ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/98 стр. 3-6
  • Грижа за поседите на Господарот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Грижа за поседите на Господарот
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Христијанско управителство
  • „Верен управител, разумен“
  • Промена во фокусот
  • Поинакви организациони потреби
  • Фактори кои треба да се одмерат
  • Грижа за поседите
  • Печатење библиска литература под забрана
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Ти си верен управител!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Издавање на библиска литература за слава на Бог
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
Нашата служба за Царството 1998
km 6/98 стр. 3-6

Грижа за поседите на Господарот

1 Во библиските времиња, управителот имал положба на голема доверба. Авраам му дал задача на својот управител да најде жена за синот Исак (1. Мој. 24:1—4). Всушност, управителот бил одговорен да го обезбеди продолжувањето на Авраамовата лоза. Колкава само одговорност! Не е чудно што апостол Павле рекол: „Од управниците понатаму се бара секој од нив да се покаже верен“ (1. Кор. 4:2).

Христијанско управителство

2 Некои аспекти од христијанската служба се опишани во Библијата како управителство. На пример, апостол Павле им зборувал на ефесјаните за „управителството на незаслужената љубезност на Бог што ми беше дадена мене со изглед за вас“ (Ефеш. 3:2; Кол. 1:25, обата NW). На својот налог да им ја однесе добрата вест на народите, тој гледал како на управителство кое морал верно да го изврши (Дела 9:15; 22:21). На своите помазани браќа, апостол Павле им напишал: „Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. Служете си еден на друг, секој со дарот што го примил, како добри распоредници [управители, NW] на разнообразната Божја благодат“ (1. Петр. 4:9, 10; Евр. 13:16). Сето она што тие христијани од првиот век го поседувале во материјален поглед, било резултат на Јеховината незаслужена љубезност. Затоа, тие биле управители на таквите работи и требало да ги користат на христијански начин.

3 Денес, Јеховините сведоци имаат слично гледиште за работите. Тие му се предале на Јехова Бог и сметаат дека сѐ што имаат — своите животи, физичка сила, материјални поседи — е плод на „разнообразната Божја благодат“. Како добри управители, тие се сметаат одговорни пред Јехова Бог за начинот на кој ги користат овие работи. Освен тоа, ним им било дадено спознание за добрата вест. И тоа е еден залог кој сакаат да го користат на најдобриот можен начин — за да го величаат Јеховиното име и за да им помагаат на другите да дојдат до спознание за вистината (Мат. 28:19, 20; 1. Тим. 2:3, 4; 2. Тим. 1:13, 14).

4 На кој начин Јеховините сведоци ги исполнуваат своите одговорности како управители? Годишниот извештај покажува дека само минатата година, ширум светот потрошиле повеќе од една милијарда часови во проповедање на „добрата вест за Царството“ и воделе повеќе од 4.500.000 домашни библиски студии со заинтересираните лица (Мат. 24:14, NW). Нивната верност како Јеховини управители била покажана и со нивните великодушни прилози за светското дело, со поддршката на локалните Сали на Царството, со нивната гостопримливост кон патувачките надгледници и другите, како и со нивната извонредна љубезност кон оние кои се наоѓаат во голема потреба — како што се жртвите на вооружените судири. Како група, вистинските христијани добро се грижат за поседите на Господарот.

„Верен управител, разумен“

5 Управителството не постои само на поединечно туку и на организационо ниво. Помазаното христијанско собрание на Земјата, Исус го нарекол „верен управител, разумен“ (Лука 12:42, NW). Одговорноста на овој „верен управител“ е да обезбеди „храна“ и да предводи во меѓународното проповедање на добрата вест (Откр. 12:17). Во врска со ова, класата на верниот управител, претставена со Водечкото тело, има одговорност која ѝ е дадена од Бог — исправно да управува со Неговите материјални и духовни „таланти“ (Мат. 25:15). Во склад со примерот на ‚верниот управител‘, поединечни корпорации на подружниците вложуваат секакви напори за да ги искористат сите финансиски прилози на еден разумен начин, за унапредување на интересите на Царството. Сите такви донации се дадени на доверба, а ‚верниот управител, разумниот‘ е одговорен да се погрижи тие да бидат употребени за онаа намена за која се одредени и со нив да се ракува мудро, економично и ефективно.

6 Еден пример на мудра употреба на приложените фондови се гледа во порастот на печатарската активност на Јеховините сведоци во текот на 20 век. Дистрибуцијата на Библии и на библиска литература — списанија, книги, брошури, џебни брошури, трактати и Веста за Царството — играше голема улога во ширењето на „добрата вест“ во текот на овие ‚последни денови‘ (Мар. 13:10, NW; 2. Тим. 3:1). А списанието Стражарска кула беше една главна алатка во снабдувањето ‚храна навреме‘ за „Божјето домаќинство“ и нивните придружници, ‚големото мноштво‘ од „други овци“ (Мат. 24:45; Ефес. 2:19, NW; Откр. 7:9; Јован 10:16).

7 Во почетокот, целата литература на Јеховините сведоци се произведуваше во комерцијални печатници. Но, во текот на 1920-тите, беше одлучено дека ќе биде поефикасно и покорисно во духовен поглед ако Јеховините слуги сами си печатат. Почнувајќи од малку во 1920, печатарското дело во Бруклин (Њујорк) постепено растеше сѐ додека не стана многу големо. До 1967 објектите за печатење опфаќаа четири градски блокови. Печатењето започна и во други земји, но во повеќето од нив беше прекинато поради II светска војна.

8 Колку и да растеше печатарската работа во Соединетите Држави, никогаш не беше доволно голема за да ги задоволи потребите на целиот свет. Затоа, во годините после војната, печатарските работи беа започнати или веќе се одвиваа во многу други земји, вклучувајќи ги Англија, Грција, Данска, Западна Германија, Јужна Африка, Канада и Швајцарија. До раните 1970-ти, Австралија, Бразил, Гана, Јапонија, Нигерија, Филипините и Финска беа додадени кон списокот. Некои од овие земји произведуваа и повези. Исто така, во раните 1970-ти, мисионерите на Гилеад беа обучени во печатарските вештини и испратени во некои од овие земји за да им помогнат на локалните браќа во печатарската работа.

9 Во текот на 1980-тите, земјите во кои се печатеа списанија достигнаа највисок број од 51.a Колку само добра употреба на поседите на Господарот испадна тоа! Колку само силен доказ за порастот на делото на Царството! И колку само силно сведоштво за великодушната поддршка на милиони поединечни Сведоци на Јехова кои ‚му оддаваат чест на Јехова со своите скапоцени работи‘! (Изр. 3:9, NW). Така, тие покажале дека се добри управители на она со кое Јехова ги благословил на различни начини.

Промена во фокусот

10 Во текот на 1970-тите и во раните 1980-ти беше постигнат голем напредок во печатарската технологија и Јеховините сведоци усвоија понови техники на печатење. Претходно, тие го користеа вообичаениот печатарски стил на втиснување букви. Ова постепено се промени кога тие почнаа да го усвојуваат помодерното офсет печатење. Како резултат на тоа, се произведуваат прекрасни публикации со илустрации во сите бои, наместо двобојните слики (црна плус уште некоја боја) кои беа можни на старите печатачи. Понатаму, компјутерската технологија ја промени целата претпечатарска операција (подготовка за печатење). Јеховините сведоци создадоа Повеќејазичен електронски фотослог систем (МЕПС) — компјутеризиран систем кој сега го овозможува печатењето на повеќе од 370 различни јазици. Ниедна комерцијална програма не му е рамна на МЕПС во поглед на капацитетот да функционира на толку многу јазици.

11 Благодарение на МЕПС компјутерската технологија и употребата на други иновации како што е електронската пошта, беше постигнат уште еден голем напредок во производството на храна во право време. Претходно, со користење на постарата технологија, списанијата кои не беа на англиски јазик содржеа информации со месеци, па дури и една година после англиските. Сега, Стражарска кула излегува симултано на 115 различни јазици, а Разбудете се! на 62. Ова значи дека ширум светот повеќе од 95 проценти од оние кои присуствуваат на седмичната студија на Стражарска кула на Јеховините сведоци го разгледуваат истиот материјал во исто време. Колкав само благослов е тоа! Сигурно дека инвестирањето во целата таа нова технологија беше добра употреба на поседите на Господарот!

Поинакви организациони потреби

12 Овие нови системи ги променија организационите потреби за печатарски операции на Јеховините сведоци ширум светот. Офсет машините со ролни од хартија се многу побрзи од старите печатачи, но тие се и многу поскапи. Компјутерските системи кои ја овозможуваат поврзаната работа, како што е пишувањето, преведувањето, сликањето и графиката, иако нудат далеку повеќе можности отколку старите системи, сепак се и поскапи. Наскоро стана очигледно дека повеќе не беше исплатливо да се печатат списанија во 51 различна земја. Затоа, во 1990-тите, ‚верниот управител‘ повторно ги разгледа работите. До каков заклучок се дојде?

13 Истражувањата покажаа дека ‚скапоцените работи‘ што ги приложиле Јеховините сведоци и нивните пријатели подобро ќе се потрошат ако печатарската работа се интегрира. Така, бројот на подружниците кои печатат постепено се намали. Германија го презеде печатењето на списанијата и литературата за многу земји во Источна и Западна Европа, вклучувајќи и некои кои претходно сами си печатеа. Италија обезбедува списанија и литература за делови од Африка и југоисточна Европа, вклучувајќи ги Албанија, Грција и Македонија. Во Африка, печатењето на списанијата беше ограничено на Јужна Африка и Нигерија. Слична интеграција се изврши во целиот свет.

Фактори кои треба да се одмерат

14 До јули 1998, печатењето на списанија ќе биде прекинато во неколку европски земји, вклучувајќи ги Австрија, Грција, Данска, Франција, Холандија и Швајцарија. Товарот на печатењето во Европа ќе го преземат Британија, Германија, Италија, Финска, Шведска и Шпанија. На овој начин ќе се избегнат непотребни трошоци, а прилозите ќе се користат подобро за делото ширум светот. Како беше одлучено кои земји ќе продолжат да бидат печатарски локации а кои ќе престанат да печатат? Одржувајќи го своето овластување да се грижи мудро за поседите на Господарот, ‚верниот управител‘ внимателно ја процени практичноста на печатењето во секоја локација.

15 Главната причина зошто се прекина печатењето во некои земји и се интегрира во други, беше практичноста. Попрактично е една земја да печати литература за неколку други земји и со тоа подобро да се искористи скапата опрема. Сега се печати онаму каде што трошоците се помали, материјалите се достапни, а објектите за испорака се добри. Така, поседите на Господарот се користат исправно. Се разбира, прекинувањето со печатење во некоја земја не значи дека делото на проповедање таму ќе запре. Сѐ уште на располагање ќе има изобилна залиха од печатен материјал, додека стотиците илјади Сведоци на Јехова во тие земји ќе продолжат ревносно да им ја кажуваат на своите ближни „добрата вест на мирот“ (Ефеш. 2:17, NW). Освен тоа, од ваквата реорганизација произлегоа и други користи.

16 Една од користите е што повеќето од модерните преси од Грција, Данска, Холандија и Швајцарија беа испратени во Нигерија и на Филипините. Вешти работници од европските земји ја прифатија поканата да одат со пресите и да ги обучат локалните работници како да се употребуваат. Значи, тие земји сега добиваат списанија со истиот квалитет каков што имале и другите земји.

17 Да разгледаме уште една корист: трошокот од печатењето на списанијата сега го сносат само оние малку земји во кои продолжи печатењето. Како резултат на тоа, во земјите каде што печатењето се прекина, материјалните средства сега стојат на располагање за други цели, како што се изградба на Сали на Царството и помош во грижата за потребите на нашите браќа во посиромашните земји. Така, внимателната употреба на поседите на Господарот значи дека Павловите зборови до коринтјаните можат поделотворно да се применат во меѓународни размери: „Зашто не сакам на другите да им биде лесно, а вам — тешко, туку подеднакво: сегашниот ваш одвишок да го дополни нивниот недостиг . . . па да има еднаквост“ (2. Кор. 8:13, 14).

18 Како резултат на ваквата интеграција, Јеховините сведоци ширум светот меѓусебно се поврзани поцврсто од кога и да е порано. За Сведоците во Данска не претставува проблем нивните списанија да бидат печатени во Германија, иако порано ги печатеа самите. Тие се благодарни за службата на нивните германски браќа. Дали Јеховините сведоци во Германија се огорчени поради фактот што нивните прилози се користат за да се обезбеди библиска литература за Данска или, пак, за Русија, Украина и други земји? Се разбира дека не! Тие се среќни поради сознанието дека прилозите на нивните браќа во тие земји сега можат да се користат за други потребни цели.

Грижа за поседите

19 Во секоја Сала на Царството на Јеховините сведоци ширум светот, има кутија за прилози на која е означено „Прилози за светското дело на Заедницата (Мат. 24:14)“. Прилозите кои не се измолуваат а се ставаат во тие кутии, стојат на располагање за да се користат секаде каде што има потреба. Како ќе се користат прилозите, одлучува ‚верниот управител‘ и поединечни корпорации на подружниците. Значи, онаму каде што допушта законот, парите кои се ставаат во кутијата за прилози во една земја може да ги поддржат активностите на Јеховините сведоци во друга земја која е оддалечена илјадници километри. Прилозите беа употребени за да се обезбеди итна помош за соверниците кои страдаат од такви работи како што се урагани, торнада, земјотреси и граѓански војни. Таквите донации во некои земји се користат и за да се поддржат мисионерите во преку 200 земји.

20 Во собранијата на Јеховините сведоци, како едно општо правило, финансиските работи се спомнуваат само еднаш во месецот — и тоа само неколку минути. Не се подаваат чинии за прилози во Салите на Царството или на собирите. На поединците не им се испраќаат барања за парични средства. Не се најмуваат никакви барачи на парични средства. Обично, во Стражарска кула има само една статија годишно која објаснува како можат, оние кои сакаат, да дадат прилози на Watch Tower Bible and Tract Society за да го поддржат светското дело. Во Разбудете се! нема редовно спомнување за финансиите на Заедницата. Тогаш, како се извршува огромното светско дело на проповедање на добрата вест, градење Сали на Царството, грижа за оние кои се во специјална полновремена служба и давање помош на христијаните кои се во потреба? На еден прекрасен начин Јехова го благословил својот народ со дух на дарежливост (2. Кор. 8:2). Оваа прилика ја користиме за да им се заблагодариме на сите оние кои имале удел во ‚оддавањето чест на Јехова со своите скапоцени работи‘. Тие можат да бидат сигурни дека ‚верниот управител‘ ќе продолжи да се грижи за поседите на Господарот. И се молиме Јехова да продолжи да ги благословува сите подготовки што се направени за проширувањето на светското дело.

[Фуснота]

a Во седум од овие земји, печатењето го извршуваа комерцијални претпријатија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели