-
„Сила која е над обичната“Стражарска кула 1992 | 1 Февруари
-
-
„Сила која е над обичната“
КОЛКУ многу страдања може да издржи еден христијанин? Денес христијаните ширум светот се соочуваат со сиромаштија, распад на семејствата, емоционални трауми, болести, војни и прогонства. Дали е разумно да се очекува од нив да ја зачуваат својата беспрекорност и покрај сето тоа? Апостолот Павле рекол дека можат. Тој напишал: „За сѐ имам сила преку оној кој ми дава моќ“ (Филипјаните 4:13, NW).
Историјата покажала дека силата од Јехова навистина е достатна за сѐ. На пример, за време на нацистичкиот режим во Германија, Јеховините сведоци претрпеле жестоки прогонства. Дали издржале? Книгата Les Bibelforscher et le nazisme (Истражувачите на Библијата и нацизмот) вели: „И покарај сите тепања, закани и забрани, и покрај јавните понижувања, затворања и интернирање во концентрациони логори, Истражувачите на Библијата [Јеховините сведоци] никогаш не допуштија да бидат ‚превоспитани‘“.
Во концентрационите логори Сведоците можеле да бидат распознаени по малите пурпурни триаголници на нивните ракави и биле издвојувани за посебна бруталност. Дали тоа ги скршило? Психологот Бруно Бетелхајм забележал дека тие „не само што покажаа невообичаено ниво на човечко достоинство и морално однесување, туку изгледаа заштитени од истото искуство во логорот кое набрзо ги уништи лицата коишто моите пријатели психоаналитичари и јас самиот ги сметавме мошне беспрекорни“.
Да, тие имале ‚сила за сѐ‘. Зошто? Затоа што имале доверба во Јехова. Павле вели: „Ова богатство го имаме во земјени садови, за да силата која е над обичната биде од Бог, а не од нас“ (2. Коринтјаните 4:7, NW). Ако треба да се соочиш со искушувачки ситуации, со доверба барај помош од Јехова. Зајакнати од силата што ја дава тој, која е над обичната, ќе бидеш во можност да издржиш (Лука 11:13).
-
-
Дали би сакале да бидете посетени?Стражарска кула 1992 | 1 Февруари
-
-
Дали би сакале да бидете посетени?
Дури и во овој вознемирен свет можете да постигнете среќа преку точното библиско спознание за Бог, неговото Царство и неговата прекрасна намера за човештвото. Ако сакате натамошни информации или би сакале некој да ве посети за да води бесплатна домашна библиска студија со вас, ве молиме, пишете на една од адресите што се наведени на страница 2.
-