Песна 184
Љубезните пастири се грижат за Божјите „овци“
1. О Јехова, наш си Пастир,
фала ти за грижата!
Полн со љубов, нас нѐ чуваш,
ти си наша заштита.
2. Христос дарови ни даде
— верни мажи, пастири.
В службата се трудат тие,
смели се и ревносни.
3. Вие пастири од Бога
стадото чувајте го
за да биде здраво, чисто
и да има напредок.
4. Кога сложно сме во служба,
тоа нѐ охрабрува
и нѐ јакне лојални да
бидеме засекогаш!