Дали предводиш во искажувањето почит?
„Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (РИМ. 12:10).
1. Што веќе не е вообичаено во многу делови од светот?
ВО НЕКОИ делови од светот, обичајот налага децата да клечат во присуство на возрасните за им укажат чест. На тој начин, тие не изгледаат повисоки од постарите. Во овие заедници, исто така, се смета за знак на непочитување кога едно дете ќе му сврти грб на возрасен човек. Иако во различни култури луѓето покажуваат почит на различни начини, самото укажување почит нѐ потсетува на Мојсеевиот закон. Во него стоела следнава заповед: „Пред седа глава стани, почитувај го лицето на стар човек“ (3. Мој. 19:32). За жал, во многу места веќе не е вообичаено да им се укажува почит на другите. Всушност, непочитувањето се гледа насекаде околу нас.
2. Според Божјата реч, кого треба да го почитуваме?
2 Божјата реч многу го нагласува покажувањето почит. Таа нѐ поттикнува да ги почитуваме Јехова и Исус (Јован 5:23). Исто така, заповедано ни е да ги почитуваме членовите на семејството и соверниците, како и лица што не се дел од собранието (Рим. 12:10; Еф. 6:1, 2; 1. Пет. 2:17). Како ќе покажеме дека го почитуваме Јехова? Како покажуваме длабока почит кон нашите христијански браќа и сестри? Да ги разгледаме овие и уште некои слични прашања.
Почитувај го Јехова и неговото име
3. На кој важен начин покажуваме дека го почитуваме Јехова?
3 На Јехова му укажуваме чест кога покажуваме должна почит кон неговото име. Ние, всушност, сме ‚народ за неговото име‘ (Дела 15:14). За нас е неспоредлива чест тоа што го носиме името на Семоќниот Бог, Јехова. Пророкот Михеј рекол: „Сите народи ќе одат, секој во името на својот бог, а ние ќе одиме во името на Јехова, нашиот Бог, довека, во сета вечност“ (Мих. 4:5). Ние „одиме во името на Јехова“ така што се трудиме секој ден да живееме на начин кој фрла добро светло врз името што го носиме. Павле ги потсетил христијаните во Рим дека, ако не живееме во склад со добрата вест што ја проповедаме, поради нас ќе „се хули на Божјето име“, односно ќе му нанесеме срам (Рим. 2:21-24).
4. Како гледаш на честа што ја имаш да сведочиш за Јехова?
4 Почит кон Јехова покажуваме и со тоа што сведочиме за него. Во минатото, Јехова ги повикал членовите на израелскиот народ да бидат негови сведоци, но тие не ја исполниле таа улога (Иса. 43:1-12). Честопати му свртувале грб на Јехова и ‚му нанесувале болка на Израелевиот Светец‘ (Пс. 78:40, 41). На крајот, тој народ целосно ја изгубил Јеховината милост. Но, ние денес сме благодарни што имаме чест да сведочиме за Јехова и да го објавуваме неговото име. Го правиме тоа затоа што го сакаме и затоа што копнееме да се посвети неговото име. Како да не проповедаме кога ја знаеме вистината за нашиот небесен Татко и за неговите намери! Се чувствуваме исто како апостол Павле кој рекол: „Тоа ми е должност. Навистина, тешко мене ако не ја објавувам добрата вест!“ (1. Кор. 9:16).
5. Како верата во Јехова е поврзана со покажувањето почит кон него?
5 Псалмистот Давид изјавил: „Оние што го знаат твоето име ќе имаат доверба во тебе, зашто ти нема да ги оставиш оние што те бараат тебе, Јехова“ (Пс. 9:10). Ако навистина го познаваме Јехова и ако му укажуваме почит, ќе имаме доверба во него исто како неговите верни слуги во минатото. И со ваквата доверба и вера покажуваме почит кон Јехова. Кога древниот Израел не покажал доверба во Него, Јехова го прашал Мојсеј: „До кога ќе ме презира овој народ? До кога нема да ми веруваат и покрај сите чуда што ги направив меѓу нив?“ (4. Мој. 14:11). Забележи како во Божјата реч се истакнува дека довербата во Јехова подразбира да не го презираме, односно да му укажуваме почит. Покажуваме почит кон Јехова кога веруваме дека тој ќе нѐ заштити и ќе нѐ поддржи дури и ако трпиме неволји.
6. Што нѐ тера да покажуваме длабока почит кон Јехова?
6 Исус покажал дека почитта кон Јехова мора да извира од нашето срце. Зборувајќи за оние што не му служеле искрено на Бог, Исус ги цитирал зборовите на Јехова: „Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене“ (Мат. 15:8). Искрената почит кон Јехова извира од срце полно со љубов кон него (1. Јов. 5:3). И, не ги забораваме Јеховините зборови: „Јас им укажувам чест на оние што мене ми укажуваат чест“ (1. Сам. 2:30).
Оние што предводат покажуваат почит кон другите
7. а) Зошто браќата кои се на одговорни положби треба да им искажуваат почит на оние што ги надгледуваат? б) Како Павле им искажувал почит на соверниците?
7 Апостол Павле ги поттикнува соверниците: „Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Рим. 12:10). Браќата што се на одговорни положби во собранието треба да бидат пример — ‚да предводат‘ — со тоа што ќе покажуваат почит кон оние што ги надгледуваат. Во тој поглед, добро е оние што имаат поголеми одговорности да го следат примерот што го дал Павле. (Прочитај 1. Солуњаните 2:7, 8.) Браќата во собранијата што ги посетувал Павле знаеле дека тој никогаш не би побарал од нив да прават нешто кое самиот тој не би го направил. Павле им искажувал почит на соверниците, и со тоа ја заслужил нивната почит. Кога Павле рекол: „Сесрдно ве молам, угледајте се на мене“, можеме да бидеме уверени дека мнозина го послушале бидејќи тој навистина бил добар пример (1. Кор. 4:16).
8. а) На кој важен начин Исус им искажувал почит на своите ученици? б) Како можат денешните надгледници да го следат примерот на Исус?
8 Еден одговорен брат им искажува почит на оние што ги надгледува и со тоа што ќе им објасни зошто бара нешто од нив или зошто дава такви упатства. На тој начин, го следи примерот на Исус. На пример, кога им кажал на своите ученици да се молат за повеќе работници за жетвата, Исус им објаснил зошто. Тој рекол: „Жетвата е голема, а работници има малку. Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“ (Мат. 9:37, 38). Слично постапил и кога им кажал на своите ученици ‚да бдеат‘ — им објаснил од која причина: „Зашто не знаете во кој ден доаѓа вашиот Господар“ (Мат. 24:42). Секогаш одново, Исус им кажувал на своите ученици не само што треба да прават туку и зошто да го прават тоа. На тој начин им укажал почит и чест. Навистина, одличен пример кој можат да го следат христијанските надгледници!
Почитувај го Јеховиното собрание и водството што го дава
9. Кон кого покажуваме почит кога го почитуваме меѓународното христијанско собрание и неговите претставници? Објасни.
9 За да му укажеме почит на Јехова, треба да го почитуваме и меѓународното христијанско собрание, како и неговите претставници. Кога сме послушни на библиските совети што ги дава верниот роб, покажуваме почит кон Јеховината организација и упатствата што доаѓаат преку неа. Во христијанското собрание од првиот век, апостол Јован видел дека имало потреба да ги прекори оние што не покажувале доволно почит кон именуваните Божји слуги. (Прочитај 3. Јованово 9-11.) Зборовите на Јован покажуваат дека немало почит не само кон одредени надгледници туку и кон нивните поуки и водство. За среќа, повеќето христијани не биле такви. Додека биле живи апостолите, братството во целина очигледно покажувало длабока почит кон оние што преземале водство (Фил. 2:12).
10, 11. Објасни на темел на Библијата зошто е во ред некои да имаат одреден авторитет во христијанското собрание.
10 Некои сметаат дека, со оглед на тоа што Исус им рекол на учениците дека ‚сите тие се браќа‘, никој не би требало да биде на одговорна положба во христијанското собрание (Мат. 23:8). Сепак, и во Хебрејските и во Грчките списи има многу примери на луѓе кои Бог ги поставил на одговорни положби. Древната хебрејска историја на семејни поглавари, судии и цареви изобилува со докази дека Јехова дава упатства користејќи човечки претставници. Кога народот не им искажувал должна почит на лицата што биле поставени од Јехова, тој ги казнувал (2. Цар. 1:2-17; 2:19, 23, 24).
11 На сличен начин, христијаните во првиот век го признавале авторитетот на апостолите (Дела 2:42). На пример, Павле им давал упатства на своите браќа (1. Кор. 16:1; 1. Сол. 4:2). Но, и тој спремно им се подложувал на оние што имале авторитет над него (Дела 15:22; Гал. 2:9, 10). Павле навистина имал исправно гледиште кон авторитетот во христијанското собрание.
12. Кои две работи во врска со авторитетот ги учиме од библиските примери?
12 Од ова учиме две работи. Прво, библиски е „верниот и разборит роб“, преку своето Водечко тело, да поставува мажи на одговорни положби, и некои од нив да бидат поставени на авторитетни положби над други именувани мажи (Мат. 24:45-47; 1. Пет. 5:1-3). Второ, сите ние, вклучувајќи ги и именуваните браќа, треба да покажуваме почит кон оние што имаат авторитет над нас. Тогаш, на кои практични начини можеме да им укажуваме чест на оние што се поставени за надгледници во меѓународното христијанско собрание?
Да покажуваме почит кон патувачките надгледници
13. Како можеме да покажеме почит кон денешните претставници на христијанското собрание?
13 Павле изјавил: „Ве молиме, браќа, почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас и предводат во делото на Господарот и ве опоменуваат, и нив особено ценете ги со љубов поради нивната работа. Бидете во мир еден со друг“ (1. Сол. 5:12, 13). Без сомнение, патувачките надгледници се едни од оние што „се трудат“. Затоа, нив треба ‚особено да ги цениме‘. Еден начин на кој го правиме ова е така што со сето срце ги прифаќаме нивните совети и охрабрување. Кога таков надгледник ќе ни пренесе упатства што ги дава верниот роб, „мудроста одозгора“ ќе нѐ наведе ‚спремно да послушаме‘ (Јак. 3:17).
14. Како собранието покажува дека искрено ги почитува патувачките надгледници, и кој е резултатот од тоа?
14 Но, што ако добиеме упатства да ги правиме работите на начин кој се разликува од она на кое сме навикнати? За да покажеме почит, можеби понекогаш ќе треба да се бориме со склоноста да приговараме велејќи: „Овде не правиме така“, или: „Можеби тоа важи за други собранија, но не и за нашето“. Наместо тоа, се трудиме да постапиме во склад со новите упатства. Ако постојано имаме на ум дека собранието му припаѓа на Јехова и дека Исус е негова Глава, ќе успееме во тоа. Кога со радост ги прима упатствата од патувачкиот надгледник и ги применува, собранието покажува вистинска почит. Апостол Павле ги пофалил браќата во Коринт затоа што со почит ги слушале упатствата што им ги дал патувачкиот надгледник, Тит (2. Кор. 7:13-16). И денес можеме да бидеме сигурни дека спремноста со која ги применуваме упатствата што ни ги даваат патувачките надгледници многу ќе ни ја зголеми радоста во проповедањето. (Прочитај 2. Коринќаните 13:11.)
„Почитувајте го секого“
15. На кои начини можеме да покажеме почит кон соверниците?
15 Павле напишал: „Немој да прекоруваш постар човек, туку советувај го како татко, помладите мажи како браќа, постарите жени како мајки, а помладите жени како сестри — со сета чистота. Почитувај ги вдовиците кои навистина се вдовици“ (1. Тим. 5:1-3). Со овие зборови, Божјата реч нѐ советува да ги почитуваме сите во христијанското собрание. Но, што ако дојде до несогласување меѓу тебе и твојот брат или сестра? Дали тоа ќе те спречи да постапиш во склад со својата должност да го почитуваш тој сохристијанин? Од друга страна, би можел ли да го промениш својот став со тоа што ќе размислуваш за добрите духовни особини што ги има тој Божји слуга? Особено оние што се на одговорни положби мора со почит да гледаат на своите браќа и никогаш ‚да не господарат над стадото‘ (1. Пет. 5:3). Всушност, во христијанското собрание, чие главно обележје е искрената љубов меѓу неговите членови, имаме многу можности да си искажуваме почит еден на друг. (Прочитај Јован 13:34, 35.)
16, 17. а) Зошто е важно да ги почитуваме не само оние на кои им проповедаме туку и противниците? б) Како ‚ги почитуваме сите‘?
16 Се разбира, ние не ги почитуваме само оние што се дел од христијанското собрание. Павле им напишал на христијаните што живееле во неговото време: „Додека имаме можност за тоа, да им правиме добро на сите“ (Гал. 6:10). Точно, можеби воопшто не е лесно да се примени ова начело ако некој колега или соученик е груб кон тебе. Во тие моменти, треба да се сетиме на следниве зборови: „Не гневи се поради оние што прават зло“ (Пс. 37:1). Ако го применуваме овој совет, ќе можеме да им одговориме со почит дури и на противниците. Слично е и кога проповедаме — ако имаме понизно гледиште за себеси, ќе можеме на сите да им одговориме „благо и со длабока почит“ (1. Пет. 3:15). Дури и со нашиот изглед и облека можеме да покажеме почит кон оние на кои им проповедаме.
17 Значи, сеедно дали во нашите односи со соверниците или со луѓето надвор од собранието, сакаме да се трудиме да го примениме следниов совет: „Почитувајте го секого, сите браќа сакајте ги, од Бог бојте се, царот почитувајте го“ (1. Пет. 2:17).
Како би одговорил?
Како можеш да им искажуваш должна почит на...
• Јехова?
• собраниските старешини и патувачките надгледници?
• секој член од собранието?
• оние на кои им проповедаме?
[Слика на страница 23]
Христијаните во првиот век го почитувале надгледувањето од страна на водечкото тело
[Слика на страница 24]
Старешините во секоја земја ги почитуваат патувачките надгледници, кои се именувани од Водечкото тело