ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/12 стр. 30-31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Првото чудо на Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Првото Исусово чудо
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Го издржала остриот бодеж на тагата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/12 стр. 30-31

Прашања од читателите

Дали Исус бил неучтив или нељубезен со начинот на кој ѝ се обратил на мајка си на свадбата во Кана? (Јован 2:4).

Кратко по своето крштавање, Исус и неговите ученици биле поканети на свадба во Кана. Таму била и мајка му. Кога почнало да снемува вино, Марија му рекла на Исус: „Немаат вино“. Исус ѝ одговорил: „Што имам јас со тоа, жено? Мојот час уште не дошол“ (Јован 2:1-4).

Ако некој денес ѝ се обрати на својата мајка со зборот „жено“ и ако ѝ каже: „Што имам јас со тоа?“, веројатно би го сметале за неучтив, па дури и за груб. Но, за да се обвини Исус дека постапил така, би требало да се отфрлат културата и јазикот од времето кога се случил тој настан. За да го разбереме вистинското значење на тие изрази, ќе биде добро да испитаме како и кога се користеле во библиски времиња.

Во врска со зборот „жено“, Вајновиот толковен речник на зборови од Стариот и Новиот завет (Vine’s Expository Dictionary of Old and New Testament Words) вели: „Кога со тој збор некој ќе ѝ се обрател на некоја жена, тогаш не ѝ упатувал укор и не зборувал строго, туку со љубов, односно со почит“. И други извори се согласуваат со ова. На пример, The Anchor Bible вели: „Ова не е ниту укор, ниту неучтив збор, ниту, пак, недостиг на наклоност... Тоа бил вообичаениот, учтив начин на кој Исус им се обраќал на жените“. Новиот меѓународен речник на новозаветна теологија (The New International Dictionary of New Testament Theology) објаснува дека зборот „е употребен како термин во кој воопшто нема второ значење на непочитување“. Додека во Теолошкиот речник на Новиот завет (Theological Dictionary of the New Testament) Герхард Кител вели дека тој збор „не се користел за да се покаже непочитување или потценување“. Според тоа, не треба да заклучиме дека Исус бил груб или нељубезен кон својата мајка кога ѝ се обратил со зборот „жено“ (Матеј 15:28; Лука 13:12; Јован 4:21; 19:26; 20:13, 15).

А што може да се каже за изразот: „Што имам јас со тоа?“ Ова очигледно е вообичаен еврејски идиом што се појавува неколку пати во Библијата. На пример, во 2. Самоилова 16:10 гледаме како Давид го спречува Ависај да го убие Симеј. Тој му рекол: „Што имате вие со тоа, синови на Серуја? Нека колне, зашто Јехова му рекол да ме колне!“ Слично на тоа, во 1. Царевите 17:18 читаме дека вдовицата од Сарепта, откако дознала дека нејзиниот син умрел, му рекла на Илија: „Зошто ми го направи тоа [буквално: „Што имам јас со тебе“], Божји човеку? Дојде кај мене за да ме потсетиш на мојот грев и да ми го усмртиш синот“.

Од овие библиски примери, можеме да видиме дека изразот „Што имам јас со тоа?“ луѓето честопати го користеле, не за да покажат презир или од дрскост, туку за да кажат дека не сакаат да го направат она што им е предложено или да покажат дека имаат различно гледиште или мислење. Според тоа, што може да се каже за зборовите што Исус ѝ ги кажал на Марија?

Кога Марија му рекла на Исус: „Немаат вино“, таа очигледно не сакала само да го извести за тоа, туку му предложила да стори нешто. Исус го употребил овој вообичаен идиом за да го одбие предлогот што Марија индиректно му го дала, а неговите понатамошни зборови: „Мојот час уште не дошол“, ни помагаат да видиме зошто го сторил тоа.

Откако бил крстен и помазан во 29 год. од н.е., Исус бил потполно свесен дека Јеховина волја е тој, како ветениот Месија, да остане беспрекорен, и на крајот да умре, да воскресне и да биде прославен. Тој рекол: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина“ (Матеј 20:28). Кога се приближило времето да умре, Исус тоа јасно го покажал со зборовите: „Дојде часот“ (Јован 12:1, 23; 13:1). Затоа, ноќта пред да умре, во својата молитва Исус рекол: „Татко, дојде часот! Прослави го својот син, за да те прослави синот тебе“ (Јован 17:1). И конечно, кога дошла толпата да го уапси во Гетсиманија, Исус ги разбудил апостолите и им рекол: „Дојде часот! Еве, Синот човечки е издаден и предаден во рацете на грешниците“ (Марко 14:41).

Но, на свадбата во Кана, Исус само што започнал со својата служба како Месија, па затоа неговиот „час“ сѐ уште не дошол. Главна цел му била да ја врши волјата на својот Татко, на начин и во време што Тој ги одредил, па затоа никој не можел да го спречи да постапува на таков начин. Кога ѝ го кажал тоа на својата мајка, Исус бил цврст, но сигурно не бил неучтив или нељубезен. Од друга страна, пак, Марија не се почувствувала посрамена или навредена од својот син. Всушност, затоа што разбрала што сакал да каже Исус, на послужителите на свадбата им рекла: „Сѐ што ќе ви каже, направете!“ Исус не ја игнорирал мајка си, туку го направил првото чудо како Месија — претворајќи ја водата во квалитетно вино. Со тоа постапил многу урамнотежено: ја вршел волјата на својот Татко, но покажал и дека има разбирање за загриженоста на својата мајка (Јован 2:5-11).

[Слика на страница 31]

Исус бил љубезен но цврст кога зборувал со својата мајка

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели