ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/10 стр. 29-31
  • ”Не раздразнувајте ги своите деца“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Не раздразнувајте ги своите деца“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што значи ’да се раздразнуваат‘
  • Одгледување на деца во Божја стега
  • Посветете им го потребното внимание на децата
    Разбудете се! 2005
  • Воспитувај го своето дете уште од најраното детство
    Тајната на семејната среќа
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Може ли Библијата да ти помогне во воспитувањето на твоите деца?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/10 стр. 29-31

”Не раздразнувајте ги своите деца“

”ТАТКОВЦИ, не раздразнувајте ги своите деца.“ Така рекол апостолот Павле (Ефесјаните 6:4, NW). Во западните земји, каде родителите се изложени на притисоците и напнатостите на индустријализираното општество, за нив не е секогаш лесно да постапуваат љубезно со своите деца. А воспитувањето на децата не е ништо помал предизвик и во земјите во развој. Вистина, темпото на животот веројатно е побавно отколку на Запад. Но прадамнешните обичаи и традиции можат да влијаат на родителите да постапуваат со децата на начини кои скоро сигурно ги фрустрираат и раздразнуваат.

Во некои земји во развој децата спаѓаат во најнискиот дел од скалата на признавање и почитување. Во извесни култури на децата им се заповеда со закани и со заповеднички тон, викајќи и навредувајќи ги. Може да биде необично да се слушне како некој возрасен му упатува љубезен збор на детето, а да и не ја спомнуваме учтивоста како ”молам“ и ”благодарам“. Татковците сметаат дека мораат да го зацврстат својот авторитет со употреба на цврста рака; грубите зборови се засилени со груби удари.

Во некои африкански култури дури се смета за дрскост ако детето му упати поздрав на некој возрасен на своја сопствена иницијатива. Не е необично да се видат млади, притиснати со тешкиот товар на своите глави (како што обично се носи товар во Африка), како стрпливо чекаат да им се допушти да ја поздрават групата возрасни. Возрасните ќе го продолжат своето бескорисно дрдорење, игнорирајќи го чекањето на младите сѐ додека не им одобрат да ги поздрават. Дури откако ги поздравиле, на децата им е допуштено да поминат.

Сиромаштвото е натамошен фактор кој може да делува против добробитта на децата. Губејќи го своето здравје и школување, младинците неправедно се искористуваат како детска работна сила. Неумереното оптоварување со тешка работа може да биде ставено на детето дури и дома. И кога семејствата од селските краеви ги испратат децата во големите градови за нив да се погрижат роднините додека се школуваат, тие често се третирани како вистински робови. Несомнено дека целата таа лоша постапка ги раздразнува децата!

Што значи ’да се раздразнуваат‘

Некои родители дозволиле на нив да влијаат народните обичаи при воспитувањето на децата, не размислувајќи за последиците. Меѓутоа, Божјата Реч им налага на родителите да не ги раздразнуваат своите деца. Изворниот грчки збор преведен со ”не раздразнувајте“ буквално значи ”не предизвикувајте гнев“ (Kingdom Interlinear). Во Римјаните 10:19 (NW), истиот глагол е преведен со ”дразни на жесток гнев“.

Преводот Today’s English Version вели вака: ”Не постапувајте со своите деца на таков начин да ги направите лути.“ The Jerusalem Bible слично вели: ”Никогаш не доведувајте ги своите деца до лутење.“ Затоа Библијата не зборува за незначителни раздразнувања кои родителот може несвесно да ги предизвика кај своето дете поради несовршенство, ниту ја осудува исправно применетата стега. Во склад со Lange’s Commentary on the Holy Scriptures, овој библиски стих зборува за ”избрзано, сурово, нерасположено постапување со децата, така што тие се одбиени и наведени на противење, инат и огорченост.“

Како што забележал педагогот Џ. С. Фарент: ”Факт е дека децата се човечки суштества. Тие не одговараат едноставно, на пасивен начин како растенија на својата околина. Тие реагираат. А реакцијата на неправедното постапување често доведува до душевно и емоционално опустошување. Како што стои во Проповедник 7:7 (NW): ”Зашто угнетувањето може да направи мудриот да постапува лудо.“

Одгледување на деца во Божја стега

Родителите кои сакаат нивните деца да продолжат да одат во вистината не смеат да дозволат културните норми и традиции да бидат едниствените решавачки фактори како тие ќе ги одгледуваат своите деца. (Спореди 3. Јованово 4.) После предупредувањето до родителите за раздразнувањето на нивните деца, Павле додал: ”Туку и понатаму воспитувајте ги во стега и во Јеховино насочување на мислите“ (Ефесјаните 6:4, NW). Според тоа, Јеховините мерила ги укинуваат месните обичаи и сфаќања.

Бидејќи во некои земји може да биде вообичаено децата да се тертираат како подредени и како ропска работна сила, Библијата изјавува во Псалм 127:3 (NW): ”Гледај! Синовите се наследство од Јехова; плодот на утробата е награда.“ Може ли родителот да задржи добар однос со Бог ако го злоупотребува своето потомство? Тешко. Нема ниту место за размислување дека децата постојат само за тоа за да им удоволат на потребите на своите родители. Во 2. Коринтјаните 12:14 Библијата нѐ потсетува: ”Децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку родителите за децата.“

Тоа не значи дека децата би требало да бидат ослободени од извршувањето на нивниот дел од куќните работи и обврски. Но зарем не би требало притоа да се земат предвид и интересите на детето? На пример, кога Јаа, христијанска девојка од Африка, била запрашана што најмногу би сакала нејзините родители да сторат за неа, одговорила: ”Би сакала моите куќни работи да бидат намалени во деновите во кои сум договорила служба на подрачјето.“ Значи ако детето смета дека му е тешко да биде в училиште на време или редовно да присуствува на состаноците поради големото оптоварување, зарем не би било најдобро да се направат некои промени?

Вистина, понекогаш е тешко да се излезе на крај со младите. На кој начин можат родителите да постапуваат со нив, а да не ги навредат или раздразнат? Како што стои во Изреките 19:11 (NW): ”Увидот на човекот сигурно го забавува неговиот гнев.“ Да ‚ прво можете да се обидете да го разберете вашето дете како личност. Секое дете е единствено, со свои сопствени интереси, способности и потреби. Кои се тие? Дали сте си зеле време да го запознаете своето дете и да ги научите одговорите на овие прашања? Заедничката работа и обожавање, и учествувањето во семејната рекреација — се работи кои пружаат поволни прилики за родителите да им се приближат на своите деца.

Во 2. Тимотеј 2:22 (NW), Павле направил уште една интересна примедба, кога му рекол на Тимотеј: ”Бегај од желбите кои ѝ се својствени на младоста.“ Да, Павле сфатил дека младоста може да биде бурен период. Се случуваат драматични телесни и емоционални промени. Привлечноста кон спротивниот пол расте. Низ тоа време, на младите им требаат зрели упатства полни со љубов да ги избегнат сериозните замки. Но, тоа не значи со нив да се постапува како да се разуздани. Огорчената ќерка на еден христијанин се жалела: ”Иако не правев блуд, мојот татко ме обвинуваше за тоа, така што бев охрабрена и да го направам.“ Наместо да им припишувате лоши мотиви, покажете доверба во своето дете. (Спореди 2. Солунјаните 3:4). Наместо да сте критични, бидете сочувствителни и разумни на доследен начин, полн со љубов.

Сепак, многу проблеми можат да се спречат ако родителите однапред разговараат за моралните опасности на кои ќе наидете. Запомнете, Бог ги задолжил родителите да го одгледуваат и поучуваат своето потомство по Божјата Реч (5. Мојсеева 6:6, 7). Тоа може да бара доста време и труд. За жал, некои родители ја запоставиле родителската должност за поучување, бидејќи им недостасувало стрпление. Неписменоста е огромен проблем во многу земји во развој којшто ги спречува другите родители во тоа.

Во некои случаи некој зрел христијанин може да биде повикан да помогне. Тоа може да биде едноставно во врска со нудење на предлози на помалку искусните родители (Изреките 27:17). Или може да вклучи помагање во извршувањето на редовната семејна студија. Но тоа не го ослободува христијанинот од одговорноста да го учи своето потомство на Божјата Реч (1. Тимотеј 5:8). Тој мора да вложи труд да соработува со своите деца во службата на проповедање и да дискутира за духовните работи при оброците или кога ќе му се укаже прилика за тоа.

Приближувањето на младите кон возрасната доба може природно да бара повеќе самостојност. Тоа е често погрешно толкувано како непослушност или дрскост. Колку би било раздразнувачки ако неговите родители би реагирале така што би постапувале со него како со мало дете и одбијат да му дадат повеќе слобода во неговото постапување! Еднакво раздразнувачки би било за нив одлучувањето за секој аспект од нивниот живот — школувањето, кариерата, бракот — без да се разгледуваат работите на мирен начин полн со почитување (Изреките 15:22). Апостол Павле ги поттикнувал сохристијаните ’во силата на разбирање да бидат возрасни луѓе‘ (1. Коринтјаните 14:20, NW). Зарем не би требало родителите да сакаат нивните деца да пораснат — емоционално и духовно? Сепак, младешката ”моќ на забележување“ може да се извежба единствено ”преку употреба“ (Евреите 5:14, NW). За да имаат корист од тоа, мора да им се допушти одредена мера на слободен избор.

Одгледувањето на деца во овие тешки денови не е лесна задача. Но, родителите кои ја следат Божјата Реч не ги раздразнуваат ниту ги огорчуваат своите деца ”да не станат обесхрабрени“ (Колосјаните 3:21, NW). Наместо тоа, тие настојуваат да постапуваат со нив со срдечност, разбирање и со достоинство. Нивните деца се водени, а не терани; негувани, а не запоставувани; поттикнувани на љубов, а не предизвикувани на гнев или фрустрации.

[Слика на страница 31]

Играњето оваре, месна друштвена игра во затворено во Гана, им пружа на овие родители можност за дружење со своите деца

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели