ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/9 стр. 13-18
  • Радувај се во Јехова!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радувај се во Јехова!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Радувајте се — зошто и како?
  • Безброј причини за радување
  • Проповедањето — товар или радост?
  • Да се радуваме заедно!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Радувајте се во надежта на Царството!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Служи му на Јехова со радосно срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Радоста Јеховина е наша тврдина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/9 стр. 13-18

Радувај се во Јехова!

„Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!“ (ФИЛИПЈАНИТЕ 4:4).

1. Зошто можеби се прашуваме што мислел Павле кога рекол дека христијаните треба секогаш да се радуваат?

ВО ДЕНЕШНО време, за многумина радувањето е нешто далечно и многу ретко. Човекот создаден од прав, па дури и вистинските христијани, се соочуваат со вознемирувачки ситуации — невработеност, слабо здравје, смрт на блиските, проблеми во меѓучовечките односи или противење од страна на членовите на семејството кои не се верници, или, пак, од страна на поранешните пријатели. Тогаш, како да го сфатиме Павловиот совет: „Радувајте се секогаш“? Со оглед на неугодните и искушувачки ситуации со кои сите ние мораме да се бориме, дали е ова воопшто можно? Разгледувањето на контекстот на овие зборови ќе ни помогне да се разјасни тоа.

Радувајте се — зошто и како?

2, 3. Колку е важна радоста, како што е покажано во случаите со Исус и со древните Израелци?

2 „Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!“ Ова можеби нѐ потсетува на зборовите упатени до Израелците пред околу 24 века: „Радоста пред Господа е поткрепа за вас“, или според преводот Moffatt: „Радувањето во Вечниот е ваша сила“ (Неемија 8:10). Радоста дава сила и таа е како тврдина во која човек може да се повлече за да најде утеха и заштита. Радоста била од корист кога му помогнала дури и на совршениот човек Исус да истрае. „Поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји“ (Евреите 12:2). Јасно е дека за спасение е многу битно да бидеш во состојба да се радуваш и кога ти е тешко.

3 Пред да влезат во Ветената земја, на Израелците им било заповедано: „Развесели се потоа за сите добра, што Господ, твојот Бог, ти ги даде тебе, ти и домот твој, ти и левитот и придојдениот, што е кај тебе“. Ако пропуштеле да му служат на Јехова со радост, последиците би биле тешки. „Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, додека не те уништат . . . Зашто ти не Му служеше на Господа, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во сѐ“ (5. Мојсеева 26:11; 28:45-47).

4. Зошто би можеле да пропуштиме да се радуваме?

4 Затоа е неопходно денешниот помазан остаток и нивните придружници, „другите овци“, да се радуваат! (Јован 10:16). Со повторување на советот „пак ќе речам“, Павле ја нагласил важноста на радувањето поради сето добро што Јехова го сторил за нас. Дали ние се радуваме? Или сме толку зафатени со секојдневната рутина на животот што понекогаш забораваме на многуте наши причини за радување? Дали проблемите толку се натрупуваат што ни го попречуваат погледот кон Царството и неговите благослови? Дали дозволуваме други работи — непослушност спрема Божјите закони, игнорирање на божествените начела или занемарување на христијанските обврски — да ни ја одземат радоста?

5. Зошто на неразумното лице му е тешко да се радува?

5 „Кротоста [разумноста, НС] ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!“ (Филипјаните 4:5). На неразумниот му недостига урамнотеженост. Можеби пропушта да се грижи исправно за своето здравје и непотребно го подложува своето тело на прекумерен притисок или загриженост. Можеби не научил да ги признава своите ограничувања и да живее соодветно на нив. Можеби си поставува превисоки цели и потоа се обидува да ги постигне, сеедно колку го чини тоа. Или, пак, можеби ги користи своите ограничувања како оправдување да забави или да стане помалку марлив. Бидејќи му недостига рамнотежа и е неразумен, тешко му е да се радува.

6. а) Што треба да видат во нас сохристијаните, и само во кој случај тоа ќе биде така? б) Како ни помагаат Павловите зборови во 2. Коринтјаните 1:24 и Римјаните 14:4 да бидеме разумни?

6 Дури и кога противниците нѐ сметаат за фанатици, сохристијаните треба секогаш да можат да ја видат нашата разумност. А тоа ќе биде можно ако сме урамнотежени и ако не очекуваме совршеност ниту од себе ниту од другите. А над сѐ, мораме да се воздржуваме од тоа да не им наметнуваме на другите товари кои се над она што го бара Божјата Реч. Апостол Павле рекол: „Не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост“ (2. Коринтјаните 1:24). Како некогашен фарисеј, Павле добро знаел дека крутите правила што ги наметнуваат и поставуваат оние со авторитет, ја задушуваат радоста, а корисните предлози што ги нудат соработниците, ја зголемуваат. Фактот дека „Господ е близу“ треба да го потсети разумното лице дека не смееме да ‚му судиме на туѓ слуга. Пред својот господар тој стои или паѓа‘ (Римјаните 14:4).

7, 8. Зошто христијаните мораат да очекуваат да имаат проблеми, но како е можно да продолжат да се радуваат?

7 „За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања“ (Филипјаните 4:6). Денес ги доживуваме ‚тешките времиња‘ за кои пишувал Павле (2. Тимотеј 3:1-5). Затоа, христијаните мораат да очекуваат соочувања со проблеми. Павловите зборови ‚секогаш да се радуваме‘ не го исклучуваат фактот дека и еден лојален христијанин може да има повремени периоди на потиштеност или на обесхрабрување. Во Павловиот случај, тој искрено признал: „Во сѐ сме навредувани, но не сме притеснети; во тешкотии сме, не губиме надеж; нѐ гонат, но не сме изоставени; нѐ кутнуваат, но ние не загинуваме“ (2. Коринтјаните 4:8, 9). Радоста на еден христијанин, меѓутоа, ги намалува и конечно ги надвладува повремените периоди на загриженост и тага. Таа ни ја дава потребната сила да одиме напред без да ги изгубиме од вид многуте причини за радување.

8 Кога ќе се појават проблеми, сеедно од каква природа, радосниот христијанин преку молитва понизно бара Јеховина помош. Не се оддава на претерано стравување. Откако разумно ќе стори сѐ што може за да го реши проблемот, исходот го препушта во Јеховини раце, во склад со поканата: „Пренеси ја на Господа маката своја, и Он ќе те поткрепи“. Во меѓувреме, христијанинот и понатаму му благодари на Јехова за сета Негова доброта (Псалм 54:22; види и Матеј 6:25-34).

9. Како спознанието за вистината ни дава внатрешен мир, и какво добро влијание има тоа врз еден христијанин?

9 „Мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа“ (Филипјаните 4:7). Спознанието за библиската вистина го ослободува умот на христијанинот од лаги и му помага да развие здрави начини на размислување (2. Тимотеј 1:13). На тој начин му се помага да избегне погрешно или немудро однесување кое би ги загрозило мирољубивите односи со другите. Наместо да биде огорчен поради неправдата и злобата, има доверба во Јехова дека преку Царството тој ќе ги реши проблемите на човештвото. Таквиот внатрешен мир го чува неговото срце, ги држи чисти неговите мотиви и го води неговото размислување по патот на праведноста. Чистите мотиви и исправното размислување, пак, даваат безброј причини за радување и покрај проблемите и притисоците што ги предизвикува овој хаотичен свет.

10. За што треба да зборуваме или да размислуваме за да доживееме вистинска радост?

10 „А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!“ (Филипјаните 4:8). Христијанинот не ужива во зборување или во размислување за лоши работи. Тоа автоматски исклучува голем дел од забавата што ја нуди светот. Никој не може да задржи христијанска радост ако го полни својот ум и своето срце со лаги, со будалесто шегување и со работи кои се неправедни, неморални, без доблест, одвратни и невкусни. Отворено речено, никој не може да најде вистинска радост ако го полни својот ум и своето срце со нечистотија. Колку е изградувачки да се знае дека дури и во Сатановиот расипан свет, христијаните сепак можат да размислуваат и да разговараат за толку многу добри работи!

Безброј причини за радување

11. а) Што не треба никогаш да земаме површно, и зошто не? б) Какво влијание врз еден делегат и неговата сопруга имало присуствувањето на еден меѓународен конгрес?

11 Кога зборуваме за причините за радување, да не го заборавиме нашето меѓународно братство (1. Петрово 2:17). Иако националните и етничките групи изразуваат силна омраза едни спрема други, Божјиот народ сѐ повеќе се зближува во љубов. Нивното единство е особено видливо на меѓународните конгреси. Во врска со конгресот што беше одржан во Киев (Украина) во 1993, еден делегат од Соединетите Држави напишал: „Солзи радосници, очи кои зрачеа, непрестајно пријателско прегрнување и поздравите што си ги испраќаа групите преку игралиштето, мавтајќи со шарени чадори и марамчиња, јасно зборуваа за теократското единство. Нашите срца се преполни со гордост за она што Јехова на чудесен начин го сторил преку светското братство. Тоа длабоко нѐ трогна мене и жена ми и ѝ придаде ново значење на нашата вера“.

12. Како се исполнува пред нашите очи Исаија 60:22?

12 Колку е зајакнувачки за верата на денешните христијани што можат да видат како библиските пророштва се исполнуваат пред нивните очи! Размисли, на пример, за зборовите од Исаија 60:22: „Од мал народ ќе се намножат илјади, од најслабиот — силен народ. Јас, Господ, ќе побрзам да го завршам тоа навреме“. При раѓањето на Царството во 1914, само 5.100 — мал народ — активно проповедале. Но, во текот на изминатите пет години, светското братство секоја седмица растеше во просек по 5.628 новокрстени Сведоци! Во 1993 беше достигнат најголем број од 4.709.889 активни слуги. Само замисли си! Тоа значи дека ‚малиот народ‘ од 1914 дословно станува „илјади“!

13. а) Што се случува од 1914 наваму? б) Како Јеховините сведоци се придржуваат за начелото на Павловите зборови од 2. Коринтјаните 9:7?

13 Од 1914, Месијанскиот Цар излегол да потчинува среде своите непријатели. Неговото владеење го поддржуваат спремни човечки следбеници кои вложуваат време, сила и пари за да го извршат светското проповедничко дело и меѓународната градежна кампања (Псалм 109:2, 3). Јеховините сведоци се радуваат да даваат парични прилози за извршувањето на овие активности, иако парите дури и ретко се споменуваат на нивните состаноци.a (Спореди 1. Летописи 29:9.) Вистинските христијани не мораат да бидат терани да даваат; тие сметаат дека е предност да го поддржуваат нивниот Цар онолку колку што им дозволуваат околностите, секој „од срце, а не со жал или принуда“ (2. Коринтјаните 9:7).

14. Каква состојба меѓу Божјиот народ станала очигледна од 1919, и каква причина за радост им дало тоа?

14 Проречената обнова на вистинското обожавање меѓу Божјиот народ довела до создавање на духовен рај. Од 1919 тој напредно ги шири своите граници (Псалм 13:7; Исаија 52:9, 10). Со каков резултат? Вистинските христијани доживуваат „радост и веселба“ (Исаија 51:11). Произлезените добри плодови се доказ на она за што е способен да изврши Божјиот дух преку несовршени луѓе. Сета заслуга и чест му припаѓаат на Јехова, но каква поголема предност може да има од тоа да се стане Божји соработник? (1. Коринтјаните 3:9). Јехова е доволно моќен за да предизвика, ако е потребно, и камењата да ја извикуваат пораката на вистината. Меѓутоа, тој не се одлучил за оваа метода туку, напротив, ги мотивира своите спремни суштества создадени од прав да ја извршуваат неговата волја (Лука 19:40).

15. а) Кои современи настани ги следиме со интерес? б) Кој настан го очекуваме со радост?

15 Полни со стравопочит, Јеховините слуги сега ги набљудуваат светските настани кои се однесуваат на истакнати библиски пророштва. Народите многу се трудат — но залудно — да постигнат стабилен мир. Настаните ги принудија да бараат од Организацијата на обединетите нации да дејствуваат на проблематичните места во светот (Откровение 13:15-17). Во меѓувреме, Божјиот народ со големо исчекување гледа во пресрет на еден од најрадосните настани што некогаш се случиле, настан кој со секој одминат ден е сѐ поблиску. „Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Агнецот, и жена Му се приготви!“ (Откровение 19:7).

Проповедањето — товар или радост?

16. Илустрирај како пропустот да го практицира она што го научил, може да ја одземе радоста на еден христијанин.

16 „И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го, — и Бог на мирот ќе биде со вас!“ (Филипјаните 4:9). Ако го практицираат она што го научиле, христијаните можат да очекуваат да добијат Божји благослов. Една од најважните работи што ги научиле е потребата да им се проповеда добрата вест на другите. Всушност, кој би можел да ужива внатрешен мир или да биде радосен ако ги сокрива информациите од искрените лица чиишто животи зависат од тоа дали ќе ги чујат? (Језекиил 3:17-21; 1. Коринтјаните 9:16; 1. Тимотеј 4:16).

17. Зошто треба нашата проповедничка активност секогаш да биде извор на радост?

17 Колкава радост е да се пронајдат лица слични на овци кои се спремни да учат за Јехова! Всушност, за оние кои служат со исправен мотив, службата за Царството секогаш ќе биде извор на радост. Тоа е затоа што главната причина да се биде Сведок на Јехова е да се фали Неговото име и да се поддржува Неговата положба како Суверен Владетел (1. Летописи 16:31). Кога човек го признава овој факт, ќе биде радосен дури и кога луѓето немудро ќе ја отфрлаат добрата вест што тој им ја донесува. Тој знае дека еден ден ќе престане да им се проповеда на неверниците, но фалењето на Јеховиното име ќе продолжи засекогаш.

18. Што го мотивира христијанинот да ја врши Јеховината волја?

18 Вистинската религија ги мотивира оние кои ја практицираат да го прават она што Јехова го бара, не затоа што мораат, туку затоа што сакаат (Псалм 39:8; Јован 4:34). На многу луѓе им е тешко да го разберат ова. Некоја госпоѓа еднаш ѝ рекла на жената Сведок што ја посетила: „Знаете, морам да ве пофалам. Јас никогаш не би одела од куќа до куќа за да проповедам за својата религија како вас“. Со насмевка, сестрата ѝ одговорила: „Ве разбирам како се чувствувате. Пред да станам Јеховин сведок, не ќе можевте да ме натерате да одам кај други луѓе за да им зборувам за религија. Но сега го сакам тоа.“ Госпоѓата се замислила за момент, а потоа заклучила: „Очигледно, вашата религија нуди нешто што мојата го нема. Можеби треба да испитам“.

19. Зошто сега е време да се радуваме како никогаш порано?

19 Годишниот стих за 1994, кој е истакнат во нашите Сали на Царството, редовно нѐ потсетува: „Имај доверба во Јехова со сето свое срце“ (Изреки 3:5, НС). Има ли поголема причина за радост од тоа што можеме да ја ставиме нашата доверба во Јехова, нашата тврдина во која наоѓаме прибежиште? Псалм 63:10 објаснува: „Праведникот ќе се развесели во Господа и ќе се надева на Него“. Сега не е време да се колебаме или да се предаваме. Секој изминат месец сѐ повеќе нѐ приближува до реалноста на она што Јеховините слуги уште од времето на Авел копнееле да го видат. Сега е времето да имаме доверба во Јехова со сето свое срце, зашто знаеме дека никогаш порано не сме имале толку многу причини за радост!

[Фуснота]

a На конгресите и еднаш месечно во собранијата, се чита кратка изјава која го покажува износот на добиените доброволни прилози, како и издатоците што се направени. Повремено се испраќаат и писма кои известуваат како се употребени тие донации. Така, секој е потсетуван за финансиската состојба на светското дело на Јеховините сведоци.

Како би одговорил?

◻ Зошто, според Неемија 8:10, треба да се радуваме?

◻ Како стиховите од 5. Мојсеева 26:11 и 28:45-47 ја покажуваат важноста на радувањето?

◻ Како стиховите од Филипјаните 4:4-9 ни помагаат да се радуваме секогаш?

◻ Каква причина за радост ни дава годишниот стих за 1994?

[Слика на страница 16]

Руски и германски Сведоци се радуваат што се дел од меѓународното братство

[Слика на страница 17]

Споделувањето на вистината со другите е причина за радување

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели