И ти можеш да се радуваш на добри искуства!
Некои објавители изгледа дека секогаш имаат да раскажат интересни, охрабрувачки искуства за убави први или повторни посети, што им донеле голема радост. Добрите искуства обично не се случајни. Повеќето се последица на марливи и континуирани напори. Таквите искуства не ги доживуваат само поречитите или поспособните објавители.
Еве неколку работи што се забележани кај оние што имаат најголем успех: 1) Редовно учествуваат во службата на проповедање, обично по неколку пати секоја седмица, што им дава многу прилики да контактираат со интересентите; 2) задржуваат позитивен став кон станарите, не заклучувајќи однапред дека нема да се оѕвијат; 3) имаат пријателско држење, покажувајќи срдечен, искрен интерес за оние кои слушаат; 4) марливи се и истрајни кога прават повторни посети, како и кога одат таму каде што немало никого дома; и 5) имаат за цел да започнат библиски студии.
Откако ќе ја анализираш својата активност, можеби ќе согледаш како можеш уште повеќе да се радуваш на тие пријатни искуства кои толку многу придонесуваат за продуктивна и задоволувачка служба.