ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 1/5 стр. 13-17
  • Кој ќе воскресне?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој ќе воскресне?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде се мртвите?
  • ‚Им се придружил на своите татковци‘
  • Дали во шеолот има и неправедници?
  • Кој е во Геена?
  • ‚Прво‘ и „подобро“ воскресение
  • Што се шеолот и адот?
    Што навистина учи Библијата?
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Моќта на надежта во воскресение
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Дали навистина постои пекол?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 1/5 стр. 13-17

Кој ќе воскресне?

„Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во спомен-гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат“ (ЈОВАН 5:28, 29).

1. Кои впечатливи зборови ги чул Мојсеј кај грмушката што горела, и подоцна кој друг ги кажал истите зборови?

ПРЕД повеќе од 3.500 години, се случило нешто многу необично. Мојсеј ги чувал овците на патријархот Јотор. Во близина на планината Хорив, на Мојсеј му се појавил Јеховин ангел од една грмушка што горела. „Тој се загледа: целата капина во пламен, а сепак не изгорува“, стои во извештајот од Излез. Тогаш од грмушката повикал еден глас. „Јас сум . . . Бог на твојот татко“, рекол тој глас, „Бог Авраамов, Бог Исаков, Бог Јаковов“ (Излез 3:1-6). Подоцна, во првиот век од нашата ера, тие зборови пак ги кажал лично Божјиот Син, Исус.

2, 3. а) Каква иднина ги очекува Авраам, Исак и Јаков? б) Кои прашања се поставуваат?

2 Исус водел дискусија со некои садукеи, кои не верувале во воскресението. Тој изјавил: „Дека мртвите стануваат, го откри и Мојсеј во извештајот за трновата грмушка, кога го нарекува Јехова ‚Бог Авраамов и Бог Исаков и Бог Јаковов‘. Тој не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто за него сите се живи“ (Лука 20:27, 37, 38). Со тие зборови Исус потврдил дека, од Божја гледна точка, Авраам, Исак и Јаков, кои долго време биле мртви, сѐ уште се живи во Божјето сеќавање. Исто како Јов, тие го чекаат крајот на својата „принудна работа“, односно крајот на својот смртен сон (Јов 14:14, NW). Во Божјиот нов свет, тие ќе воскреснат.

3 Но, што е со милијардите други луѓе што умреле во текот на човечката историја? Дали и тие ќе воскреснат? Пред да добиеме задоволителен одговор на ова прашање, да видиме што открива Божјата реч за тоа што се случува со луѓето кога ќе умрат.

Каде се мртвите?

4. а) Каде одат луѓето кога ќе умрат? б) Што е шеол?

4 Во Библијата е кажано дека мртвите „не знаат ништо“. Кога некој ќе умре, не се мачи во некаков пеколен оган и не се измачува додека чека во некакво чистилиште, туку едноставно се враќа во прав. Затоа, Божјата реч ги советува живите: „Што и да имаш намера да правиш, направи го додека можеш, зашто нема ни дела, ни умување, ни сознавање, ни мудрост во Подземјето во кое одиш“ (Проповедник 9:5, 10; Битие 3:19). Зборот што во Библијата на некои места е преведен со „подземје“, а на други места исправно е преведен со „гроб“, доаѓа од хебрејскиот збор „шеол“. Потеклото на овој хебрејски збор не е познато. Во многу религии се учи дека мртвите продолжуваат да живеат и по смртта, но како што покажува инспирираната Божја реч, оние што се во шеолот се мртви и не се свесни за ништо. Шеолот е општиот гроб на човештвото.

5, 6. Кога умрел Јаков, каде отишол и на кого му се придружил таму?

5 Во оригиналниот хебрејски текст на Библијата, зборот шеол првпат се појавува во Битие 37:35. Во Библијата на македонски јазик, во овој стих тој е преведен со „подземје“. Откако си помислил дека го изгубил својот сакан син Јосиф, ништо не можело да го утеши патријархот Јаков и затоа рекол: „Со тага ќе слезам при својот син во подземјето“. Бидејќи мислел дека неговиот син е мртов, Јаков посакал да умре и да биде во подземјето, односно во шеолот. Подоцна, деветте постари деца на Јаков сакале да го поведат во Египет најмладиот син, Венијамин, за да се спасат од гладот. Меѓутоа, Јаков не го дозволил тоа, велејќи: „Син ми нема да дојде со вас . . . Неговиот вистински брат веќе е мртов, и тој остана сам. Ако му се случи несреќа, на патот по кој ќе тргнете, ќе ја испратите со тага мојата седа глава во гробот“ (Битие 42:36, 38). Овојпат, во Библијата на македонски јазик хебрејскиот збор шеол исправно е преведен со „гроб“. И во двата случаи, смртта не е поврзана со некаков задгробен живот, туку со шеолот.

6 Извештајот во Битие ни кажува дека Јосиф станал управител над храната во Египет. По извесно време, Јаков бил во состојба да појде таму за да се израдува на повторната средба со Јосиф. Потоа, Јаков живеел во таа земја до својата смрт, на многу длабока старост од 147 години. Според неговата последна желба, синовите ги зеле неговите посмртни останки и ги погребале во пештерата Махпела, во земјата Ханаан (Битие 47:28; 49:29-31; 50:12, 13). Така, Јаков им се придружил на Исак, својот татко, и на Авраам, својот дедо.

‚Им се придружил на своите татковци‘

7, 8. а) Каде отишол Авраам кога умрел? Објасни. б) Што покажува дека и други луѓе отишле во шеол кога умреле?

7 Претходно, кога Јехова го потврдил својот завет со Авраам и ветил дека неговото семе ќе се намножи, покажал што ќе се случи со Авраам. „А ти“, рекол Јехова, „ќе отидеш при своите татковци во мир; ќе бидеш погребан во добра старост“ (Битие 15:15). Токму тоа и се случило. Во Битие 25:8 стои: „Потоа Авраам почина, умре во чесна старост — стар и полн со години — па им се придружи на своите луѓе“. Кои биле тие луѓе? Во Битие 11:10-26 се наброени неговите предци сѐ до Ноевиот син, Сем. Значи, кога умрел Авраам, им се придружил на овие други луѓе што веќе спиеле во шеолот.

8 Изразот „им се придружи на своите луѓе“ честопати се појавува во Хебрејските списи. Затоа, логично е да се заклучи дека, кога умреле, Авраамовиот син Исмаил и Мојсеевиот брат Арон отишле во шеол и таму чекаат воскресение (Битие 25:17; Броеви 20:23-29). Значи, и Мојсеј отишол во шеол, иако никој не знаел каде бил неговиот гроб (Броеви 27:13; Второзаконие 34:5, 6). Слично, Исус Навин, кој го наследил Мојсеј како водач на Израел, како и луѓето од целата негова генерација, отишле во шеол кога умреле (Судии 2:8-10).

9. а) Како покажува Библијата дека хебрејскиот збор „шеол“ и грчкиот збор „Хадес“ се однесуваат на едно исто место? б) Каква е иднината за оние што се во шеол, односно Хадес?

9 По многу векови, Давид станал цар на 12-те племиња на Израел. Кога умрел, тој ‚починал покрај своите татковци‘ (1. Цареви 2:10). Дали и тој бил во шеолот? Интересно, на Пентекост 33 од н.е., апостол Петар се осврнал на Давидовата смрт и го цитирал стихот од Псалм 16:10: „Нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето [гробот, или шеолот]“. Откако спомнал дека Давид сѐ уште бил во својот гроб, Петар ги применил тие зборови на Исус и покажал дека Давид „зборуваше за воскресението на Христос, дека ниту беше оставен во Хадесот ниту неговото тело виде распаѓање. Бог го воскресна овој Исус, за што сите ние сме сведоци“ (Дела 2:29-32). Овде Петар го употребил зборот ‚Хадес‘, кој е грчки збор што го има истото значење како хебрејскиот збор „шеол“. Значи, оние за кои е речено дека се во Хадесот се во истата состојба како оние за кои е речено дека се во шеолот. Тие спијат, чекајќи воскресение.

Дали во шеолот има и неправедници?

10, 11. Зошто можеме да речеме дека некои неправедници одат во шеолот, односно Хадесот, кога ќе умрат?

10 Откако Мојсеј ги извел Израелците од Египет, во пустината кренале бунт. Тој им рекол на луѓето да се одвојат од водачите на бунтот — Кореј, Датан и Авирон. Тие требало да умрат од насилна смрт. Мојсеј објаснил: „Ако овие луѓе умрат како што умираат сите луѓе, тогаш Господ не ме испратил; ако ги стигне таква казна, каква што ги стигнува сите луѓе, тогаш Господ не ме испратил. Но ако Господ направи нечуено: ако земјата ја отвори својата утроба и ги проголта со сѐ што е нивно, па ако слезат живи во подземјето [гробот], тогаш знајте дека овие луѓе Го презреа Господа“ (Броеви 16:29, 30). Значи, сеедно дали со тоа што земјата ќе се отворела и ќе ги проголтала или, пак, ќе ги изгорел оган како во случајот со Кореј и 250-те левити што застанале на негова страна, сите тие бунтовници ќе завршеле во шеолот, односно во Хадесот (Броеви 26:10).

11 Симеј, кој го проколнувал цар Давид, бил казнет со раката на Соломон, наследникот на Давид. „Ти не му го проштавај тоа“, заповедал Давид, „зашто си мудар човек, и веќе ќе знаеш како треба да постапиш за да му ја испратиш седата коса со крв во гробот [шеолот]“. Соломон му наредил на Венаја да ја изврши таа казна (1. Цареви 2:8, 9, 44-46). Друг врз кого Венаја извршил казна бил поранешниот војсководец на Израел, Јоав. Неговата седа коса ‚не починала мирно во гробот [шеолот]‘ (1. Цареви 2:5, 6, 28-34). Овие два примера потврдуваат дека е точна инспирираната песна на Давид: „Безбожниците ќе се вратат во подземјето [гробот], сите народи што Го забораваат Бога“ (Псалм 9:17).

12. Кој бил Ахитофел, и што се случило со него кога умрел?

12 Ахитофел бил личен советник на Давид. Неговиот совет се ценел како да доаѓал од Јехова (2. Самоил 16:23). За жал, овој доверлив слуга станал предавник и се придружил на еден бунт што го предводел Авесалом, синот на Давид. Најверојатно Давид мислел на ова неверство кога напишал: „Ако ме укореше непријателот, тоа би го претрпел; да се кренеше против мене оној, што ме мрази, би се скрил пред него“. Давид продолжил: „Смртта нека ги најде одненадеж, нека слезат живи во Подземјето [гробот], зашто пакоста им е во живеалиштето и во срцето“ (Псалм 55:12-15). Кога умреле, Ахитофел и неговите придружници отишле во гробот, односно во шеолот.

Кој е во Геена?

13. Зошто Јуда е наречен „синот на уништувањето“?

13 Да ја споредиме состојбата на Давид со она што му се случило на Поголемиот Давид, Исус. Еден од 12-те апостоли на Христос, Јуда Искариот, станал предавник, исто како Ахитофел. Предавството на Јуда било многу посериозно од она на Ахитофел. Јуда работел против Божјиот единороден Син. Во една молитва што ја кажал на крајот на својата служба на Земјата, Божјиот Син го рекол следново за своите следбеници: „Кога бев со нив, ги чував заради твоето име кое ми го даде; и ги сочував, и ниеден од нив не е уништен, освен синот на уништувањето, за да се исполни стихот од Писмото“ (Јован 17:12). Со тоа што овде го нарекува Јуда „синот на уништувањето“, Исус покажал дека, кога Јуда умрел, немало никаква надеж да се врати во живот. Не останал во Божјето сеќавање. Тој не отишол во шеолот, туку во Геената. Што е Геена?

14. Што е Геена?

14 Исус ги осудил верските водачи од негово време затоа што секој нивни ученик го направиле „подложен на Геена“ (Матеј 23:15). Во тоа време, луѓето добро знаеле за Хиномовата долина, место што се користело како депонија во која се фрлале телата на погубените криминалци што се сметале за недостојни да имаат пристоен погреб. Претходно, самиот Исус ја спомнал Геената во својата Проповед на Гората (Матеј 5:29, 30). На оние што го слушале им било јасно нејзиното симболично значење. Геена претставувала потполно уништување без надеж за воскресение. Освен Јуда Искариот од времето на Исус, дали и други кога умреле отишле во Геената, а не во шеолот, односно Хадесот?

