ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/07 стр. 27
  • „Бидете благодарни“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бидете благодарни“
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • „Покажете се благодарни“
    Нашата служба за Царството 1997
  • „Бидете благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • „Бидете благодарни!“
    Нашата служба за Царството 2008
  • „Покажете се благодарни“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 10/07 стр. 27

„Бидете благодарни“

◼ Во Библијата, слугите на Бог постојано се потсетувани дека треба да бидат благодарни. Во Псалм 92:1 пишува: „Добро е да ти се изразува благодарност тебе, Јехова“. И апостол Павле рекол нешто слично: „Бидете благодарни“ (Колошаните 3:15).

Постојат добри причини да бидеме благодарни. Професор Роберт Емонс од Факултетот во Дејвис (Калифорнија) вели: „Од истражувањата што ги вршиме доаѓаме до сознанија дека чувствата на благодарност имаат огромно позитивно влијание и им помагаат на луѓето да се справат со секојдневните проблеми, особено стресот, и да стекнат чувство на самопочит“.

Списанието Time укажува уште на некои добри страни на благодарноста: „Луѓето кои се благодарни... обично се повитални и пооптимистични, имаат помалку стрес и поретко доживуваат клиничка депресија отколку другите луѓе“.

Но, за жал, Библијата прорекла дека „во последните денови“ многу луѓе ќе бидат „себељубиви“ и „неблагодарни“ (2. Тимотеј 3:1-5). Што можат да направат вистинските христијани за да не ги обземе ваквиот дух? Авторот на Библијата вели: „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17). Ако сме послушни на Божјите закони, ќе се поштедиме од маките што ги снаоѓаат оние што себично гледаат да си ги задоволат само своите желби. Освен тоа, Јехова нѐ уверува дека ги гледа нашите напори и дека ќе нѐ благослови за тоа (Евреите 6:10). Сево ова нѐ тера да ‚му благодариме на Јехова‘ (Псалм 107:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели