Потребни сме сите ние за да се изврши делото
1 Секој ученик на Исус Христос треба да сфати дека неговите настојувања да го поддржува и да учествува во делото на проповедање на Царството се многу важни. Исус увидел дека неговите ученици ќе донесуваат плодови на Царството во различни количини (Мат. 13:23). Иако добар дел од проповедничката активност ја извршуваат голем број пионери кои напорно работат, сите оние кои ревносно продолжуваат да го величаат Бог донесувајќи колку што е можно поголем плод, треба да бидат пофалени (Јован 15:8).
2 Со заеднички напори се постигнува многу: Исус претскажал дека здружените напори на сите негови ученици ќе дадат дела поголеми од неговите (Јован 14:12). Без оглед на тоа дали нашите лични околности го ограничуваат она што можеме да го направиме или, пак, ни допуштаат да посветиме многу време во проповедањето на Царството, потребни сме сите ние за да се изврши делото. Точно рекол Павле: „Од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поред силите негови, нараснува за да се изградува во љубов“ (Ефеш. 4:16).
3 Некои можеби сметаат дека нивните напори не вредат многу. Меѓутоа, во Јеховини очи важна работа е нашата служба да биде со сета душа. Сѐ што правиме за него е вредно и ценето. (Спореди Лука 21:1—4.)
4 Продолжи да го поддржуваш делото: Сите ние ја имаме предноста материјално да придонесуваме за делото ширум светот. Некои можат да помогнат и со физичка работа која е вклучена во поддржувањето на делото на Царството. Секој може да се потруди да дава добро подготвени коментари на состаноците и да учествува во Теократската школа за служба. Искористувајќи ги приликите да ги охрабриме другите, даваме вреден придонес кон духовноста на собранието и тоа ја зголемува неговата способност да го изврши делото што му е доверено.
5 Да, потребни сме сите ние за да го извршиме делото. Никој не треба да се чувствува изоставен. Нашите здружени напори, и големи и мали, во службата за Јехова нѐ издвојуваат како единствени вистински обожаватели на Бог (Мал. 3:18). Секој од нас може да има смисловен удел во оддавањето чест на Јехова и во помагањето на другите да го запознаат и да му служат.