ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bt погл. 3 стр. 20-27
  • „Се исполнија со свет дух“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Се исполнија со свет дух“
  • ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Сите беа заедно на исто место“ (Дела 2:1-4)
  • „Секој [го] чу... неговиот јазик“ (Дела 2:5-13)
  • „Петар стана“ (Дела 2:14-37)
  • „Секој од вас нека се крсти“ (Дела 2:38-47)
  • Петар проповеда на Пентакост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Христијанството се шири меѓу Евреите од првиот век
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Луѓе од „народите на сите јазици“ ја слушаат добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
bt погл. 3 стр. 20-27

ТРЕТО ПОГЛАВЈЕ

„Се исполнија со свет дух“

Резултатот од излевањето на светиот дух на Педесетница

Се темели на Дела 2:1-47

1. Каква атмосфера владеела на празникот Педесетница?

ВО ЕРУСАЛИМ врие како во кошница.a Од храмскиот жртвеник се крева чад додека левитите, најверојатно поделени во два хора, пеат наизменично стихови од Халелот (Псалми од 113 до 118). Низ улиците се слеваат реки од луѓе. Мнозина од нив се дојдени од многу далечни места како Елам, Месопотамија, Кападокија, Понт, Египет и Рим.b По кој повод? За да го прослават празникот Педесетница, кој е наречен и „денот на првините“ (4. Мој. 28:26). Секоја година, со овој празник се одбележува крајот на жетвата на јачменот и почетокот на жетвата на пченицата. Тоа е навистина радосен ден!

Карта на која е означено од кои места дошле луѓето што ја чуле добрата вест на Педесетница 33 год. од н.е. 1. Региони: Либија, Египет, Етиопија, Витинија, Понт, Кападокија, Јудеја, Месопотамија, Вавилонија, Елам, Медија и Партија. 2. Градови: Рим, Александрија, Мемфис, Антиохија (сириска), Ерусалим и Вавилон. 3. Водни површини: Средоземно Море, Црно Море, Црвено Море, Касписко Море и Персиски Залив.

ЕРУСАЛИМ — СРЕДИШТЕ НА ЈУДАИЗМОТ

Повеќето настани опишани во првите поглавја од книгата Дела се случуваат во Ерусалим. Овој град е сместен во пазувите на централниот планински венец во Јудеја, на околу 55 километри источно од Средоземното Море. Во 1070 год. пр.н.е., цар Давид ја освоил тврдината на врвот од гората Сион. Подоцна, околу неа никнал град што станал престолнина на древниот израелски народ.

Во близина на гората Сион се издигнува ридот Морија. Според древните еврејски преданија, на овој рид Авраам се обидел да го жртвува Исак околу 1.900 години пред да се случат настаните опишани во Дела. Ридот Морија станал дел од градот кога на него Соломон го изградил првиот храм на Јехова. Ова здание било средиште на јавниот живот и религијата на Евреите.

Побожните Евреи редовно се собирале од сите страни на светот во Јеховиниот храм за да му оддадат почит на Бог, да му принесат жртви и да ги одбележат годишните празници. Тоа го правеле од послушност кон следнава Божја заповед: „Трипати во годината нека дојде секое машко пред Јехова, твојот Бог, на местото што ќе го избере тој“ (5. Мој. 16:16). Во Ерусалим бил сместен и Големиот судски совет, кој служел и како врховен суд и како национален управен совет.

2. Кои необични настани се случиле на Педесетница 33 год. од н.е.?

2 Во тоа пријатно пролетно утро во 33 год. од н.е., околу девет часот се случува еден настан што останал запаметен до денешен ден. Одненадеж се слуша „шум од небото, како при налет на силен ветар“ (Дела 2:2). Тој гласен звук ја исполнува куќата во која се собрани околу 120 ученици на Исус, а потоа се случува едно чудо — се појавува нешто како пламени јазици, кои се разделуваат и на секого од учениците слегува по еден!c Во тој момент се исполнуваат со свет дух, и одеднаш можат да зборуваат на разни јазици. Тие излегуваат од куќата, а посетителите што ги среќаваат по улиците на Ерусалим не можат да им поверуваат на сопствените уши — секој ги слуша „како зборуваат на неговиот јазик“! (Дела 2:1-6).

3. а) Зошто може да се каже дека на Педесетница 33 год. од н.е. се случил еден исклучително важен настан во остварувањето на Божјите намери? б) Како е поврзан говорот на Петар со користењето на „клучевите на царството“?

3 Всушност, сето ова е жив опис на еден исклучително важен настан во остварувањето на Божјите намери. Тогаш се родил духовниот Израел, односно било основано христијанското собрание од помазаници (Гал. 6:16). Но, тоа не е сѐ. Тој ден, кога му се обратил на мноштвото, Петар го употребил првиот од трите клучеви на Царството. Со секој од овие клучеви ѝ била отворена можност на одредена група луѓе да добијат посебни благослови (Мат. 16:18, 19). Со првиот клуч им било овозможено на Евреите и на преобратениците во еврејската вера да ја прифатат добрата вест и да бидат помазани со Божјиот свет дух.d На тој начин станале дел од духовниот Израел, и со тоа добиле надеж дека ќе владеат како цареви и свештеници во месијанското Царство (Отк. 5:9, 10). Со текот на времето, таа можност им била дадена и на Самарјаните, а потоа и на луѓето од другите народи. Што можат да научат христијаните денес од овие значајни настани што се случиле на Педесетница 33 год. од н.е.?

„Сите беа заедно на исто место“ (Дела 2:1-4)

4. Зошто може да се каже дека денешното христијанско собрание влече корени од собранието кое било основано во 33 год. од н.е.?

4 Во почетокот, новооснованото христијанско собрание броело околу 120 ученици. Сите тие биле „заедно на исто место“, во една горна соба, и биле помазани со свет дух (Дела 2:1). Но, до крајот на тој ден, бројот на крстени поединци во тоа собрание пораснал на неколку илјади. Сето ова било само почеток на една организација која постои и се шири до ден-денес! Сега, пред крајот на овој поредок, Бог користи едно меѓународно братство од верни мажи и жени — односно денешното христијанско собрание — за да се проповеда добрата вест за Царството „по целиот свет, за сведоштво на сите народи“ (Мат. 24:14).

5. Кој благослов го имале оние што биле поврзани со христијанското собрание во првиот век, и како е денес?

5 Поради заемната поддршка што си ја даваат оние што се дел од христијанското собрание, тоа отсекогаш било извор на духовна сила за помазаниците, а подоцна и за другите овци (Јован 10:16). Павле покажал големо ценење за таквата поддршка кога им го напишал следново на христијаните во Рим: „Копнеам да ве видам, да ви дадам некаков духовен дар за да зајакнете, односно, заемно да се охрабриме, јас со вашата вера, а вие со мојата“ (Рим. 1:11, 12).

РИМ — ПРЕСТОЛНИНА НА ЕДНО ЦАРСТВО

Во временскиот период што е опфатен во книгата Дела, Рим бил најголемиот и политички најважниот град во тогаш познатиот свет. Тој бил престолнина на едно царство кое, во својот зенит, се протегало од Британија до Северна Африка и од Атлантскиот Океан до Персискиот Залив.

Во Рим се мешале најразлични народи, култури, јазици и празноверија. Во него пристигнувале патници и трговски производи од сите страни на царството преку мрежа од добро одржувани патишта. Освен тоа, во блиското пристаниште Остија, многу бродови, кои пловеле по прометните поморски патишта, истоварале храна и луксузни производи за жителите на Рим.

До првиот век од н.е., во Рим живееле повеќе од еден милион луѓе. Можно е половина од жителите да биле робови — односно осудени криминалци, деца што биле продадени или напуштени од родителите, како и затвореници кои биле заробени во походите на римските легии. Меѓу робовите што биле доведени во Рим имало и Евреи од Ерусалим, кои ги заробил римскиот генерал Помпеј кога го освоил градот во 63 год. пр.н.е.

Повеќето слободни граѓани биле сиромаси, кои живееле во пренатрупани повеќекатници и зависеле од социјалната помош што им ја давала државата. Сепак, императорите го украсиле градот со некои од највеличествените јавни градби што некогаш постоеле. Меѓу другото, во него имало театри и големи антички стадиони, во кои можело да се гледаат театарски претстави, гладијаторски борби и трки со двоколки. Сето ова претставувало бесплатна забава за обичниот народ.

6, 7. Како денешното христијанско собрание ја извршува задачата која Исус им ја дал на христијаните во првиот век?

6 Денешното христијанско собрание ги има истите цели што ги имало и собранието во првиот век. Исус им дал на своите ученици една задача која понекогаш им се чинела тешка, но истовремено им била и извор на голема радост. Тој им рекол: „Правете ученици од луѓето од сите народи, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Мат. 28:19, 20).

7 Денес, оваа задача ја извршува христијанското собрание на Јеховините сведоци. Со оглед на тоа што во светот постојат толку многу јазици, не е секогаш лесно да им се проповеда на сите луѓе. Но, Јеховините сведоци издаваат библиски публикации на повеќе од 1.000 јазици. Ако редовно одиш на собраниските состаноци и ако учествуваш во проповедањето и поучувањето, имаш причина да се радуваш. Ти си еден од релативно малкуте луѓе на Земјата што денес имаат чест да даваат темелно сведоштво за Јеховиното име!

8. Како ни користи тоа што сме дел од христијанското собрание?

8 За да ти помогне со радост да истраеш во овие тешки времиња, Јехова Бог се погрижил да постои едно меѓународно братство. Павле им го напишал следново на еврејските христијани: „Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци, како што некои имаат обичај, туку да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот“ (Евр. 10:24, 25). Јехова го дава христијанското собрание како дар кој ти овозможува да ги храбриш другите, а и самиот да бидеш охрабрен. Затоа, остани близок со своите духовни браќа и сестри и никогаш не пропуштај ги христијанските состаноци!

„Секој [го] чу... неговиот јазик“ (Дела 2:5-13)

Исусовите ученици им проповедаат на Евреи и на преобратеници во еврејската вера на една раздвижена улица.

„Ги слушаме како зборуваат на нашите јазици за величествените Божји дела!“ (Дела 2:11)

9, 10. Како некои се ставаат на располагање да им проповедаат на лица што зборуваат на друг јазик?

9 Замисли каква силна возбуда ги обзела на Педесетница 33 год. од н.е. мноштвото Евреи и луѓето преобратени во еврејската вера. Повеќето од присутните веројатно можеле меѓусебно да се разберат или на грчки или на хебрејски. Но тој ден, секој ги чул „учениците како зборуваат на неговиот јазик“ (Дела 2:6). Сигурно сите тие биле восхитени што ја слушале добрата вест на својот мајчин јазик. Се разбира, денес Јехова не им овозможува на христијаните со чудо да зборуваат на други јазици. Но, мнозина се ставаат на располагање за да им ја пренесат пораката за Царството на луѓето од сите националности. Како? Некои учат нов јазик за да служат во својата земја во собрание во кое се зборува на тој јазик, а други, пак, дури се преселуваат во странство. Честопати, тие увидуваат дека нивниот труд остава силен впечаток врз луѓето со кои разговараат.

10 Размисли, на пример, за Кристина која посетувала курс по јазикот гуџарати заедно со седум други Сведоци. Кога на работа сретнала млада колешка која зборува гуџарати, ја поздравила на нејзиниот мајчин јазик. Жената била пријатно изненадена и сакала да знае зошто Кристина се труди да научи толку тежок јазик како гуџарати. Така Кристина можела да ѝ посведочи. Младата жена ѝ рекла: „Сигурно имате да кажете нешто многу важно“.

11. Што може да направиме за да им ја проповедаме пораката за Царството на оние што зборуваат друг јазик?

11 Се разбира, не можеме сите да научиме друг јазик, но сепак можеме да им ја проповедаме пораката за Царството на луѓе што зборуваат на други јазици. Како? Еден начин е да научиме едноставен поздрав на некој друг јазик што се зборува на нашето подрачје. Би можеле да научиме и неколку реченици на тој јазик со кои ќе ги заинтересираме оние со кои разговараме. Може да им ја посочиме нашата интернет-страница jw.org или дури да им покажеме некои публикации и видеоклипови на нивниот јазик. Ако го правиме тоа, ќе ја чувствуваме истата радост која ја чувствувале нашите браќа од првиот век кога виделе колку им значи на луѓето од други народи тоа што можеле да ја чујат добрата вест на својот јазик.

ЕВРЕИТЕ ВО МЕСОПОТАМИЈА И ЕГИПЕТ

Во една книга за историјата на Евреите се вели: „Во Месопотамија, Медија и Вавилонија живееле потомци на жителите на десетплеменското царство [Израел] и на царството Јуда. Тие останале таму откако Асирците и Вавилонците ги довеле како заробеници“ (The History of the Jewish People in the Age of Jesus Christ). Според Езра 2:64, само 42.360 Израелци се вратиле во Ерусалим од изгнанството во Вавилон. Ова се случило во 537 год. пр.н.е. Историчарот Јосиф Флавиј спомнува дека во првиот век од н.е. „околу Вавилонија“ живееле десетици илјади Евреи. Меѓу третиот и петтиот век од н.е., во овие заедници била составувана збирката позната како Вавилонски Талмуд.

Постојат документи кои покажуваат дека во Египет имало Евреи уште од 6 век пр.н.е. Во тоа време, Еремија им упатил порака на Евреите што живееле во разни места во Египет, меѓу кои бил и Мемфис (Ерем. 44:1, фус.). Веројатно голем број Евреи се преселиле во Египет во хеленистичкиот период. Јосиф вели дека тие биле едни од првите доселеници во Александрија. Со текот на времето, им бил даден еден цел дел од градот. Во првиот век од н.е., еврејскиот писател Филон тврдел дека милион негови сонародници живеат во Египет, „од границата со Либија до границата со Етиопија“.

„Петар стана“ (Дела 2:14-37)

12. а) Како пророкот Јоил укажал на чудото што се случило на Педесетница 33 год. од н.е.? б) Зошто во првиот век се очекувало да се исполни пророштвото на Јоил?

12 Петар станал и му се обратил на мноштвото во кое имало луѓе од разни земји и националности (Дела 2:14). Тој им објаснил на сите што биле спремни да слушаат дека таа посебна способност да зборуваат на разни јазици им ја дал Бог со чудо за да се исполни следново пророштво што го кажал Јоил: „Ќе излеам од својот дух на најразлични луѓе“ (Јоил 2:28). Пред да се вознесе на небото, и Исус им рекол на своите ученици: „Јас ќе го замолам Таткото, и тој ќе ви даде друг помошник“, а потоа кажал дека тој помошник е „духот“ (Јован 14:16, 17).

13, 14. Како Петар се трудел да допре до срцето на оние што го слушале, и како можеме да го следиме неговиот пример?

13 На крајот, Петар го завршил својот говор пред мноштвото со овие силни зборови: „Сиот дом Израелов нека знае со сигурност дека Бог него го направи и Господар и Христос, тој Исус кого вие го приковавте на столб“ (Дела 2:36). Се разбира, повеќето од оние што го слушале не биле лично присутни кога Исус бил убиен на маченичкиот столб. Сепак, како народ, тие сноселе заедничка одговорност за тоа убиство. Но, забележи дека Петар им се обратил на своите сонародници со почит и со желба да допре до нивното срце. Неговата цел не била да ги осуди, туку да ги наведе да се покаат. Дали мноштвото луѓе што го слушале се навредиле од зборовите на Петар? Воопшто не. Напротив, тоа ги проболо в срце. Тие прашале: „Што треба да правиме?“ Веројатно тоа што Петар им зборувал со почит придонело неговите зборови да ги погодат в срце, па мнозина биле поттикнати да се покаат (Дела 2:37).

14 И ние можеме да го следиме примерот на Петар за да допреме до срцето на луѓето. Кога им сведочиме, не треба да се расправаме за секое небиблиско гледиште што можеби ќе го изнесат. Напротив, би било добро да најдеме нешто заедничко што ќе ни послужи како појдовна точка во разговорот. Потоа ќе можеме тактично да им покажеме што вели Божјата Реч за таа работа. Кога зборуваме за библиската вистина на таков позитивен начин, искрените луѓе обично поспремно ја прифаќаат пораката.

ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО ПОНТ

Говорот што Петар го одржал на Педесетница 33 год. од н.е. го слушале и Евреи од Понт, област на северот од Мала Азија (Дела 2:9). Очигледно, некои од нив ја пренеле добрата вест кога се вратиле дома бидејќи Петар им го упатува своето прво писмо на верниците кои биле „распрснати“ по разни места, меѓу кои бил и Понтg (1. Пет. 1:1). Од ова писмо се гледа дека и тие христијани се жалостеле „поради разните искушенија“ што ги доживувале заради својата вера (1. Пет. 1:6). Очигледно се соочувале со противење и прогонство.

Во преписката меѓу Плиниј Помладиот (управител на римската провинција Витинија и Понт) и императорот Трајан се спомнати и други испити со кои се соочиле христијаните во Понт. Во писмото што го напишал во Понт, околу 112 год. од н.е., Плиниј известува дека христијанството им се заканувало на сите како „жива напаст“, и тоа без разлика на полот, возраста или статусот. Тој им давал шанса на оние кои биле обвинети дека се христијани да го одречат тоа. Во спротивно, биле погубувани. Биле ослободувани само оние што ќе го проколнеле Христос или ќе повтореле по него молитва до боговите или до кипот на Трајан. Плиниј многу добро знаел дека не може да ги натера „оние што навистина се христијани да направат такво нешто“.

g Изразот „распрснати“ е превод на грчкиот збор кој буквално може да се преведе „во дијаспората“. Овој збор главно се користел за Евреите, што покажува дека мнозина од првите преобратеници во христијанството биле од еврејските заедници.

„Секој од вас нека се крсти“ (Дела 2:38-47)

15. а) Која изјава ја дал Петар, и на каква реакција наишле неговите зборови? б) Зошто илјадници луѓе што ја чуле добрата вест на Педесетница ги исполнувале условите да се крстат истиот ден?

15 На тој историски ден, Педесетница 33 год. од н.е., на Евреите и на преобратениците во еврејската вера кои позитивно реагирале на она што го чуле, Петар им рекол: „Покајте се и секој од вас нека се крсти“ (Дела 2:38). Како резултат на тоа, биле крстени околу 3.000 души, веројатно во базените близу до Ерусалим или во самиот град.e Дали ова било избрзана одлука? Дали треба овој извештај да го земат како пример оние што ја проучуваат Библијата или децата на христијаните, и да брзаат да се крстат, иако можеби не се спремни на тој чекор? Се разбира дека не. Сети се, тие Евреи и преобратеници што се крстиле на Педесетница 33 год. од н.е. длабоко ја проучувале Божјата Реч и биле дел од еден народ што веќе му се заветувал на Јехова. Освен тоа, ја покажале и својата ревност — на пример, некои поминале долг пат за да бидат во Ерусалим за овој годишен празник. Откако ги прифатиле важните вистини за улогата на Исус Христос во исполнувањето на Божјата намера, биле подготвени да продолжат да му служат на Бог, но сега како крстени следбеници на Христос.

КОИ БИЛЕ ЛУЃЕТО ПРЕОБРАТЕНИ ВО ЕВРЕЈСКАТА ВЕРА?

Кога Петар одржал говор на Педесетница, го слушале „и Евреи и луѓе преобратени во еврејската вера“ (Дела 2:10).

Меѓу мажите што биле поставени да вршат една „потребна работа“, односно секојдневно да делат храна, бил и Никола од Антиохија, „поранешен преобратеник во еврејската вера“ (Дела 6:3-5). Овие преобратеници, всушност, биле луѓе од другите народи, односно не-Евреи кои го прифатиле јудаизмот. Тие во секој поглед биле сметани за Евреи, бидејќи го прифаќале Богот и Законот на Израел, ги отфрлиле сите други богови, биле обрежани (сите машки) и живееле заедно со Израелците.

Откако биле ослободени од изгнанството во Вавилон во 537 год. пр.н.е., многу Израелци се преселиле далеку од својата земја, но продолжиле да живеат според својата вера. На тој начин, народите низ целиот Блиски Исток и подалеку имале можност да се запознаат со јудаизмот. Писателите од старо време, како Хорациј и Сенека, сведочат дека многу луѓе во разни земји, на кои им се допаѓале Евреите и нивните верувања, станале преобратеници и живееле со нив.

16. Како покажале самопожртвуваност христијаните во првиот век?

16 Јехова очигледно ја благословил таа група, бидејќи извештајот вели: „Сите што станаа верници беа заедно и сѐ им беше заедничко. И ги продаваа своите сопствености и имоти, а приходот им го делеа на сите, секому колку што му требаше“f (Дела 2:44, 45). Сигурно сите вистински христијани сакаат да покажуваат ваква љубов и самопожртвуваност!

17. Кои чекори мора да ги направи оној што сака да се крсти?

17 Според Библијата, за да стане христијанин, секој мора да направи неколку чекори пред да му се заветува на Бог и да се крсти. Прво, треба да ја проучува Божјата Реч (Јован 17:3). Второ, треба да покаже вера и да се покае за својот дотогашен начин на живот, докажувајќи дека искрено жали што постапувал така во минатото (Дела 3:19). Потоа мора да се преобрати и да почне да прави добри дела што се во склад со Божјата волја (Рим. 12:2; Еф. 4:23, 24). По овие чекори, треба да му се заветува на Бог во молитва и дури тогаш да се крсти (Мат. 16:24; 1. Пет. 3:21).

18. Каква чест имаат крстените ученици на Христос?

18 Дали ти си му го заветувал животот на Јехова и си се крстил како ученик на Исус Христос? Ако да, тогаш биди благодарен што ја имаш таа чест. Исто како што во првиот век ги користел учениците, кои биле исполнети со свет дух, Јехова може многу да те користи и тебе за да дадеш темелно сведоштво и да ја извршиш Неговата волја!

a Види ја рамката „Ерусалим — средиште на јудаизмот“.

b Види ги рамките „Рим — престолнина на едно царство“, „Евреите во Месопотамија и Египет“ и „Христијанството во Понт“.

c „Јазиците“ не биле дословни пламења, туку „нешто како пламени јазици“. Очигледно, она што учениците можеле да го видат со голо око изгледало и светело како пламен.

d Види ја рамката „Кои биле луѓето преобратени во еврејската вера?“.

e На 7 август 1993 год., на еден меѓународен конгрес на Јеховините сведоци што се одржа во Киев (Украина), беа крстени 7.402 лица во шест базени. Сѐ на сѐ, крштавањето траеше два часа и петнаесет минути.

f Сето ова било само привремено, за да се задоволат потребите на оние што дошле од други места и останале подолго во Ерусалим со желба да научат нешто повеќе за својата нова вера. Освен тоа, се правело на доброволна основа и не претставува облик на комунизам (Дела 5:1-4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели