Состаноци за служба за јануари
Седмица што почнува од 6 јануари
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за септемврискиот извештај од службата на подрачјето за земјата и за локалното собрание.
20 мин: Време да се обнови Медицинското упатство до лекарите/Ослободување од одговорност. Способен старешина дискутира за тоа колку е важно целосно да се потполни картичката и секогаш да се носи. Овој документ зборува наместо тебе ако не си во состојба да зборуваш во итен случај. (Спореди Изреки 22:3.) Секоја година треба да се потполнува нова картичка за да даде моментална изјава дека одбиваш крв, затоа што некои лекари и други тврделе дека документи постари од една година можеби не го одразуваат моменталното убедување на некое лице. После состанокот, на сите крстени објавители ќе им биде дадено Медицинско упатство до лекарите/Ослободување од одговорност, а оние кои имаат некрстени мали деца ќе добијат Легитимација за секое дете. Објасни дека овие картички не треба да се потполнуваат истата вечер. Тие треба да бидат внимателно потполнети дома, но да НЕ се потпишуваат. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум ќе се направи после наредната Собраниска студија на книга, под надзор на водителот на студија на книга. Тој ќе провери дали сите кои се доделени во неговата група добиле картичка и дали им треба помош. Оние кои се потпишуваат како сведоци треба навистина да видат како сопственикот на картичката го потпишува документот. На секој кој тогаш ќе биде отсутен, водителите/старешини ќе му помогнат на следниот Состанок за служба, сѐ додека сите крстени објавители исправно не ги потполнат своите картички и се потпишат. (Разгледај го писмото од 15 октомври 1991.) Приспособувајќи го јазикот од оваа картичка на своите околности и убедувања, некрстените објавители, можат да напишат сопствено упатство за да го користат за себе и за своите деца. Укажи на Рубрика прашања од Наша служба за Царството од декември 1995. Објасни дека формуларот за ополномоштување (полномоштво) за здравствена грижа што го дава Заедницата е законски документ кој е признат од медицинскиот и правниот персонал и дека кога е правилно потполнет, тој дава дополнително законско уверување дека нечии желби во врска со крвта, друга здравствена грижа и за одлуки во врска со крајот на животот ќе бидат почитувани. Крстените објавители можат да добијат примерок од овој документ од секретарот. (За разлика од Медицинското упатство до лекарите/Ослободување од одговорност кое се обновува годишно, формуларот за ополномоштување за здравствената грижа [полномоштвото] треба да се замени само во случај ако ти одлучиш да направиш промена во него.) Ако покажуваме увид во грижата за овие битни поединости, ќе заслужиме добро од Јехова (Изр. 16:20).
15 мин: „Оспособени и опремени за да ги поучуваме другите“ (пасуси 1—6). Дај кратки коментари за 1. и 2. пасус, нагласувајќи ја потребата да имаме доверба дека со Јеховина помош можеме делотворно да ги поучуваме другите. Два пара објавител—домаќин нека ги прикажат презентациите од 3—6. пасус, и секој пар нека покаже како да се направи прва посета и повторна посета. Потсети ги објавителите дека кога оставаме литература, прикладно е да спомнеме дека радо прифаќаме донации за нашето светско дело.
Песна 92 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 13 јануари
15 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Истакни некои точки за разговор од текуштите списанија. Дај предлози како да се претставиме кога им пристапуваме на луѓето за да им сведочиме неформално. Покани ги присутните да раскажат кои уводни зборови ги користеле кога разговарале со другите во продавници, на улица, во парк, во јавниот превоз итн.
15 мин: „Оспособени и опремени за да ги поучуваме другите“ (пасуси 7—9). Раскажи го искуството во врска со правење повторни посети, кое се наоѓа во Годишникот за 1995 (англ.) на стр. 45, нагласувајќи притоа колку е важно да се проследи секој интерес што ќе се најде. Искусен објавител нека ги прикаже презентациите од 7. и 8. пасус. Иако на почетокот нудиме други публикации, треба да ги сосредоточиме нашите напори за евентуално водење студии со книгата Спознание. Охрабри ги сите да планираат извесно време во текот на следната седмица да прават повторни посети.
15 мин: Локални потреби, или: „Секогаш фрлај го своето бреме на Јехова“. Охрабрувачки говор кој се темели на изданието на Стражарска кула од 1.4.96, стр. 27—29.
Песна 4 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 20 јануари
10 мин: Локални известувања.
15 мин: „Сите видови луѓе ќе бидат спасени“. Прашања и одговори. Покани ги присутните кратко да раскажат некои искуства кои покажуваат како добиле поволен одѕив од луѓе кои доаѓаат од различни сталежи.
20 мин: „Сведочење преку добро однесување“. Еден старешина води дискусија со двајца или тројца млади. Дискусијата се темели на изданието на Стражарска кула од 1 декември 1987, страници 15—25. Вклучи некои објавени како и локални искуства кои покажуваат како набљудувачите биле поволно импресионирани од чесното однесување на христијанските млади.
Песна 175 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 27 јануари
5 мин: Локални известувања.
10 мин: Секретарот ја разгледува Рубриката прашања.
15 мин: „Ние го ‚проповедаме словото‘“. Прашања и одговори. Вклучи некои коментари кои покажуваат зошто длабоко ја цениме вредноста на Божјата Реч. (Види Разбудете се! од 22 март 1984, стр. 9—11 [англ.].)
15 мин: Преглед на понудата на литература за февруари. Истакни некои интересни обележја на книгата, како што се: 1) впечатливи наслови на поглавја, 2) разнобојни илустрации, 3) поучни рамки и табели и 4) печатените прашања кои поттикнуваат на размислување. Во склад со претходниот дел од состанокот, охрабри во презентацијата да се употреби добро избран стих. Да се прикажат една или две кратки презентации со објавител кој памти да му ја спомне на станарот подготовката за донации. Потсети ги сите да подигнат книги за да ги користат оваа седмица.
Песна 26 и заклучна молитва.