15, 16. Кои личности отишле во Геена кога умреле, и објасни зошто отишле таму?

15 Првите луѓе, Адам и Ева, биле создадени како совршени суштества. Тие намерно згрешиле. Пред нив стоел избор: или вечен живот или смрт. Тие не го послушале Бог и застанале на страната на Сатана. Кога умреле, за нив немало надеж дека ќе извлечат корист од Христовата откупна жртва. Наместо тоа, отишле во Геената.

16 Првородениот син на Адам, Каин, го убил својот брат Авел и потоа живеел како бегалец. Апостол Јован го нарекол Каин оној што „потекнуваше од злобниот“ (1. Јованово 3:12). Разумно е да се заклучи дека, кога умрел, отишол во Геената, исто како и неговите родители (Матеј 23:33, 35). Сосема поинаква е ситуацијата со праведниот Авел. „Со вера Авел му принесе на Бог жртва со поголема вредност отколку Каин, и со вера доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите дарови“, објаснил Павле, а потоа додал: „И со неа тој, иако умре, сѐ уште зборува“ (Евреите 11:4). Да, Авел во моментов се наоѓа во шеолот и чека да воскресне.

‚Прво‘ и „подобро“ воскресение

17. а) Во ова време на ‚свршетокот‘, кој оди во шеол? б) Каква иднина ги очекува оние што се во шеол и оние што се во Геена?

17 Мнозина од оние што ќе го прочитаат ова ќе се прашаат како стојат работите со оние што умираат во ова време на ‚свршетокот‘ (Даниел 8:19). Во 6-тото поглавје од Откровение е опишано јавањето на четири коњаници во ова време. Интересно е тоа што последниот од нив се вика Смрт, а по него оди Хадесот. Така, мнозина од оние што умираат од предвремена смрт поради настаните предизвикани од коњаниците, завршуваат во Хадес, каде што чекаат да воскреснат во Божјиот нов свет (Откровение 6:8). Тогаш, каква иднина ги очекува оние што се во шеолот (Хадесот) и оние што се во Геената? Едноставно речено, првите ги чека воскресение, а вторите ги чека вечно уништување — непостоење.

18. Каква иднина ги очекува оние што ќе го добијат „првото воскресение“?

18 Апостол Јован напишал: „Среќен е и свет секој кој има удел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, туку ќе бидат свештеници на Бог и на Христос, и ќе владеат како цареви со него илјада години“. Оние што ќе владеат заедно со Исус го добиваат „првото воскресение“, но каква е надежта за останатото човештво? (Откровение 20:6).

19. Како некои ќе добијат „подобро воскресение“?

19 Почнувајќи од времето на Божјите слуги Илија и Елисеј, некои луѓе биле вратени во живот благодарение на едно чудо, воскресението. „Жените преку воскресение ги примија своите мртви“, навел Павле, „а други беа мачени зашто не сакаа да прифатат ослободување преку некаква откупнина, за да постигнат подобро воскресение“. Да, овие луѓе што верно останале беспрекорни до крај, имале надеж за воскресение што ќе им овозможи не само да живеат уште неколку години и потоа пак да умрат, туку да живеат вечно! Тоа навистина ќе биде „подобро воскресение“ (Евреите 11:35).

20. Што ќе разгледаме во следната статија?

20 Ако умреме верни пред Јехова да му стави крај на овој злобен систем, имаме сигурна надеж за едно „подобро воскресение“, подобро во таа смисла што по него ќе следи вечен живот. Исус ветил: „Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во спомен-гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29). Следната статија ќе ни каже нешто повеќе за целта на воскресението. Таа ќе ни покаже како надежта во воскресение нѐ зајакнува да останеме беспрекорни и ни помага да стекнеме самопожртвуван дух.

Се сеќаваш ли?

• Зошто Јехова е наречен Бог „на живите“?

• Во каква состојба се оние што се во шеолот?

• Какви е иднината на оние што се во Геената?

• Како ќе им користи на некои ‚подоброто воскресение‘?

[Слика на страница 15]

Исто како Авраам, оние што одат во шеолот чекаат воскресение

[Слики на страница 16]

Зошто Адам, Ева, Каин и Јуда Искариот отишле во Геена?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели