ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/97 стр. 1
  • Ние ,го проповедаме словото‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ние ,го проповедаме словото‘
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • „Проповедај ја речта“!
    Пејте му фалби на Јехова
  • Итно е!
    Пејте му на Јехова
  • Да ја проповедаме оваа добра вест за Царството
    Пејте му фалби на Јехова
  • Итно е!
    Пеј му од срце на Јехова
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 1/97 стр. 1

Ние ,го проповедаме словото‘

1 Во согласност со библискиот опис за „последните денови“, повеќето луѓе денес се само „на изглед побожни“ (2. Тим. 3:1, 5). Ова е поради тоа што религиозните водачи пропуштиле да им дадат вистинско духовно водство на нивните стада. Свештенството на христијанскиот свет не ја застапува Библијата. Тие повеќе сакаат механички да ги повторуваат празните учења на филозофите и теолозите или да поставуваат социјални и политички прашања отколку да ја проповедаат Божјата Реч. Многу религиозни водачи не веруваат во Библијата. Тие мислат дека таа е застарена и затоа изопачено ја унапредуваат теоријата на еволуција наместо библиското учење за Величествен Творец. Повеќето свештеници не го користат дури ни Божјето лично име и не приговараат кога тоа се исфрла од модерните библиски преводи.

2 Како што било случај со религиозните водачи во Исусово време, денешното свештенство проповеда напразно (Мат. 15:8, 9). Тоа е токму како што претскажал пророкот Амос. Постои „глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови“ (Амос 8:11). Повеќе од што и да е друго, на луѓето им е потребна духовната храна од Божјата Реч.

3 Како да се задоволи духовната потреба на луѓето: Павле го опоменал Тимотеј да не се одвојува од ‚Светите Писанија, што можат да го направат мудар за спасение‘ и затоа сериозно му наложил да им го ‚проповеда словото‘ на другите (2. Тим. 3:14, 15; 4:2). Како Јеховини сведоци, кога проповедаме не смееме да се одвојуваме од она што го учи Библијата, имитирајќи го на тој начин нашиот Пример Исус, кој рекол: „Учењето Мое не е Мое, а на Оној што Ме прати“ (Јован 7:16). Ние ја користиме Божјата Реч како основа за нашето учење поради тоа што признаваме дека таа содржи божествена мудрост, а ние сакаме луѓето да го знаат изворот на информациите кои ги споделуваме со нив (1. Кор. 2:4—7).

4 За да научат за Јехова и да покажат вера во него, луѓето мораат првин да ја чујат вистината од Библијата. Павле логично напишал: „Како, пак, ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник?“ (Рим. 10:14). Проповедајќи ја Божјата Реч, ние им помагаме на другите да стекнат вера преку точното спознание. Таквото спознание може, а и навистина ги менува животите на подобро. Во врска со Библијата, англискиот писател Чарлс Дикенс напишал: „Таа е најдобрата книга што некогаш постоела или ќе постои на светот, затоа што таа те учи за најдобрите лекции преку кои може да биде водено секое човечко суштество кое се обидува да биде вистинито и верно“.

5 Оние кои гладуваат за духовната вистина признаваат дека таа е поддржувана од авторитетот на Божјата Реч. Во 1913, на Фредерик В. Франц, како млад студент на колеџ, му била дадена една џебна брошура со наслов Каде се мртвите? Откако со голем интерес го прочитал библискиот одговор на ова прашање, тој објавил: „Ова е вистината“. Милиони трагачи по вистината почнале да мислат на истиот начин. Да продолжиме трудољубиво и ревносно да ја проповедаме Речта и на тој начин да имаме удел во радоста кога ќе слушаме како другите велат: „Ова е вистината“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели