ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/1 стр. 10-15
  • Дали навистина имаш вера во добрата вест?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали навистина имаш вера во добрата вест?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребна ни е вера!
  • Верата во Божјата реч е многу важна
  • Верата и средствата за живот
  • Верата ни помага да ја поднесеме жалоста
  • Верата ги зајакнува депримираните
  • Верата и другите искушенија
  • Задржи вера во Божјата реч
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • „Дај ни уште вера!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Вера — особина што ни помага да бидеме духовно јаки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Покажувај вера која се темели на вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/1 стр. 10-15

Дали навистина имаш вера во добрата вест?

„Се приближи Божјето царство. Покајте се и имајте вера во добрата вест“ (МАРКО 1:15).

1, 2. Како би го објаснил Марко 1:14, 15?

БИЛО 30 н.е. Исус Христос ја започнал својата значајна служба во Галилеја. Тој ја проповедал „Божјата добра вест“ и многу Галилејци биле поттикнати од неговата изјава: „Се исполни одреденото време, и се приближи Божјето царство. Покајте се и имајте вера во добрата вест“ (Марко 1:14, 15).

2 Дошло „одреденото време“ Исус да ја започне својата служба и народот да донесе одлука што ќе му донесе Божје одобрување (Лука 12:54—56). ‚Божјето царство се приближило‘ затоа што Исус бил присутен како наименуван Цар. Неговото проповедничко дело ги поттикнало оние што биле со исправно настроени срца да се покаат. На кој начин тие покажале „вера во добрата вест“, и на кој начин ние го правиме истото?

3. Со што покажале луѓето дека имаат вера во добрата вест?

3 Исто како Исус, и апостол Петар ги поттикнал луѓето да се покаат. Обраќајќи им се на Евреите во Ерусалим на Пентекост 33 н.е., Петар рекол: „Покајте се, и секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за простување на вашите гревови, и ќе го примите бесплатниот дар на светиот дух“. Илјадници се покајале, се крстиле и станале Исусови следбеници (Дела 2:38, 41; 4:4). Во 36 н.е., и покајничките не-Евреи презеле слични чекори (Дела 10:1—48). Во денешно време, верата во добрата вест поттикнува илјадници луѓе да се покаат поради своите гревови, да му се предадат на Бог и да се крстат. Тие ја прифатиле добрата вест за спасение и практикуваат вера во Исусовата откупна жртва. Освен тоа, тие практикуваат праведност и заземаат став на страна на Божјето Царство.

4. Што е вера?

4 Но, што е вера? Апостол Павле напишал: „Верата е осигуреното очекување на она на кое човек се надева, јасното докажување на стварности иако не се гледаат“ (Евреите 11:1). Нашата вера нѐ уверува дека сѐ што ветува Бог во својата Реч е исто како да е веќе направено. Тоа е како да имаме документ што докажува дека поседуваме извесен имот. Исто така, верата е ‚јасно докажување‘, односно доказ што нѐ уверува, во врска со работи што не сме ги виделе. Она што го согледуваме со умот и нашето ценење што доаѓа од срце нѐ уверуваат дека таквите работи се реални, иако не сме ги виделе (2. Коринќаните 5:7; Ефешаните 1:18).

Потребна ни е вера!

5. Зошто верата е толку важна?

5 Родени сме со духовни потреби, но не и со вера. Всушност, „верата не ја поседуваат сите луѓе“ (2. Солуњаните 3:2). Меѓутоа, христијаните мораат да имаат вера за да ги наследат Божјите ветувања (Евреите 6:12). Откако навел многу примери на вера, Павле напишал: „Бидејќи сме опколени од толку голем облак со сведоци, да го симнеме секој товар и грев кој лесно нѐ заплеткува, и со истрајност да трчаме во трката што стои пред нас, додека внимателно гледаме на Главниот Застапник и Усовршител на нашата вера, Исус“ (Евреите 12:1, 2). Што е ‚гревот кој лесно нѐ заплеткува‘? Тоа е недостигот на вера, дури и губење на верата што човек некогаш ја поседувал. За да задржиме цврста вера, мораме ‚внимателно да гледаме на Исус‘ и да го следиме неговиот пример. Исто така, треба да го отфрлиме неморалот, да се бориме против делата на телото и да избегнуваме материјализам, световни филозофии и небиблиски традиции (Галатите 5:19—21; Колошаните 2:8; 1. Тимотеј 6:9, 10; Јуда 3, 4). Освен тоа, мораме да веруваме дека Бог е со нас и дека советот во неговата Реч навистина е делотворен.

6, 7. Зошто е исправно да се молиме за вера?

6 Не можеме да создадеме вера во себе со силата на сопствената волја. Верата е дел од плодовите на Божјиот свет дух, односно активна сила (Галатите 5:22, 23). Но, што ако треба да ја зајакнеме својата вера? Исус рекол: „Ако вие . . . знаете како да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото на небото ќе им даде свет дух на оние кои го молат!“ (Лука 11:13). Да, да се молиме за свет дух бидејќи тој може да ја создаде во нас верата што е потребна за да ја извршуваме Божјата волја дури и под најтешки околности (Ефешаните 3:20).

7 Исправно е да молиме за повеќе вера. Непосредно пред Исус да истера демон од едно младо момче, татко му на момчето преколнувал: „Имам вера! Помогни ми таму каде што ми треба вера!“ (Марко 9:24). „Дај ни уште вера“, рекле Исусовите ученици (Лука 17:5). Затоа, да се молиме за вера, уверени дека Бог ќе одговори на таквите молитви (1. Јованово 5:14).

Верата во Божјата реч е многу важна

8. Како може да ни помогне верата во Божјата реч?

8 Кратко пред својата жртвена смрт, Исус им рекол на своите следбеници: „Да не се вознемирува вашето срце. Практикувајте вера во Бог, практикувајте вера и во мене“ (Јован 14:1). Како христијани, ние имаме вера во Бог и во неговиот Син. Но, што е со Божјата реч? Таа може да врши силно позитивно влијание во нашиот живот ако ја проучуваме и ако ја применуваме со целосна увереност дека таа го дава најдобриот совет и водство што ни стои на располагање (Евреите 4:12).

9, 10. Како би го објаснил она што е речено за верата во Јаков 1:5—8?

9 Нашиот живот како несовршени луѓе е исполнет со неволји. Меѓутоа, верата во Божјата реч навистина може да ни помогне (Јов 14:1). На пример, да претпоставиме дека не знаеме како да се справиме со извесен испит. Божјата реч ни го дава следниов совет: „Ако некому од вас му недостига мудрост, постојано нека бара од Бог, зашто тој им дава дарежливо на сите и без прекорување; и ќе му се даде. Но постојано нека бара со вера, не сомневајќи се ни најмалку, зашто оној кој се сомнева е како морски бран кого ветрот го носи и тера ваму-таму. Всушност, тој човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Јехова; тој е неодлучен човек, неутврден на сите свои патишта“ (Јаков 1:5—8).

10 Јехова Бог нема да нѐ прекори ако ни недостига мудрост и ако се молиме за неа. Напротив, тој ќе ни помогне исправно да гледаме на испитот. Вниманието може да ни биде насочено кон корисни стихови од страна на соверниците или додека ја проучуваме Библијата. Или, пак, Јеховиниот свет дух би можел да нѐ води на некој друг начин. Нашиот небесен Татко ќе ни даде мудрост да се справиме со испитите ако ‚постојано бараме со вера, не сомневајќи се ни најмалку‘. Ако сме како некој морски бран носен од ветрот, не можеме да очекуваме да добиеме нешто од Бог. Зошто? Затоа што тоа би значело дека сме неодлучни и непостојани во молитвата или на други начини — да, дури и во практикувањето вера. Затоа треба да имаме цврста вера во Божјата реч и во водството што го дава таа. Да разгледаме некои примери за тоа како Библијата ни дава помош и водство.

Верата и средствата за живот

11. Какво уверување во врска со нашите секојдневни потреби ни дава верата во Божјата реч?

11 Што ако во моментов трпиме оскудица или сиромаштија? Верата во Божјата реч ни го дава осигуреното очекување дека Јехова ќе се грижи за нашите секојдневни потреби и дека, во свое време, изобилно ќе се погрижи за сите што го љубат (Псалм 72:16; Лука 11:2, 3). Ќе биде охрабрувачки да размислиме за тоа како Јехова обезбедил храна за својот пророк Илија во време на еден глад. Подоцна, Бог со чудо снабдувал доволно брашно и масло за да се одржат во живот една жена, нејзиниот син и Илија (1. Цареви 17:2—16). Јехова на сличен начин се погрижил и за пророкот Еремија додека траела вавилонската опсада на Ерусалим (Еремија 37:21). Иако Еремија и Илија немале многу за јадење, Јехова се грижел за нив. Тој го прави истото и за оние што практикуваат вера во него денес (Матеј 6:11, 25—34).

12. Како ќе помогне верата да ги имаме основните работи?

12 Верата, заедно со примената на библиските начела, нема да нѐ направи материјално богати, но ќе ни помогне да ги имаме основните работи. Да илустрираме: Библијата нѐ советува да бидеме чесни, способни, трудољубиви луѓе (Пословици 22:29; Проповедник 5:17, 18; 2. Коринќаните 8:21). Никогаш не треба да ја потценуваме вредноста на тоа да бидеме на добар глас како работници. Дури и во места каде што нема многу добро платени работни места, на чесните, вешти, трудољубиви работници им е подобро отколку на другите. Иако таквите работници можеби имаат малку во материјален поглед, обично ги имаат најосновните работи и го имаат задоволството да јадат храна што ја заработуваат самите (2. Солуњаните 3:11, 12).

Верата ни помага да ја поднесеме жалоста

13, 14. Како ни помага верата да ја поднесеме жалоста?

13 Божјата реч реалистично покажува дека е природно да се жали кога ќе умре некој сакан. Верниот патријарх Авраам ја оплакувал смртта на својата сакана сопруга Сара (Битие 23:2). Давид многу жалел откако чул за смртта на својот син Авесалом (2. Самоил 18:33). Дури и совршениот човек Исус плачел поради смртта на својот пријател Лазар (Јован 11:35, 36). Кога ќе умре некој сакан, можеби доживуваме речиси неподнослива болка, но верата во ветувањата од Божјата реч може да ни помогне да ја поднесеме таквата жалост.

14 „Имам надеж во Бог“, рекол Павле, „дека ќе има воскресение и на праведните и на неправедните“ (Дела 24:15). Треба да имаме вера во Божјата подготовка мноштва луѓе да бидат подигнати во живот (Јован 5:28, 29). Меѓу нив ќе бидат Авраам и Сара, Исак и Ревека, Јаков и Лија — кои сега спијат во смрт и очекуваат воскресение во Божјиот нов свет (Битие 49:29—32). Колкава само ќе биде радоста кога нашите сакани ќе бидат разбудени од смртниот сон за да живеат овде на земјата! (Откровение 20:11—15). Во меѓувреме, верата нема да ја отстрани секоја болка, но ќе нѐ држи близу до Бог, кој ни помага да ја поднесеме загубата (Псалм 121:1—3; 2. Коринќаните 1:3).

Верата ги зајакнува депримираните

15, 16. а) Зошто можеме да речеме дека депресијата кај оние што практикуваат вера не е нешто ново? б) Што можеме да сториме за да се справиме со депресијата?

15 Божјата реч исто така покажува дека дури и оние што практикуваат вера можат да станат жртви на депресија. За време на неговиот тежок испит, Јов се чувствувал како Бог да го напуштил (Јов 29:2—5). Поради тоа што Ерусалим и неговите ѕидини биле разурнати, Неемија бил нерасположен (Неемија 2:1—3). Петар бил толку скршен откако се одрекол од Исус што ‚горко заплакал‘ (Лука 22:62). А Павле ги поттикнал соверниците во собранието во Солун да ‚им зборуваат утешно на депримираните души‘ (1. Солуњаните 5:14). Значи, депресијата на оние што практикуваат вера денес не е нешто ново. Тогаш, што можеме да сториме за да се справиме со депресијата?

16 Можеби сме депримирани затоа што се соочуваме со некои сериозни проблеми. Наместо да гледаме на нив како на една голема неволја, можеби ќе можеме да ги решаваме еден по еден применувајќи ги библиските начела. Тоа може да ни помогне да се намали депресијата. Урамнотежената активност и соодветниот одмор можат исто така да бидат од помош. Едно е сигурно: Верата во Бог и во неговата Реч унапредува духовна благосостојба затоа што го зајакнува нашето уверување дека тој навистина се грижи за нас.

17. Од каде знаеме дека Јехова се грижи за нас?

17 Петар ни го дава ова утешно уверување: „Понизете се под моќната Божја рака за да ве возвиши во вистинско време; додека сета своја тегобна грижа ја фрлате на него, зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:6, 7). Псалмистот пеел: „Господ ги поткрепува сите кои паѓаат и Тој ги исправа наведнатите“ (Псалм 145:14). Треба да веруваме во овие уверувања бидејќи тие се наоѓаат во Божјата реч. Иако депресијата може да потрае, колку само ја зајакнува верата сознанието дека можеме да ја фрлиме сета своја тегобна загриженост врз нашиот љубезен небесен Татко!

Верата и другите искушенија

18, 19. На кој начин верата ни помага да се справиме со болеста и да ги тешиме соверниците што се болни?

18 Можеби ќе доживееме голем испит на нашата вера ако ние или некој наш сакан заболи од некоја сериозна болест. Иако Библијата не известува дека христијаните како што се Епафродит, Тимотеј и Трофим биле излекувани со чудо, Јехова несомнено им помогнал да издржат (Филипјаните 2:25—30; 1. Тимотеј 5:23; 2. Тимотеј 4:20). Освен тоа, во врска со „оној кој мисли на бедниот“, псалмистот пеел: „Господ ќе го поткрепи на леглото при болест, болеста ќе му ја сврти во сила“ (Псалм 41:1—3). Како можат зборовите на псалмистот да ни помогнат да ги тешиме соверниците што се болни?

19 Еден начин да им дадеме духовна помош е да се молиме со и за оние што се болни. Иако денес нема да бараме чудотворни лекувања, можеме да молиме Бог да им даде цврстина да ја поднесат болеста и да им ја даде духовната сила што им е потребна за да ги издржат таквите периоди на слабост. Јехова ќе ги поткрепи, а нивната вера ќе биде зајакната со тоа што ќе гледаат на времето кога „ниеден жител нема да рече: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:24). Колку само е утешно сознанието дека преку воскреснатиот Исус Христос и со посредство на Божјето царство, послушното човештво ќе биде трајно ослободено од гревот, болеста и смртта! За овие величествени изгледи му благодариме на Јехова, кој ќе ‚ги исцели сите наши болести‘ (Псалм 103:1—3; Откровение 21:1—5).

20. Зошто може да се рече дека верата може да ни помогне да ги поднесеме ‚лошите денови‘ на староста?

20 Верата исто така може да ни помогне да ги поднесеме ‚лошите денови‘ на староста, кога здравјето и силата се намалуваат (Проповедник 12:1—7). Затоа, оние од нас што се остарени можат да се молат како остарениот псалмист, кој пеел: „Ти Си, Господи, моја надеж . . . Не ме отфрлај на старост: не ме оставај, кога ќе ми се намали силата“ (Псалм 71:5, 9). Псалмистот чувствувал потреба Јехова да го поткрепи, како што чувствуваат и многу сохристијани што остареле во Божјата служба. Заради нивната вера, тие можат да бидат уверени дека ја имаат неисцрпната поддршка од Јеховините вечни раце (Второзаконие 33:27).

Задржи вера во Божјата реч

21, 22. Ако имаме вера, како влијае таа врз нашиот однос со Бог?

21 Верата во добрата вест и во целата Божја реч ни помага уште повеќе да му се приближиме на Јехова (Јаков 4:8). Точно, тој е нашиот Суверен Господ, но тој исто така е наш Творец и Татко (Исаија 64:8; Матеј 6:9; Дела 4:24). „Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение“, пеел псалмистот (Псалм 89:26). Ако практикуваме вера во Јехова и во неговата инспирирана Реч, и ние можеме да го сметаме за ‚карпа на нашето спасение‘. Колку само го радува срцето таа предност!

22 Јехова е Татко на христијаните родени со дух и на нивните придружници што имаат земна надеж (Римјаните 8:15). А верата во нашиот небесен Татко никогаш не води до разочарување. Давид рекол: „Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прими“ (Псалм 27:10). Освен тоа, го имаме ова уверување: „Господ нема да го отфрли Својот народ, заради Своето величествено име“ (1. Самоил 12:22).

23. Што се бара од нас за да имаме траен однос со Јехова?

23 Се разбира, за да уживаме траен однос со Јехова мораме да имаме вера во добрата вест и да го прифатиме Писмото како тоа што навистина е — реч Божја (1. Солуњаните 2:13). Мораме да имаме безусловна вера во Јехова и да дозволиме неговата Реч да го осветлува нашиот пат (Псалм 119:105; Пословици 3:5, 6). Нашата вера ќе расте додека го молиме уверени во неговото сочувство, милост и поддршка.

24. Која утешна мисла е изнесена во Римјаните 14:8?

24 Верата нѐ поттикнала да му се предадеме на Бог за сета вечност. Ако имаме цврста вера, дури и да умреме, ние сме негови предадени слуги со надеж во воскресение. Да, „и да живееме и да умираме, на Јехова му припаѓаме“ (Римјаните 14:8). Да ја чуваме во срцето таа утешна мисла додека ја задржуваме нашата доверба во Божјата реч и продолжуваме да имаме вера во добрата вест.

Како би одговорил

• Што е вера, и зошто ни е потребна оваа одлика?

• Зошто е многу важно да имаме вера во добрата вест и во целата Божја реч?

• Како ни помага верата да се соочиме со различни испити?

• Што ќе ни помогне да задржиме вера?

[Слики на страница 12]

Јехова ги поддржал Еремија и Илија затоа што имале вера

[Слики на страница 13]

Јов, Петар и Неемија имале цврста вера

[Слики на страница 15]

За да уживаме траен однос со Јехова, мораме да имаме вера во добрата вест

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели