ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/98 стр. 2
  • Состаноци за служба за јуни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јуни
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 1 јуни
  • Седмица што почнува од 8 јуни
  • Седмица што почнува од 15 јуни
  • Седмица што почнува од 22 јуни
  • Седмица што почнува од 29 јуни
Нашата служба за Царството 1998
km 6/98 стр. 2

Состаноци за служба за јуни

Седмица што почнува од 1 јуни

Песна 113

8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Теократски вести.

15 мин: „Целосно опремени за секое добро дело“. Прашања и одговори. Дај кратки коментари од Стражарска кула од 15 февруари 1989, страници 22—24 (англ.).

22 мин: „Да им сведочиме на ‚сите видови луѓе‘“. Еден старешина објаснува дека, иако понудата за јуни се состои од избрани книги од 192 страници, секогаш кога е погодно на извесни луѓе да им се понуди книгата Најголемиот човек или Čovječanstvo u potrazi za Bogom, можеме да го сториме тоа. Еден старешина и група искусни објавители дискутираат за предложените презентации. Кратко разгледај кои религии се сретнуваат локално и објасни зошто треба да имаме нешто на ум за да започнеме разговор во секоја прилика. Нека има една или две кратки демонстрации.

Песна 112 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 8 јуни

Песна 209

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

15 мин: „Грижа за поседите на Господарот“. Говор на еден старешина, кој ги обработува информациите од додатокот.

20 мин: „Потребни сме сите ние за да се изврши делото“. Прашања и одговори. Објасни зошто старешините зависат од многуте спремни доброволци за да ги извршат потребните работи. Разгледај ги локалните потреби, како што е чистењето и одржувањето на Салата на Царството, помагањето на болните и на постарите, како и обработувањето на подрачјето. Повикај ги старешините да коментираат за тоа колку тие ја ценат спремната помош што ја даваат многу објавители. Нагласи колку е потребен напорот на секого.

Песна 174 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 јуни

Песна 10

10 мин: Локални известувања.

20 мин: „Силно напрегнувајте се“. Говор темелен на Стражарска кула од 1 јуни 1986, страници 20—23. Дискутирај за важноста на општата пионерска служба, охрабрувајќи на пријавување од 1 септември.

15 мин: „Да сведочиме со добро однесување“. Прашања и одговори. Интервјуирај некои примерни млади луѓе. Тие кажуваат како врз другите позитивно влијаело нивното христијанско однесување. Раскажи едно или две искуства од Стражарска кула од 1 јануари 1995, страници 24, 25.

Песна 3 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 јуни

Песна 166

10 мин: Локални известувања. Кажи кога бил завршен прегледот на собраниските сметки.

15 мин: Како да се започне обиколка со списанија. Нагласи што е потребно: да се забележат сите места каде што е оставена литература, да се наврати после две седмици, да се изнесат свежи мисли од тековните списанија за да се одржува интересот жив. Предложи да се вклучат соседи, колеги, продавачи, службеници на бензиски пумпи итн. Повикај еден или двајца објавители да раскажат некое добро искуство за обиколките со списанија.

20 мин: Пионерите им помагаат на другите. Говор на надгледникот за служба, кој ја разгледува подготовката пионерите лично да им помагаат на другите. Објасни како во минатото биле започнати програми за помош (jv-E 100). На оние повеќе од еден милион нови кои се крстија минатите три години, потребна им е обука. Програмата „Пионерите им помагаат на другите“ го користи искуството и обуката на општите и специјалните пионери кои ја посетиле Школата за пионерска служба. Целта е секој пионер да им помогне на двајца објавители годишно да станат повешти во службата и да посегнат по поголем удел. Нема причина оние на кои им се помага да бидат уплашени; нагласокот е ставен врз тоа да се даде љубезно охрабрување полно со љубов. Оваа нова програма дава потенцијал стотици илјади да станат поделотворни министри.

Песна 207 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 јуни

Песна 114

10 мин: Известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот од теренот за јуни. Дискутирај за понудата на литература за јули.

15 мин: Локални потреби или „Дали сум забавил?“ Говор на старешина на темел на Стражарска кула од 1 април 1988, страници 18 и 19, пасуси 14—16. Охрабри ги оние кои се активни неколку години да размислуваат за квалитетот и за квантитетот на нивната света служба.

20 мин: Сите ние можеме да сведочиме неформално. Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 февруари 1988, страници 28—32. Покажи како можат оние чие време е зафатено со световни, семејни или лични одговорности да најдат многу прилики секој ден да ја споделуваат добрата вест со другите. Вклучи некои локални искуства.

Песна 81 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели