ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/10 стр. 28-30
  • Проникнувањето на принципот рефлектира зрелост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проникнувањето на принципот рефлектира зрелост
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мажи од побожни принципи
  • Принципи и срцето
  • Гледај зад законот
  • Управувај ги своите чекори според побожните начела
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Зошто библиските начела се за наше добро?
    Добра вест од Бог!
  • Побожните принципи можат да ти користат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • „Иако е мртов, сѐ уште зборува“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/10 стр. 28-30

Проникнувањето на принципот рефлектира зрелост

ЛОШИТЕ друштва ги расипуваат корисните навики. Го жнееш она што го сееш (1. Коринтјаните 15:33, НС; Галатјаните 6:7). Или физички или духовно, секоја од овие изјави е пример за фундаментална вистина — принцип — и секоја дава основа за закони. Но, законите може да дојдат и да поминат, и склони се да бидат специфични. Од друга страна, пак, принципите се широки и можат да траат засекогаш. Така, Божјата Реч нѐ охрабрува да размислуваме во смисла на принципите онаму каде што е можно.

Webster’s Third New International Dictionary го дефинира принципот како „општа или фундаментална вистина: севкупен и фундаментален закон, доктрина или претпоставка на која се темелени или од која се изведени другите“. На пример, на едно дете би можело да му се даде закон: „Не смееш да го допираш шпоретот“. Но, за еден возрасен би била доволна изјавата: „Шпоретот е жежок“. Забележи дека последнава изјава е пофундаментална. Бидејќи таа управува со она што некој може да го стори — можеби да готви, да пече или да го исклучи шпоретот — во некоја рака, таа станува принцип.

Се разбира, клучните принципи во животот се духовни; тие управуваат со нашето обожавање на Бог и со нашата среќа. Но, некои отстапуваат од напорот кој е потребен за да резонираат за принципите. Кога се соочуваат со одлука, тие повеќе ја сакаат користа од некое правило. Тоа не е мудро и се разликува од примерот кој го дале верните мажи од дамнина во библиските времиња (Римјаните 15:4).

Мажи од побожни принципи

Меѓу несовршените мажи, Авел може да се нарече баш првиот човек од побожен принцип. Тој веројатно многу размислувал за ветувањето за ‚семето‘ и согледал дека откупувањето од гревот би вклучувал крвна жртва (1. Мојсеева 3:15, НС). Така, му понудил на Бог „од првината на стадото свое“. Фразата „и од маста“ покажува дека Авел му го дал на Јехова баш најдоброто. Сепак, требало да поминат преку две илјади години после Авеловата смрт, пред Бог првпат да ги образложи деталните барања во поглед на жртвите. Спротивно на богобојазливиот човек од принцип — Авел, неговиот брат Каин му жртвувал на Бог само формално. Но, неговиот став воопшто не бил задоволителен; во врска со неговата жртва имало нешто што покажувало срце на кое му недостига принцип (1. Мојсеева 4:3—5).

И Ное бил човек од побожен принцип. Додека библискиот извештај покажува дека Бог конкретно му заповедал да гради арка, не читаме заповед да им проповеда на другите. Сепак, Ное е наречен ‚проповедник на правдата‘ (2. Петрово 2:5). Иако Бог веројатно го упатил Ное да проповеда, без сомнение, неговото чувство за принцип и неговата љубов кон ближниот исто така го навеле да го прави тоа. Бидејќи живееме во времиња како Ноевите, да го имитираме неговиот добар став и пример.

За разлика од свештенството од свое време, Исус ги поучувал луѓето да мислат во смисла на принципите. Неговата Проповед на гората е пример за тоа. Целата нејзина содржина е еден апел за принцип (Матеј, поглавја 5—7). Исус поучувал на тој начин бидејќи, како Авел и Ное пред него, тој вистински го познавал Бог. Уште како момче, тој длабоко ја почитувал фундаменталната вистина: „Не живее само од леб, но човекот живее и од секој збор што излегува од устата на Господа“ (5. Мојсеева 8:3; Лука 2:41—47). Да, клучот да се биде лице од побожен принцип е вистински да се познава Јехова, што тој сака, што не сака, како и неговите намери. Кога овие фундаменти за Бог управуваат со нашиот живот, тие всушност стануваат живи принципи (Јеремија 22:16; Евреите 4:12).

Принципи и срцето

Можно е само нерадо да се слуша некој закон, можеби поради страв од казна за непослушноста. Меѓутоа, повинувањето на принципот исклучува еден таков став, зашто во самата природа на принципите е тоа — да се биде управуван од нив значи да се реагира од срце. Размисли за Јосиф кој, како Авел и Ное, живеел пред воспоставувањето на сојузот на Мозаитскиот закон. Кога Петефриевата сопруга се обидела да го заведе, Јосиф одговорил: „Како јас да направам толку големо зло и да грешам пред Бога?“ Да, Јосиф го знаел принципот дека сопругот и сопругата се „едно тело“ (1. Мојсеева 2:24; 39:9).

Денес светот нема праведни принципи. Тој се храни како ненаситник од насилство и неморал. Опасноста е во тоа што некој христијанин би можел да биде искушан да гризне, можеби тајно, од истата шунд храна — филмовите, видеокасетите или книгите. Тогаш, колку е пофално кога, како Јосиф, од принцип го отфрламе она што е лошо, сеќавајќи се дека низ претстојната „голема неволја“ Бог ќе ги сочува само лојалните (Матеј 24:21, НС). Да, примарно е она што сме ние приватно — не во јавноста, тоа открива какви сме навистина однатре (Псалм 10:4; Изреки 15:3).

Според тоа, доколку сме водени од библиски принципи, нема да бараме привидни дупки во Божјите закони ниту, пак, ќе се обидуваме да видиме колку далеку можеме да одиме без всушност да прекршиме извесен закон. Таквото размислување е самоуништувачко; на крајот на краиштата, тоа нѐ повредува.

Гледај зад законот

Се разбира, законите играат витална улога во животот на еден христијанин. Тие се како чувари кои помагаат да нѐ заштитат, а во нивната срж има многу важни принципи. Пропустот да се согледаат овие принципи може да ја олади нашата љубов кон сродните закони. Древната нација Израел го демонстрирала тоа.

Бог му ги дал на Израел Десетте заповеди, од кои првата забранува да се обожава кој и да е друг бог освен Јехова. Тоа дека Јехова ги создал сите работи е една фундаментална вистина зад тој закон (2. Мојсеева 20:3—5). Но, дали нацијата живеела според тој принцип? Самиот Јехова одговара: „ ,Ти си наш татко‘ [рекле Израелците] на еден трупец дрво и [извикувале] ‚мајко‘ на еден камен. Но, мене [Јехова] ми го свртеа грбот и го отклонуваа своето лице од мене“ (Јеремија 2:27, The New English Bible). Каква бездушна и непринципиелна лудост! И колку само тоа го повредило Јеховиното срце! (Псалм 78:40, 41, НС; Исаија 63:9, 10).

И христијаните имаат закони од Бог. На пример, тие треба да избегнуваат идолопоклонство, сексуален неморал и злоупотреба на крв (Дела 15:28, 29). Кога размислуваме за тоа, можеме да видиме некои основни принципи, како што се: Бог ја заслужува нашата исклучителна оддаденост; треба да му бидеме верни на својот брачен партнер и Јехова е нашиот Животодавец (1. Мојсеева 2:24; 2. Мојсеева 20:5, НС; Псалм 35:9). Доколку ги согледаме и длабоко ги цениме принципите зад овие директиви, увидуваме дека тие се за наше лично добро (Исаија 48:17). За нас, Божјите „заповеди не се тешки“ (1. Јованово 5:3).

Иако Израелците едно време ги игнорирале Божјите заповеди, до Исусово време нивните „доктори за законот“, книжевниците, отишле во друга крајност. Тие формулирале планина од правила и традиции кои го препречиле чистото обожавање и ги погребале побожните принципи (Матеј 23:2, NEB). Луѓето се чувствувале помирени со неуспехот, безнадежноста или лицемерството (Матеј 15:3—9). И многу од човечките правила биле нехумани. Кога бил готов да излечи еден човек со исушена рака, Исус ги прашал присутните фарисеи: „Во сабота позволено ли е да прави човек добро?“ Нивната тишина извикала „не“, правејќи Исус да се чувствува „тешко поради нивните скаменети срца“ (Марко 3:1—6). На Сабат фарисеите можеле да му притекнат на помош на едно заглавено или повредено домашно животно (финансиска инвестиција), но никогаш на некој маж или жена — освен ако се работело за живот и смрт. Навистина, тие биле толку обземени со човечки правила и подробности што, како мравки кои претрчуваат низ една слика, пропуштиле да ја видат целата слика — божествените принципи (Матеј 23:23, 24).

Меѓутоа, дури и младите, кога нивните срца се искрени, можат да му искажат чест на Јехова преку своето ценење за библиските принципи. Наставникот на тринаесетгодишната Ребека го прашал класот кој би се коцкал. Повеќето рекле дека не би се коцкале. Сепак, кога биле спомнати различни ситуации, сите освен Ребека признале дека би се коцкале на еден или на друг начин. Наставникот ја прашал Ребека дали би купила лоз од лотарија за 20 центи заради некоја вредна причина. Ребека рекла „не“ и дала библиски причини зошто, ако го прави тоа, би било облик на коцкање. Тогаш, нејзиниот наставник на целиот клас му рекол: ‚Според мое мислење, Ребека е единствената овде која го има она што јас го нарекувам „принципи“ во вистинска смисла на зборот‘. Да, Ребека можела едноставно да одговори: „Тоа е спротивно на мојата религија“, но таа размислувала подлабоко од тоа; можела да даде одговор зошто коцкањето е погрешно и зошто одбива да земе удел во тоа.

Примерите како Авел, Ное, Јосиф и Исус покажуваат како извлекуваме корист ако ја користиме нашата „способност за размислување“ и нашата „сила на разумот“ во обожавањето на Бог (Изреки 2:11; Римјаните 12:1, обата НС). Христијанските старешини прават добро ако го имитираат Исус додека ‚го пасат Божјето стадо кое е под нивна грижа‘ (1. Петрово 5:2, НС). Како што Исус добро илустрирал со пример, љубителите на побожните принципи се тие кои цветаат под Јеховината сувереност (Исаија 65:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели