ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 15 стр. 40-стр. 41 пас. 6
  • Првото чудо на Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Првото чудо на Исус
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Првото Исусово чудо
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Второто чудо во Кана
    Исус — патот, вистината и животот
  • Второто чудо додека е во Кана
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 15 стр. 40-стр. 41 пас. 6
На свадбата во Кана, Исус им вели на послужителите да ги наполнат ќуповите со вода

ПОГЛАВЈЕ 15

Првото чудо на Исус

ЈОВАН 2:1-12

  • СВАДБАТА ВО КАНА

  • ИСУС ПРЕТВОРИЛ ВОДА ВО ВИНО

На третиот ден откако Натанаел станал Исусов ученик, Исус и барем неколкумина од неговите први ученици тргнале на север кон нивниот роден крај Галилеја. Требало да стигнат во Кана, родниот град на Натанаел. Кана се наоѓала во планинскиот предел северно од Назарет, градот каде што пораснал Исус. Таму биле поканети на една свадба.

На свадбата била и мајка му на Исус. Бидејќи се познавала со семејството на младоженците, Марија очигледно помагала во послужувањето на многуте гости. Затоа, брзо забележала дека се појавил еден проблем. На Исус му рекла: „Немаат вино“ (Јован 2:3).

Со тие зборови таа, всушност, сакала да му укаже дека требало да направи нешто околу тоа. Исус употребил една фраза од која се гледа дека не се сложувал со она што Марија го побарала од него. Тој ѝ одговорил: „Што имам јас со тоа, жено?“ (Јован 2:4). Бидејќи Бог го именувал да биде Цар, Исус требало да прима наредби од својот небесен Татко, а не од семејството или пријателите. Марија постапила мудро и му ги препуштила работите на својот син, а на послужителите им рекла: „Сѐ што ќе ви каже, направете“ (Јован 2:5).

Таму имало шест големи камени ќупови, и секој од нив собирал над четириесет литри вода. Исус им рекол на послужителите: „Наполнете ги ќуповите со вода“. Потоа додал: „Нацрпете сега и однесете му на управителот на масата“ (Јован 2:7, 8).

Управителот на свадбата го пофалува младоженецот за квалитетното вино

Управителот на свадбата бил воодушевен од квалитетот на виното. Бидејќи не знаел дека било направено со чудо, го повикал младоженецот и го пофалил: „Секој човек најпрво го изнесува доброто вино, а кога луѓето ќе се опијат, полошото. А ти си го чувал доброто вино сѐ досега“ (Јован 2:10).

Тоа било првото чудо на Исус. Кога неговите ученици виделе што направил, многу им се зајакнала верата во него. По свадбата, Исус, мајка му и неговите полубраќа отишле во градот Капернаум на северозападниот брег на Галилејското Море.

  • Во кој период од службата на Исус се одржала свадбата во Кана?

  • Што одговорил Исус кога мајка му рекла дека снемало вино?

  • Какво чудо направил Исус, и како тоа влијаело врз другите?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели