостол Павле рекол дека Исус „нѐ избавува од гневот што доаѓа“ (1. Сол. 1:10). Во времето кога Јехова за последен пат ќе го излее својот гнев, непокајничките грешници ќе бидат уништени (2. Сол. 1:6-9). Кој ќе се спаси? Библијата вели: „Кој верува во Синот, има вечен живот. Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него“ (Јован 3:36). Значи, кога ќе му биде ставен крај на овој свет, сите што се живи и имаат вера во Исус и во откупнината нема да бидат уништени во Божјиот конечен ден на гнев.
-