ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/10 стр. 25-29
  • Што би дал за да живееш вечно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што би дал за да живееш вечно?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Христос не си угодуваше себеси“
  • Јехова сака да му го дадеме најдоброто
  • Мудро користи го своето време
  • „Јас сум со вас во сите денови“
  • Не живееме повеќе за себе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Зошто да го следиме Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Што мораме да правиме за да бидеме спасени?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Обучени да дадеме темелно сведоштво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/10 стр. 25-29

Што би дал за да живееш вечно?

„Што може да даде човек во замена за својот живот?“ (МАТ. 16:26).

1. Зошто Исус му одвратил толку строго на Петар?

АПОСТОЛ Петар не можел да поверува дека слуша такво нешто. Неговиот сакан Учител, Исус Христос, отворено им кажал дека наскоро ќе пострада и ќе биде убиен! Кога го чул тоа, Петар го прекорил Исус — без сомнение, со најдобри намери — велејќи: „Биди милостив кон себе, Господару. Тоа никако нема да ти се случи тебе!“ Исус му го свртел грбот на Петар и ги погледнал другите ученици. Веројатно и тие го делеле истото погрешно мислење. Потоа му рекол на Петар: „Бегај од мене, Сатано! Ти си ми камен за спрепнување, зашто твоите мисли не се Божји, туку човечки“ (Мар. 8:32, 33; Мат. 16:21-23).

2. Како Исус јасно кажал што ќе се очекува од еден вистински негов ученик?

2 Она што го кажал потоа, можеби му помогнало на Петар да сфати од која причина Исус толку строго возвратил на неговите зборови. Исус ‚ги повикал народот и своите ученици‘ и рекол: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб и нека појде по мене. Зашто, кој сака да си го спаси животот, ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене и заради добрата вест, ќе го спаси“ (Мар. 8:34, 35). Со тоа јасно покажал дека, не само што ќе го жртвувал својот живот, туку очекувал и оние што го следеле да бидат спремни да ги жртвуваат своите животи во службата за Бог. Ако го стореле тоа, ќе добиеле голема награда. (Прочитај Матеј 16:27.)

3. а) Кои прашања им ги поставил Исус на своите слушатели? б) На што можеби ги потсетило слушателите второто прашање што го поставил Исус?

3 Во истата прилика, Исус поставил две длабоки прашања: „Од каква корист му е на човекот ако го добие целиот свет, а го изгуби животот?“ и „Што може да даде човекот во замена за својот живот?“ (Мар. 8:36, 37). Одговорот на првото прашање е очигледен. Човек нема никаква корист ако го добие целиот свет, но го изгуби животот. Поседите се корисни само ако сме живи за да уживаме во нив. Второто прашање што го поставил Исус, „Што може да даде човекот во замена за својот живот?“, можеби ги потсетило неговите слушатели на она што го тврдел Сатана во времето на Јов: „Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа“ (Јов 2:4). За некои што не му служат на Јехова, можеби навистина е точно она што го рекол Сатана. Мнозина би направиле сѐ, и би ги погазиле сите принципи, само за да останат живи. Но, христијаните гледаат поинаку на работите.

4. Зошто прашањата на Исус имаат подлабоко значење за христијаните?

4 Знаеме дека Исус не дошол на Земјата за да ни даде здравје, богатство и долг живот во овој свет. Тој дошол за да ни овозможи да живееме вечно во новиот свет — надеж која нам многу ни значи (Јован 3:16). За еден христијанин, првото прашање на Исус, всушност, значи: „Каква корист има човек ако го добие целиот свет, а ја изгуби надежта за вечен живот?“ Одговорот е: Никаква! (1. Јов. 2:15-17). За да одговориме на второто прашање што го поставил Исус, би било добро да се прашаме: ‚Што сѐ сум спремен да жртвувам јас за да живеам во новиот свет?‘ Нашиот одговор на ова прашање, кој се гледа од нашиот начин на живот, открива колку е реална таа надеж во нашето срце. (Спореди Јован 12:25.)

5. Како можеме да го добиеме вечниот живот како дар?

5 Се разбира, Исус не сакал да каже дека можеме да го заработиме вечниот живот. Животот е дар — дури и нашиот релативно краток живот во овој свет. Не можеме да го купиме ниту да го заслужиме на кој и да било начин. Вечниот живот можеме да го добиеме како дар само ако сме ‚поверувале во Христос Исус‘ и во Јехова, кој „ги наградува оние што ревносно го бараат“ (Гал. 2:16; Евр. 11:6). Сепак, мора со дела да покажеме дека имаме вера, бидејќи „верата без дела е мртва“ (Јак. 2:26). Затоа, додека подлабоко размислуваме за прашањето на Исус, би било добро сериозно да размислиме од колку работи сме спремни да се откажеме во овој свет и што сѐ сме спремни да правиме во Јеховината служба за да покажеме дека навистина имаме жива вера.

„Христос не си угодуваше себеси“

6. Што му било најважно на Исус?

6 Наместо да трча по она што го нудел светот во неговото време, Исус го насочил вниманието на она што навистина било важно, и не му попуштил на искушението да насобира материјални работи за да води удобен живот. Тој водел самопожртвуван живот и му останал послушен на Бог. Наместо да си угодува себеси, тој рекол: „Јас секогаш го правам она што... му е по волја [на Бог]“ (Јован 8:29). До кој степен Исус се трудел да му угоди на Бог?

7, 8. а) Каква жртва направил Исус, и како бил награден? б) Кои прашања треба да си ги поставиме?

7 Во една прилика, Исус им рекол на своите ученици: „Синот човечки не дојде да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина“ (Мат. 20:28). Кратко пред тоа, кога Исус почнал да ги предупредува своите следбеници дека наскоро ќе „го даде својот живот“, Петар му рекол да биде милостив кон себе. Сепак, Исус не се поколебал. Тој спремно го дал својот совршен човечки живот за луѓето. Бидејќи бил несебичен, Исус имал сигурна иднина. Бог го воскреснал, ‚го возвишил и му дал да седи од неговата десна страна‘ (Дела 2:32, 33). Со тоа Исус ни оставил прекрасен пример.

8 Апостол Павле ги советувал христијаните во Рим ‚да не си угодуваат себеси‘ и ги потсетил дека ‚ниту Христос не си угодувал себеси‘ (Рим. 15:1-3). До која мера ќе го примениме советот на овој апостол? По примерот на Исус, колку жртви ќе бидеме спремни да направиме?

Јехова сака да му го дадеме најдоброто

9. Што прави, всушност, христијанинот кога му се заветува на Бог?

9 Во древниот Израел, според Мојсеевиот закон, еврејските робови требало да бидат ослободени, или во седмата година од ропството или во прошталната година. Но, тие имале избор. Ако робот го засакал својот господар, можел да остане роб во неговиот дом до крајот на својот живот. (Прочитај 5. Мојсеева 15:12, 16, 17.) И ние донесуваме слична одлука кога му се заветуваме на Бог. Доброволно се согласуваме да ја вршиме Божјата волја наместо да постапуваме како што би сакале ние. Со таа одлука ние покажуваме дека многу го сакаме Јехова и дека имаме желба да му служиме засекогаш.

10. Во која смисла Бог е нашиот сопственик, и како треба овој факт да влијае врз нашите мисли и постапки?

10 Ако моментално ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци, ја проповедаш добрата вест и одиш на христијанските состаноци, ти си за пофалба. Се надеваме дека наскоро ќе посакаш да му се заветуваш на Јехова и да го поставиш прашањето кое Етиопјанинот му го поставил на Филип: „Што ме спречува да се крстам?“ (Дела 8:35, 36). Твојот однос со Бог тогаш ќе биде како оној на христијаните на кои Павле им го напишал следново: „Вие не си припаѓате себеси, бидејќи скапо сте купени“ (1. Кор. 6:19, 20). Сеедно дали имаме надеж да живееме на небото или на Земјата, ако сме му се заветувале на Јехова, тој е нашиот Сопственик. Тогаш, колку е важно да ги потиснуваме себичните желби и ‚повеќе да не им бидеме робови на луѓето‘! (1. Кор. 7:23). Каква чест е да му бидеме верни слуги на Јехова кои тој може да ги користи како што сака!

11. Каква жртва се поттикнати да даваат христијаните, и што значи тоа, како што се гледа од жртвите што биле принесувани под Мојсеевиот закон?

11 Павле ги поттикнал своите соверници да ги ‚дадат своите тела како жртва жива, света, прифатлива за Бог, да му служат на Бог, користејќи го својот разум‘ (Рим. 12:1). Овие зборови можеби ги потсетиле еврејските христијани на жртвите кои морале да му ги принесуваат на Бог пред да станат следбеници на Исус. Тие знаеле дека, под Мојсеевиот закон, на Јеховиниот жртвеник морало да бидат принесувани само најдобрите жртви. Сѐ друго било неприфатливо за Јехова (Мал. 1:8, 13). Истото важи и кога ги принесуваме нашите тела како ‚жива жртва‘. Му го даваме на Јехова најдоброто, а не она што ни преостанало откако сме ги задоволиле сите свои лични желби. Кога му се заветуваме на Бог, ние безусловно му го даваме својот живот — својата сила, своите способности и сѐ друго што имаме (Кол. 3:23). Што конкретно значи ова?

Мудро користи го своето време

12, 13. Наведи еден начин на кој можеме да му го даваме нашето најдобро на Јехова.

12 Еден начин да му го дадеме најдоброто на Јехова е мудро да го користиме своето време. (Прочитај Ефешаните 5:15, 16.) За ова е потребно самосовладување. Поради влијанието од светот и нашата вродена несовршеност, склони сме да го користиме времето само за наше лично задоволство или корист. Се разбира, „сѐ си има свое време“, што значи, има време и да се опуштиме и да работиме за да го издржуваме семејството (Проп. 3:1). Сепак, христијаните што му го ветиле својот живот на Јехова треба да бидат урамнотежени и мудро да го користат своето време.

13 Кога Павле бил во Атина, забележал дека ‚никој од Атињаните и од странците што престојувале таму не го трошел слободното време за нешто друго, освен за да каже или да чуе нешто ново‘ (Дела 17:21). И денес многумина го губат своето време на сличен начин. Меѓу другото, телевизијата, видеоигрите и Интернетот можат да ни одземат голем дел од времето. Има сѐ повеќе работи што можат да ни го крадат времето и вниманието. Ако им се препуштиме, би можеле да ги занемариме нашите духовни потреби. Би можеле дури да помислиме дека едноставно немаме време за она „што е најважно“, односно за работите што се поврзани со службата за Јехова (Фил. 1:9, 10).

14. За кои прашања треба сериозно да размислиме?

14 Според тоа, како слуга на Јехова, прашај се: ‚Дали секојдневно одвојувам време за да ја читам Библијата, да размислувам за неа и да се молам?‘ (Пс. 77:12; 119:97; 1. Сол. 5:17). ‚Дали одвојувам време да се подготвам за христијанските состаноци? Дали ги охрабрувам другите со тоа што коментирам на состаноците?‘ (Пс. 122:1; Евр. 2:12). Божјата реч вели дека Павле и Варнава поминале ‚подолго време зборувајќи смело во името на Јехова‘ (Дела 14:3). Дали можеш да смениш нешто за да посветиш повеќе време на проповедањето и, на пример, да служиш како пионер? (Прочитај Евреите 13:15.)

15. Како старешините мудро го користат своето време?

15 Кога апостол Павле и Варнава го посетиле христијанското собрание во Антиохија, ‚поминале доста време со учениците‘ за да ги охрабрат (Дела 14:28). Грижливите старешини денес, исто така, трошат голем дел од своето време за да ги зајакнат другите. Освен што проповедаат, старешините многу се трудат да се грижат за стадото, да ги бараат загубените овци, да им помагаат на болните и да водат сметка за многу други одговорности во собранието. Ако си крстен брат, дали околностите ти дозволуваат да се потрудиш да ги исполниш условите за да вршиш и ти некое од тие додатни задолженија?

16. На кои начини можеме да „им правиме добро... на своите браќа по вера“?

16 Мнозина со радост им помагале на оние што биле жртви на природни катастрофи или несреќи предизвикани од човек. На пример, една сестра која е во своите 60-ти години и служи во Бетел, неколку пати патувала далеку за да служи како доброволец во акциите за помош. Зошто ги користела своите слободни денови на ваков начин? Таа вели: „Иако немам некои посебни вештини, ми беше задоволство да помагам таму каде што беше потребно. Многу се охрабрив кога видов колку силна вера имаат моите браќа и сестри што изгубиле толку многу во материјален поглед“. Освен тоа, илјадници лица низ целиот свет помагаат при градењето на Сали на Царството и на Конгресни сали. Кога имаме удел во такви активности, и ние несебично „им правиме добро... на своите браќа по вера“ (Гал. 6:10).

„Јас сум со вас во сите денови“

17. Што ќе дадеш ти лично во замена за вечен живот?

17 Човечкото општество кое е отуѓено од Бог наскоро ќе го снема. Не знаеме кога точно ќе се случи тоа. Сепак, знаеме дека „преостана малку време“ и дека „се менува лицето на овој свет“. (Прочитај 1. Коринќаните 7:29-31.) Тоа му додава уште поголема важност на прашањето што го поставил Исус: „Што може да даде човекот во замена за својот живот?“ Сигурно ќе ги направиме сите жртви кои Јехова ги бара од нас за да го освоиме „вистинскиот живот“ (1. Тим. 6:19). Навистина, од пресудна важност е да го послушаме Исусовиот совет ‚да одиме по него‘ и ‚да го бараме најнапред царството‘ (Мат. 6:31-33; 24:13).

18. Каква доверба може да имаме, и зошто?

18 Се разбира, не е секогаш лесно да го следиме Исус и, како што предупредил тој, некои навистина го изгубиле сегашниот живот. И покрај тоа, исто како Исус, ние не му попуштаме на искушението ‚да бидеме милостиви кон себе‘. Имаме доверба во ветувањето што им го дал на своите помазани следбеници во првиот век: „Јас сум со вас во сите денови до свршетокот на овој поредок“ (Мат. 28:20). Затоа, да ги користиме своето време и своите способности во светата служба во најголема можна мера. Додека го правиме тоа, покажуваме доверба дека Јехова ќе нѐ зачува во големата неволја или ќе нѐ врати во живот во новиот свет (Евр. 6:10). Според тоа, ако даваме сѐ од себе во службата за Јехова, покажуваме колку многу го цениме дарот на животот.

Како би одговорил?

• Како покажал Исус извонредна спремност да им служи на Бог и на луѓето?

• Зошто треба да се одречеме од себеси, и како го правиме ова?

• Само какви жртви биле прифатливи за Јехова во древниот Израел, и како ова сознание ни помага денес?

• На кои начини можеме мудро да го користиме своето време?

[Слики на страница 26]

Исус секогаш го правел она што му се допаѓало на Бог

[Слика на страница 28]

Благодарните Израелци му го давале најдоброто што го имале на Јехова

[Слики на страница 29]

Му угодуваме на Бог кога мудро го користиме своето време

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели